Author: Ivana

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија е подготвена да ги испрати своите хеликоптери за гасење пожари доколку Скопје процени дека тоа е потребно, што и се предвидува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, како и тоа дека не го интересира што поединци на Запад мислат за таа иницијатива, ако таа е добра за Србија, Северна Македонија и Албанија, и за благосостојбата на нашите граѓани, јави дописникот на МИА од Белград. – Доколку има потреба да му се помогне на Скопје во гасењето на пожарите, ние веќе донесовме одлука и се согласивме нашите хеликоптери за гасење на пожари, бидејќи можат…

Read More

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за казнен налог за 37-годишен скопјанец кој се товари дека фалсификувал медицинска потврда за негативен тест за коронавирус. Предлогот на јавниот обвинител од Основниот кривичен суд Скопје е на обвинетиот да му се определи парична казна од 100 дневни глоби со поединечна висина на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност. Скопјанецот на 25 јули на Меѓународниот аеродром Скопје ја употребил фалсификуваната медицинска потврда за негативен тест на SARS-CoV-2 вирусот. 

Read More

Во следните два дена (4 и 5 август), целата територија на државата ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза, соопшти Министерството за здравство согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи. Согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението, потребно е да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето, кои опфаќаат: ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, вклучувајќи ги бремените жени и лицата на возраст над 60 години, во установите за згрижување на децата (градинки) да не се практикуваат физички активности и да не се изнесуваат децата на отворено…

Read More

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во Белград, заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и пратеникот и лидер на ДПСМ Иван Стоилковиќ оствари средба со Претседателот на Република Србија и лидер на СНС Александар Вучиќ. На средбата се разговараше за продлабочена соработка на двете сестрински партии во рамките на Европската народна партија, европските перспективи и регионалната соработка. Мицкоски посочи дека потребно е регионот конечно да направи сериозен чекор во однос на борбата и потрагата за подобар живот и посреќни граѓани. Иднината на регионот не е во градење на ѕидови, туку мостови кои ќе донесат подобар и побогат живот за…

Read More

Со новата учебна година, печатените дневници заминуваат во историјата. Имено, според информациите на Бирото за развој на образованието (БРО) печатени дневници повеќе нема да ги има и во основно и во средно образование, туку сите податоци ќе се запишуваат во електронскиот дневник. – Наставниците нема повеќе да имаат двојна работа, односно нема да мора истите податоци и оценки за учениците да ги внесуваат и во печатен дневник и во електронски дневник, информираат од Бирото за развој на образованието. Имено, тие реагираа и дека многу често се случува да немаат интернет во училиштата, што ги попречува во исполнувањето на обврските со…

Read More

Пожарите кои ја зафатија земјата донесоа тешка илинденска ноќ, но благодарение на професионалноста и солидарноста на пожарникарите и граѓаните и натаму немаме повредени или загрозени лица, напиша на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев. – Материјалната штета е нешто што со заеднички сили ќе го надоместиме, сега најголемата грижа на сите мора да ни биде безбедноста. Сите сили и капацитети на системот се ангажирани под прецизна команда на Центарот за управување со кризи, додава Заев. Тој посочи дека утрово два хеликоптери интензивно учествуваат во гасењето, а секој момент очекуваме да се приклучат уште четири, како помош од Република Србија. -…

Read More

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска утрово разговарала со својот словенечки колега, Матеј Тонин, при што го информирала за состојбата со пожарите и побарала помош. Како што соопштија од МО, министерот Тонин порачал дека Словенија е подготвена да помогне со сите свои капацитети за гаснење на пожари. – Во разговорот, министерката Шекеринска информираше за вклученоста на Армијата и поддршката која армиските сили ја даваат на државните институции во справување со огнените стихии и изрази благодарност за подготвеноста на нашиот НАТО сојузник, Словенија, да помогне во справувањето со оваа елементарна непогода, стои во соопштението од МО. Министерот Тонин изразил жалење за состојбата…

Read More

Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, популарно наречен Закон за стечајци стапи на сила. Стечајците коишто ги исполнуваат условите треба во рок од 30 дена да се пријават во подрачните единици на Агенцијата за вработување. Законот за стечајци кој минатата недела едногласно беше усвоен во Собранието, обезбедува  околу 1100 стечајци да добиваат паричен надоместок од 9.242 денари до денот на пензионирањето или 34% од просечно исплатената месечна нето плата по работник во државата за претходната година. Со овој закон материјално ќе се обезбедат лицата кои имале најмалку 14 години работен однос…

Read More

Центарот за управување со кризи утринава информира дека состојба со активни пожари до 09:30 часот изгледа вака: Кумановски регион Пожарот кој започна на тромеѓето поеѓу селата Степанце, Жегљане и Малотино, општина Старо Нагоричане е сеуште активен. Со пожарот е зафатена нискостеблеста шума, сува трева, црн бор, и багрем на поголема површина. Во гаснењето на пожарот во текот на денот интервенирале 9 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Старо Нагоричане, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Куманово, 4 пожарникари со 1 ПП возило од ТППЕ Ранковце, 11 лица од ШС Куманово, 3 лица од месното население. Од утрото…

Read More

Деветтемина жители на Кочани кои синоќа побараа лекарска помош поради вдишување на чад, како последица од пожарот се во добра здравствена состојба, информираат од Министерството за здравство. – Пациентите кои синоќа беа задржани во болница неколку часа и примаа кислородна терапија, се пуштени дома. Во пожарот нема поврдени со изгореници, велат од министерството. Министерот за здравство Венко Филипче синоќа на терен во Кочани посочи дека медицинските екипи од Кочани и околните општини се целосно мобилизарани како и тимот од Клиниките во Скопје доколку е потребна интервенција. – Нема повредени со изгореници во пожарот во Кочани. На десетина пациенти им била…

Read More

Словенечката Влада ја забрзува кампањата за вакцинација против Ковид-19, така што центрите за имунизација ќе бидат отворени за сите заинтересирани граѓани од 8 до 22 часот. Епидемиолозите предупредуваат дека доколку не се зголеми вакцинацијата, есенскиот бран поради дента варијантата може да биде и полош од оној од минатата година. – Ако сакаме да го избегнеме четвртиот бран на епидемијата и преполните болници, се препорачува сите постари од 40 години што е можно поскоро да бидат вакцинирани за да се заштитат од посериозна форма на болеста. Пожелно е најмалку 90 проценти од возрасната популација да бидат вакцинирани, објави денеска научниот институт…

Read More