Author: Ivana

По назначување на нов судија – поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, за август и септември закажани се термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје. Од Судот информираат дека за „Топлик“ рочиште е закажано на 23 август 2021, ден потоа на 24 август за „Титаник“, за „Талир“ на 3 септември,  додека за „Тендери“ на 6 септември, за што веќе се известени странките во постапката. Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од овие судења, поради навршени 60 години…

Read More

Осврнувајќи се на односите со Бугарија во контекст на ветото за отворање на пристапни преговори со ЕУ, вицепремиерот Никола Димитров во интервјуто за Еуронењс истакна дека тоа оди на штета и на меѓусоседските односи и на кредибилитетот на Унијата. – Тоа што Бугарија го доведува во прашање правото на земјата да го обликува својот сопствен идентитет и историја, создаде само горчина во една од најпроевропските земји на континетот. Дали проблематизирањето на македонскиот јазик е во согласност со она за што се залага Европа? Зарем Европа не треба да биде континент каде се негува јазичната и културната разновидност и каде што сите…

Read More

Додека трае постапката за прогласување на локалитетот Студенчишко Блато за заштитено подрачје во категоријата парк на природата, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, согласно Законот за заштита на природата, донесе Решение за негова привремена заштита. Привремената заштита на подрачјето ќе се применува до денот на влегувањето во сила на Законот со кој ќе се прогласи Студенчишко Блато за заштитено подрачје, а кој е завршна фаза на изработка. Во меѓувреме, Студенчишко Блато е прогласено за водно живалиште од меѓународна важност според Рамсарската Конвенција. Согласно Решението за привремена заштита на Студенчишко Блато, за времетраењето на привремената заштита на подрачјето…

Read More

Бугарскиот Парламент со 137 гласа „за“ за претседател ја избра адвокатката Ива Митева од партијата „Има таков народ“, која беше претседател и во претходниот состав на парламентот, јави дописникот на МИА од Софија. Митева беше избрана и со гласовите на Движењето за права и слободи, додека ГЕРБ и БСП беа воздржани. За кандидатот на БСП за претседател на Националното собрание, Кристијан Вигенин гласаа 35 пратеници, колку што е бројот на нивната пратеничка група. Во својот прв говор новоизбраната претседателка на 46. Народно собрание му посака успех и среќа на новиот бугарски Парламент. Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер, Бојко Борисов,…

Read More

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на  на својот Фејсбук профил напиша дека криминалот за една година е намален за 10,8 проценти. – Ако ги споредиме периодите јануари-јули 2020 и истите месеци во 2021 година, криминалитетот се намалил за 10,8 проценти. Според нашите анализи стапката на криминал на 100 илјади жители сега е 569 дела, а лани во иститот период 630 дела на 100 илјади жители, а тоа покажува зголемена проактивност на полицијата. Исто така се бележи намалување на криминалот поврзан со дрога и наркотични средства, оружје, илегалната миграција но и и потрагите по потерници, напиша министерот Спасовски.

Read More

Почнува мултимедијалниот настан „Уметност, можност за реактуелизација и презентација на дејноста и делата на нашите истакнати домашни дејци – поетот и лингвист Блаже Конески и писателот романописец Стале Попов” што го организира филмската продукција „Дрим Фeктори“ од Скопје во соработка со здружението Центар за современа ликовна уметност – Прилеп. Станува збор за проект поддржен од Владата на Република Северна Македонија преку Јавниот повик за финансиска поддршка за индустријата и операторите за организација на настани со задолжително ангажирање домашни изведувачи за реализација на настани на теми со кои се одбележува 30 години независност на Северна Македонија. Со него е предвидена реактуелизација…

