Author: Ivana

Граѓаните со право на глас кои сакаат да се изјаснат на локалните избори закажани за 17 октомври, своите податоци во Избирачкиот список ќе можат да гиг проверат уште сега преку веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК) – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/ Официјално, јавниот увид на Избирачкиот список за изборите ќе започне на 21 август и ќе трае до 9 септември. Тогаш ДИК на увид ќе ја стави новата состојба на податоци на Избирачкиот список, што ќе се користи на денот на изборите. Во овој рок граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните…

Read More

Министерот за економија Крешник Бектеши и директорката на Државен пазарен инспекторат Анета Симеска Димоска, на денешната средба разговарале за спроведувањето на одлуката за превентивните препораки, времените мерки, наменските протоколи, плановите и алгоритмите за постапување за заштита од Ковид-19 Како што информира министерот преку неговиот фејсбук профил, од понеделник ќе следат засилени контроли. -Затоа вакцинирајте се, за да го чуваме здравјето, напиша Бектеши. Со последните мерки за заштита и превенција од Ковид-19 кои Владата ги донесе се забранува секаков тип на настани и работа на угостителски објекти на затворено од 16 август и задолжителна потврда за вакцинација, најмалку со прва доза,…

Read More

Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 10.08.2021 до 07.00 часот денеска во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Република Северна Македонија, од страна на МВР се ангажирани околу 650 полициски службеници Од МВР денеска соопштија дека меѓу нив се и припадници на сите специјални единици на полицијата, а реализирани се 221 мото-патроли и користени 163 возила. МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не…

Read More

Министерството за образование и наука потсетува дека во тек е јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк, што подразбира  добивање на месечен паричен надоместок од 2400 денари за 9 месеци во годината Рокот за пријавување за тековните студенти е од 1 до 31 август 2021 година. За кандидатите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2021/2022 година и кои не го запишале летниот семестар, рокот за пријавување е од 1 до 31 октомври 2021 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/,  а на повикот можат да се пријават сите редовни студенти на додипломски студии на…

Read More

Кое од трите сценарија ќе се применува, велат дека ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести Синдикатот за образование сеуште чека на одговор од Министерството за средба на која би се утврдиле модалитетите и начинот како ќе се спроведува наставата во новата учебна година. – Освен информацијата за можните три сценарија, за кои се информиравме од медиумите, досега немаме конкретни насоки во кој правец ќе се одвива учебната година.Побаравме работна средба со членовите од ресорното министерство , но до сега таа не е остварена, вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков…

Read More

Во последните 24 часа се направени 5.809 тестирање, а регистрирани се 518 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 179, Тетово – 96, Гостивар – 65, Куманово – 35, Кичево – 29, Струга – 20, Битола – 14, Охрид и Струмица – по 11, Дебар – 10, Кавадарци – 7, Велес – 6, Кочани – 5, Прилеп и Берово –  по 4, Штип, Виница и Македонски Брод – по 3, Гевгелија, Ресен, Радовиш, Делчево и Пехчево – по 2, Крива Паланка, Пробиштип и Демир Капија – по 1. Регистрирани сe 31 оздравени пациенти од: Скопје – 13, Куманово – 6, Гостивар…

Read More

УНЕСКО бара до 1 февруари наредната година да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките од реактивните мисии за Охридскиот регион Македонија и Албанија како држави што управуваат со Охридскиот регион како светско културно-историско и природно богатство ќе мора до 1 февруари наредната година до УНЕСКО да достават извештај со реализиран напредок во спроведувањето на активностите посочени во препораките за заштита на Охридскиот регион. Во ревидираните одлуки што ги донесе Комитетот за Светско наследство при Организацијата на ОН за образование, наука и култура на продолжената 44-та пленарна сесија одржана во Кина стои дека Експертскитe тела на ИУЦН (за природно наследство)…

Read More

Шпанскиот фудбалски прволигаш Барселона нема да може да го повлече од оптек број 10 кој досега го носеше Лионел Меси, објави „Сан“. Се претпоставуваше дека каталонскиот клуб ќе го исклучи овој број од употреба во знак на почит кон напаѓачот Лионел Меси. Сепак, клубот нема да може да го стори тоа поради правилата во Ла лига, кои ги обврзуваат тимовите да доделат бројки од 1 до 25 на нивниот список од 25 играчи. На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Меси. Фудбалерот го напушти клубот поради финансиски проблеми.

Read More

Само за гаснење на пожарот во Будинарци се ангажирани повеќе од 500 лица, информира на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов – На лице место кај овој пожар имаме 130 пожарникари од Австрија со 52 возила, 45 лица од Словенија со четири противпожарни возила и 25 лица од Бугарија со пет возила. Покрај ова имаме повеќе од стотина локални пожарникари. Имаме повеќе од 130 припадници на полицијата. Припадници на армијата, припадници на „Национални шуми“, коишто исто така имаат противпожарна служба, нагласи Ангелов. Тој потенцираше дека припадниците на „Национални шуми“ се обучени за гаснење пожари и…

Read More

Министерството за надворешни работи соопшти дека грчкиот остров Евиа каде беснеат пожари во неделата безбедно го напуштиле 38-мина од 39-те туристи наши државјани, а еден останал и е сместен во безбедниот јужен дел од островот. – Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина стапи во контакт со неколку тур-оператори од Република Северна Македонија кои оперираат на територијата на Република Грција и истите имале аранжмани за островот Евиа. Според информациите, во недела, на 8-ми август, на островот се наоѓаат 39 туристи од Северна Македонија. 38 од нив безбедно го имаат напуштено островот, се упатиле кон други одморалишта или им заврши аранжманот…

Read More

Министерството за образование и наука со согласност од Владата, по цела деценија повторно ја отвори можноста за факултетите и научните установи во државата да аплицираат за средства од државниот Буџет со кои ќе ги унапредат своите научно–истражувачки капацитети преку модернизација на условите во лабораториите. Вкупно 17,3 милиони денари за оваа намена ќе бидат распределени преку јавниот повик кој е во тек и може да се погледне на следниот линк.  -На повикот, со свои предлог-проекти за развој на лабораториските ресурси можат да се пријават државните универзитети – факултети/научни институти и јавни научни установи – националните научни институти, како самостојни ентитети кои вршат…

Read More

Заклучно со вчера, вакцина примиле вкупно 543 597 граѓани, ревакцинирани се 439 048, односно аплицирани се 982.645 дози. Вчера се вакцинирале 17 679 граѓани, а прва доза примиле 803. Значително зголемен интерес за вакцинација од граѓаните имало вчера, соопшти Министерството за здравство и посочува дека вакцинирањето се одвива непречено на сите пунктови низ државата и на терен во помалите места и руралните средини. Заклучно со вчера, вакцина примиле вкупно 543 597 граѓани, ревакцинирани се 439 048, односно аплицирани се 982.645 дози. Вчера се вакцинирале 17 679 граѓани, а прва доза примиле 8030. Министерството информира дека според последните бројки, барем една…

Read More