Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Професорите и МОН под „притисок“ на неизвесноста со пандемијата и почетокот на учебната година

0
By Ivana on August 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, August 9, 2021 14:53

Синдикатот за образование сеуште чека на одговор од Министерството за средба на која би се утврдиле модалитетите и начинот како ќе се спроведува наставата во новата учебна година.

– Освен информацијата за можните три сценарија, за кои се информиравме од медиумите, досега немаме конкретни насоки во кој правец ќе се одвива учебната година.Побаравме работна средба со членовите од ресорното министерство , но до сега таа не е остварена, вели првиот човек на СОНК, Јаким Неделков за НоваТВ.

Според Неделков , крајно е време министерството да ја соопшти дефинитивната одлука а, што се однесува до процесот на имунизација на просветните работници, тој е уверен дека поголемиот дел од нив веќе се вакцинирале.

Дека што побрзо треба да се соопштат дефинитивните планови за стартот не само на новата школска, туку и за почетокот на новата академска година, за НоваТВ, реагираше и професорката на Правен факултет при Државниот универзитет „ Св. Кирил и Методиј“ Ана Павлова Данева. Во писмениот став до НоваТВ професорката Данева, наведува:

– Колку што претходната влада на Груевски се обудуваше со својата регулатива да навлезе во секоја пора на образованието и науката,за што беше казнета од студентите, толку актуелната власт има игнорантски однос кон проблемите на образованието и науката. Имено, од моментот на појавување на трендот на повторен раст на бројот на заболени, што е последица на владината одлука на непримена на никакви мерки, па се до денес, две и пол недели пред почеток на учебната година во основното и средното ибразование и почеток на ударната испитна сесија за студентите, ниту еден носител на јавна функција, ни збор не проговорува за режимот на учење и студирање кој претстои за неколку дена, вели Павлова Данева.

Таа за НоваТВ, ги сподели дилемите околу кои имало најголем фокус од академската заедница за организирање на наставата во услови на пандемија како што се: – 1. Онлајн или физички; 2. Максимален број на лица во затворена просторија; 3. Задолжителни маски? 4. Задолжителни вакцини или PCR? 5. На чиј трошок тестирање и на колкав временски интервал? 6. Воедначување на системот и начинот на држење онлајн настава на ниво на основно /средно образование како задолжителни? 7. Обука за онлајн настава? 8. Да се изнајмуваат станови за студии? 9. Студентските домови кои мерки ќе ги применуваат доколку бидат отворени? 10. Обезбедување услови за комбинирана настава во секое училиште, гимназија, факултет?

– По однос на високото образование, односно академската година, информираме дека високообразовните установи се автономни и надлежни за организација на работата, но секако и тие при носењето на одлуките за начинот на настава, се водат согласно препораките на Комисијата за заштита од заразни болести, велат од Министерството за образование и наука.

Оттаму за НоваТВ, информираат дека интензивно се подготвуваат за стартот на новата учебна година, во услови на пандемија преку пристап со кој ќе се обезбеди непречено одвивање на наставата но и заштита на јавното здравје. За таа цел, како што велат, системот за образование е подготвен за три сценарија за новата учебна година.

– Првото за кое воедно и се залагаме, затоа што е од најдобар интерес на учениците и нема подобра алтернатива е целосно отворање на училиштата и сите ученици да бидат во клупите, согласно сите усвоени протоколи. Второто сценарио предвидува наставата да биде како и во 2020/2021 која што се покажа како успешна и ефективна – дел од учениците да посетуваат настава со физичко присуство, а дел да реализираат онлајн-настава и третото сценарио предвидува ротирање на учениците на една недела со физичко присуство во училиштата, за да нема нивно целосно затворање, додаваат од министерството.

Кое од трите сценарија ќе се применува, велат дека ќе зависи од епидемиолошката состојба за што одлука ќе донесе Комисијата за заштита од заразни болести. За оваа намена, МОН во соработка со Комисијата за заштита од заразни болести ги изработија Планот за одржување на наставата во учебната 2021-2022 година и протоколите за постапување на основните и средните училишта и истите пред повеќе од 1 месец беа усвоени од страна на Владата и веднаш доставени до сите училишта, а воедно и јавно објавени на www.mon.gov.mk.

Во меѓувреме, МОН заедно со локалните самоуправи и директорите на училиштата е во интензивна комуникација и се подготвува за сите три сценарија и за успешен почеток на новата учебна година на 1 септември, дополнуваат од министерството за НоваТВ.

Ивана Рамаданова

мерки мон пандемија подготовки Синдикат учебна година
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
shortcut
ФОКУС
June 22, 2026

Британскиот премиер поднесе оставка и ја зачини со емотивен говор

ВЕСТИ June 22, 2026

Британскиот премиер Кир Стармер поднесе оставка. Тој даде изјава во која рече дека влегувањето на…

Прва рунда преговори меѓу САД и Иран – напнато

June 22, 2026

Трамп до Иран: Ако го затворите Ормундскииот премин нема да имате држава

June 21, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

June 20, 2026
ТИКЕР

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.