Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Ковид пандемијата не остави некоја посебна промена во однос на борбата против трговијата со луѓе односно и натаму остануваат присилните бракови и сексуалната експлатација, при тоа можеби малку повеќе се зголеми влијанието на интернетот како начин на врбување на децата, вели за МИА, Љупчо Маркудов, началник на Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и помошник раководител на Националната единица за сузбивање криумчарење на мигранти и трговија со луѓе. Овој тренд не карактеристичен само за изминатата, туку и за последните неколку години. За жал, потенцира тој, сите идентификувани, не потенцијални, туку идентификувани, жртви на трговија со луѓе во најголем…
Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ објави дека нема да игра на Мастерсот во Синсинати следната недела. Србинот таму требаше да ја брани титулата. – Ми треба малку повеќе време за да закрепнам и да се одморам од тешко патување од Австралија до Токио. Сега ќе се фокусирам на УС Опен и ќе поминам малку повеќе време со моето семејство, соопшти Ѓоковиќ. Оваа година, Србинот победи на првите три Грен слем турнири. Во Њујорк, тој може да стане првиот тенисер од 1969 година што формирал календарски Грен слем.
Најголемиот дел од авсртиските пожарникари, поради ангажманот во Северна Македонија, морале да користат денови од годишниот одмор, поради тоа што отсуствуваат од своите редовни работни места во татковината. На нивната Фејсбук страница, Австријците редовно информираат за ангажманот во С. Македонија. Иако во неделата претпладне состојбата се смирила, веќе попладнето поради високите температури и силниот ветер, дошло до ново влошување. Пожарникарите морале во повеќе наврати да се повлекуваат од безбедносни причини. Сепак, успеале да го спречат ширењето на огнената стихија кон две села и повеќе објекти. Тие објаснуваат дека локалната вегетација и временските услови носат брзи пожари и како резултат од нив…
Во земјава до синоќа беа активни осум шумски пожари, а останатите се делумно локализирани. Главниот штаб за управување со кризи при Центарот за управување со кризи преку системот НИКС, кој ги дигитализира сите податоци од терен, од вчера раководи со справувањето со шумските пожари. – Преку овој систем имаме просторно прикажување на ситуацијата на терен односно, членовите на Главниот штаб на едно место на екран ги гледаат сите податоци, гледаат на кои места имаме активен пожар, гледаат каков е неговиот интензитет, гледаат каде има изгаснат пожар, за којшто постои можност повторно да се реактивира. Сите податоци од терен ги имаме…
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени. Утре во попладневните часови ќе има…
На Граничниот премин Табановце утрово се бележи зголемена фреквенција. Времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути, а за влез околу 45 минути. АМСМ информира дека на останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Во врска со најавениот протест на Коалицијата „Менуваме“ информираме дека Министерството за труд и социјална политика интензивно работи на унапредување на инклузијата на лицата со попреченост во нашата држава. Потврда за тоа е и постојаното проширување на мрежата на дневни центри за децата со попреченост. Неодамна МТСП го отвори дневниот центар за лицата со попреченост во Липково, а во тек е и изградба на центри за деца со попреченост и во општините Делчево, Чашка, Боговиње и во Скопје. МТСП веќе информираше дека минатата недела склучи и два нови договори за соработка со општините Карпош и Тетово, со поддршка на Светска…
Преспа има една од најуспешните туристички сезони во последните пет-шест години, но потребни се повеќе сместувачки капацитети, оцени градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски. Плажите се полни, а максимално се исполнети и сместувачките капацитети, кои и онака се во мал број. – Сооглед на тоа што минатата година голем број од иселениците не беа вратени, годинава поголем дел се во родниот крај. Преспа го доживува својот максимум. Плажите Претор, Сливница, Долно Дупени, Стење, Крани… се полни. Сместувачките капацитети се максимално се исполнети до крајот на август, а не изостануваат и дневните туристи од Битола и Прилеп, изјави Гошаревски. За големата…
Трошоците на живот во јули во однос на јуни се зголемени за 0,5 проценти, а цените на мало за 2,3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Во споредба со јули лани, трошоците на живот се зголемени за 3,4 проценти, а цените на мало за 5,4 проценти. Пораст во однос на јуни е забележан кај цигарите за 0,9 проценти, млекото за 0,8 проценти, лебот и житата за 0,4 проценти и пивото за 0,3 проценти. Зголемување има и кај воздухопловниот патнички транспорт за 49,9 проценти, гасот за домаќинствата за 8,4 проценти, горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 5 проценти,…
Од 4.000 ваучери за туризам, досега се издадени 2.500, а останатите треба да бидат поделени до крајот на неделава, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. -Јас имав комуникација со одредени институции за да може да ги издадеме сите ваучери во текот на неделава. Имајќи предвид дека 2.500 ваучери веќе беа издадени пред да бидат распишани локалните избори, постапката ќе продолжи. Исплата од Министерството за економија до хотелските капацитети не се прави веднаш, но тоа е предвидено во буџетот и ќе се направи во моментот кога ваучерите ќе бидат користени. До крајот на неделава ќе ги издадеме сите ваучери, а…
Северна Македонија и понатаму е во зелената категорија земји на Министерството за здравство на Кипар и условите за патување на островот се непроменети, односно не постојат никакви ограничувања, не е потребен ниту негативен тест, ниту карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Како и досега, земјите се поделени во три зони во зависност од епидемиолошката слика – зелена, портокалова и црвена и за секоја од нив важат посебни правила, а во новата категоризација што стапува во сила во четврток на 12 август, промени има за шест земји. Поконкретно, согласно „Процената на епидемиолошкиот ризик на земјите во врска со Ковид-19“ објавена…
Синдикатот за образование сеуште чека на одговор од Министерството за средба на која би се утврдиле модалитетите и начинот како ќе се спроведува наставата во новата учебна година. – Освен информацијата за можните три сценарија, за кои се информиравме од медиумите, досега немаме конкретни насоки во кој правец ќе се одвива учебната година.Побаравме работна средба со членовите од ресорното министерство , но до сега таа не е остварена, вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков за НоваТВ. Според Неделков , крајно е време министерството да ја соопшти дефинитивната одлука а, што се однесува до процесот на имунизација на просветните работници,…