Read More

Теренската вакцинација за среда 21.07.2021 ќе се одвива во следните населени места: Ресен – Рајца, Курбиново, Сливница, Асамати, Претор Штип – Софилари, Драгоево, Селце Свети Николе – Кнежје, Ѓузумелци Демир Хисар – Доленци, Брезово, Зашле, Базерник Струга – Ложани, Биџево, Ново Село Крушево – Борино, Саждево, Јакреново Струмица – Дабиље, Сачево Неготино – Прждево, Термник Пробиштип – Пишица Кочани – Подлог Кичево – Зајас Битола – Новаци, Мегленци, Арматуш, Грумази, Гнилеж, Рибарци, Гнеотино, Брод, Бач, Добровени, Скочивир, Сливица, Живојно Охрид – Речица, Куратица, Завој, Плапе, Свиништа Македонски Брод – Инче, Зркле, Лупште, Ковче Велес –  Ореше, Нежилово, Бистрица Крива Паланка – Конопница,Мождивњак Берово…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Израел во земјава, Дан Орјан, на која беше заклучено дека Северна Македонија и Израел негуваат блиски пријателски односи коишто се засновани на меѓусебна доверба и почит. Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека претседателот изрази благодарност за посветеноста и ангажманот на амбасадорот Орјан за време на извршувањето на одговорната дипломатска функција во нашата држава, посакувајќи му успех во неговите идни ангажмани. – Претседателот Пендаровски се заблагодари за израелската поддршка од стекнувањето на нашата независност до денес и притоа нагласи дека постојат можности за интензивирање на економската соработка во областа на безбедноста,…

Read More

Премиерот Зоран Заев го повтори ставот дека нема да гласаат за резолуцијата предложена од ВМРО-ДПМНЕ за разговорите со Бугарија, доколку остане со името како што е сега поднесена. – Не се работи за инает или за некаков каприц. Се работи за принцип, се работи за Уставот. Недозволиво е премиерот, владејачкото мнозинство, институциите на сиситемот да гласаат спротивно на Уставот. Тоа испраќа порака дека го дерогираме целиот систем, изјави Заев, додавајќи Уставот е донесен и треба да се почитува. Прашан дали СДСМ ќе ја поддржи Резолуцијата што била поднесена и прифатена од претседателот на Собранието Талат Џафери со предложената формулација на…

Read More

На Клиниката за ортопедија на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) пуштено е во функција целосно опремено реновирано крило, со болнички капацитети, санитарни чворови, простории за болнички пациенти. Увид во реновираното крило денеска направија премиерот Зоран Заев придружуван од министерот за здравство Венко Филипче. Заев изјави дека одбележуваат уште еден успех во серијата остварувања за подобар јавен здравствен систем во земјава првенствено во интерес на граѓаните заради грижата за нивното здравје, и заради докторите, професорите и други здравствени работници. – Во изминатиот период додека целиот наш здравствен систем беше ставен во првата…

Read More

Првиот Swatch со локализиран дизајн ќе биде изработен од страна на познатиот македонски дизајнер Зоран Кардула, на истиот ќе биде претставено дело креирано специјално за оваа намена. Првиот локализиран дизајн на Swatch часовник ќе биде претставен на осми септември, на 30 годишнината од македонската независност. – Часовниците ќе бидат достапни во лимитиран симболичен број од триесет парчиња и истите ќе бидат изложени во нашите салони. Со оглед на симболиката на целиот проект идејата е за истите да организираме донаторска аукција, а собраните средства ќе бидат донирани онаму каде што е најпотребно, по избор на авторот кој покрај како дизајнер е…

Read More

Станува збор за нова технологија на проектирање на филмови во 3Д во комбинација со дополнителни ефекти кои го прават визуелното следење комплетно, кои буквално прават да бидете дел од филмот. Ќе почувствувате мирис, ветер, капки дожд и снегулки, меурчиња, а седиштата ќе се движат соодветно со движењата во филмот. – Ние решивме во скопската зоолошка да имаме ваква атракција, бидејќи секаде во светот зоолошките се модернизираат и дигитализираат. Ова ќе биде вистинска забава и дополнителна едукација со 7Д ефекти, бидејќи ќе се проектираат филмови со содржина за животинскиот свет или од дино периодот.  7Д киното ќе биде поставено блиску до…

Read More