Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Заради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Исламската Република Авганистан, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија препорачува на сите граѓани на Република Северна Македонија да не патуваат во Авганистан, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време. Министерството за надворешни работи ги повикува сите државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат на територијата на Исламската Република Авганистан, во случај на итна потреба и барање помош, да се обратат на следниот телефонски број +389 75 273 732.
Добри меѓуетнички односи, социјална кохезија, недискриминација и толеранција, нивно имплементирање и континуирано практикување се основните постулати на Охридскиот рамковен договор кој денес одбележува јубилејни 20 години од неговото потпишување Сите луѓе во оваа земја заслужуваат да живеат достоинствено, да имаат еднакви права и слободи. Токму затоа е важен Охридскиот договор, бидејќи тој донесе нови можности за сите заедници, за сите луѓе еднакво да се вклучат во развојот на нашата земја. На него треба да гледаме како документ кој претставува основа за остварување на граѓанските права на сите граѓани, независно од нивната националност, и токму затоа сметам дека и понатаму треба…
Во поплавите што ги погодија турските градови долж брегот на Црното Море загинаа најмалку 27 лица, соопшти денеска Службата за вонредни ситуации, за втората голема природна катастрофа во Турција овој месец Поплавите предизвикаа хаос во северните провинции, додека на југот на земјата властите две недели се бореа со огнот, но Службата за вонредни состојби сооошти дека ситуацијата сега е под контрола, пренесоа британските медиуми. Во провинцијата Кастамону, 25 лица загинаа поради поплавите, а уште две лица загинаа во провинцијата Синоп, а продолжува потрагата по исчезнатите во провинцијата Бартин. Повеќе од 1.700 луѓе се евакуирани од погодените области, а некои од…
Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна. За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома, напиша премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил. Според Заев, исклучително е важно да се адресираат и други…
Секцијата на млади при Сојузот на синдикати на Македонија се приклучува кон одбележувањето на Меѓународниот ден на младите и го поддржува барањето за нов социјален договор базиран на петте клучни принципи: работнички права, сигурни работни места, социјална заштита, заштита од дискриминација и инклузија во општеството Од Секцијата на млади при ССМ посочуваат дека од почетокот на кризата предизвикана од коронавирусот, речиси 30 проценти од луѓето кои останале без работа се млади лица под 29 години што значи дека секој четврти човек кој останал без работа е млад човек. – Според нашите податоци, најголем број на млади лица кои го загубиле своето…
Единаесеттото издание на традиционалниот музички фестивал „Д Фест„ кое годинава ќе трае само два дена, ќе се одржи утре и во сабота на главната бина во Дојран, потврдија организаторите – Безбедноста и здравјето на сите посетители и ангажирани лица е наш најголем приоритет на манифестацијата која и годинава ќе се одржи во согласност со мерките за заштита од пандемијата и со целосно придржување кон безбедносниот протокол кој моментно дозволува присуство на најмногу 50 отсто од расположливиот капацитет, велат организаторите. Според програмата, утре на првата вечер од фестивалот ќе настапат електронското дуо „Горгон сити“ и бендовите „Дубиоза колектив“, „Репетитор“ и „Фолтин“,…
Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември” распишува конкурс за 2021 година. Со наградата им се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во државава Како што соопшти Министерството за култура, државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани. Според условите утврдени во конкурсот, може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и иинституции од странство. На наградениот поединец му се доделува диплома…
Фејсбук соопшти дека се отстранети стотици профили поврзани со мистериозна рекламна агенција што се обидува да им плати на инфлуенсери на социјалните мрежи за да ги оцрнат вакцините против Ковид-19 на Фајзер и на Астра Зенека Група од 56 профили на Фејсбук и 243 на Инстаграм беа пронајдени во рекламната и маркетинг агенција Фазе, која работи од Русија за непознат клиент. Групата користеше лажни налози за да шири погрешни наводи кои ја оспоруваат безбедноста на тие вакцини. Профилите беа насочени кон Индија, Јужна Америка и, во помал степен – во САД, користејќи неколку социјални платформи, како Фејсбук и Инстаграм. Русија…
Во последните 24 часа се направени 5.780 тестирање, а регистрирани се 588 нови случаи на ковид-19 од кои во Скопје – 230, во Тетово – 101, во Гостивар – 82, во Кичево – 48, во Дебар – 17, во Охрид и во Струмица по 16, во Куманово – 15, во Струга – 11, во Битола – осум, во Кавадарци и во Свети Николе по шест, во Радовиш и во Берово по пет, во Велес и во Валандово по четири, во Штип и во Виница по три, во Ресен и во Македонски Брод по два, во Прилеп, во Кочани, во Демир…
Инспекторите од Одделот за прекуграничен криминал и миграции Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север вчера ги приведоа A.Б.(45), државјанин на Косово и Н.С.(49), државјанка на Романија, како и две косовски државјанки, а денеска до ОЈО за организиран криминал и корупција против А.Б. и Н.С. е поднесена кривична пријава, поради основано сомнение дека извршиле кривично дело „Криумчарење на мигранти“ Како што соопштија од МВР, вчера во 17 часот на излез од државата на граничен премин „Меѓународен аеродром Скопје “ се пријавиле С.В.(42) со српска патна исправа и Л.Б.(18) со косовска патна исправа, за кои било констатирано дека не се…
Рамковниот договор е најуспешниот меѓународно посредуван договор на просторите на поранешна Југославија, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање -Ако ги споредиме сите мировни договори во регионот во последните 20, 30 години, единствениот договор кој се исполни во целост, во својот легислативен дел, односно во нормативниот дел, во делот на законите кои произлегуваат од самиот договор. Овој договор е јасно најуспешен и тоа се покажува во секојдневниот живот. Преку трансформација на оваа држава од држава во која рамката беше поставена за да прифати една етничка заедница во оваа функционална мултиетничка демократија во која…
На дваесетина дена пред новата учебна година, Министерството за образование и наука соопшти дека таа ќе почне во редовниот термин, 1 септември, и дека се интензивни подготовките за стартот во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата, но и заштита на јавното здравје МОН информира дека досега од вкупно 31 447 лица вработени во училиштата, вакцинирани се околу 60 проценти и апелира наставниот и останатиот кадар во училиштата да се вакцинира со цел да го заштитат сопственото, а со тоа и здравјето на најблиските. Како што и претходно информираше, има три сценарија за…