Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Со новата Концепција секое училиште треба да понуди 12 изборни предмети годишно, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во Тема на денот на Сител телевизија. „Со новата Концепција има повеќе изборни предмети. Ништо не укинуваме. Сега велиме во четири поглавја може да се обезбедат до три изборни предмети. Што значи дека секое училиште треба да понуди 12 предмети годишно. Изборни предмети сега се воведуваат и од четврто одделение. Изборни активности се од прво до трето, а изборни предмети по два годишно се од 4-9 одделение”, рече Царовска. Царовска рече дека наставниците на изборните предмети ќе продолжат да работат,…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 469.212 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 321.815 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.220 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 12.994 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 542.699 дози вакцини, а ревакцинирани се 220.884 граѓани. Со последните бројки 52 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 49 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 43 % од…
Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан. Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од утре стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот. Од Агенцијата за електронски комунукации (АЕК) за МИА изјавија дека се завршени сите чекори за разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање…
Правните служби на Владата ја разгледуваат можноста да се стави европско знаменце на Предлог-законот за воведување зелена еколошка такса за горивата кој е во собраниска процедура. Јас лично сметам дека треба да има затоа што е дел од Зелената агенда која е главна преокупација на Европската Унија, а согласно климатските промени и Парискиот договор очигледно е и на светот, но тоа треба да го кажат службите, порача денеска премиерот Зоран Заев. Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, тој нагласи дека европско знаме на законските предлози се става по два основа од кој првиот е со коресподентни…
МНР ќе ја проверува автентичноста на изјавата на државниот секретар за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш во однос на македонскиот јазик и ќе даде свој коментар, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Тој го повтори ставот дека португалскиот предлог е јасен и навистина е добра основа за решение. Според него, португалскиот предлог нуди решение, но не зазема страни. – Во самиот предлог во преговарачката рамка е решението „преводот на аки-то ќе биде на македонски јазик“. Секако, имаат изјави двете страни, и нашата и бугарската страна, кадешто, веројатно, министерката направила толкување за бугарски медиуми или слично за кое нешто ќе…
Во последните 24 часа се направени 2.887 тестирања, а регистрирани се 6 нови случаи на КОВИД-19 од: Скопје – 3, Тетово, Струмица и Берово – по 1. Регистрирани се 10 оздравени пациенти од: Скопје – 5, Куманово – 2, Велес, Струмица и Кичево – по 1. Не се регистрирани починати лица. Направени се 2.887 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-48, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово–27, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-9, Институт за микробиологија–15, МАНУ-68, Жан Митрев (Филип Втори)-62, Авицена-211, Биотек-140, Систина-99, лабораторија Лаор-197, Синлаб-22,…
Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19 чиј предлог-текст е усвоен на денешната владина седница. Законот ќе овозможи граѓаните да ја исплатат само главницата на долгот на повеќе рати. Како што соопшти премиерот Зоран Заев, државните органи и јавните институции опфатени со законот, како и УЈП, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата за секој граѓанин во рок од 90 дена од влегување во сила на законот. Потоа, најдоцна за 15 дена ќе треба да ги известат физичките…
Владата денеска донесе одлука да се дозволи организирање свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40 проценти од капацитетот на просторот, објави министерот за економија, Крешник Бектеши. Оваа одлука ќе почне да се применува од 1 јули 2021 година. Во текот на епидемијата свадбите и прославите беа забранети, а власта дозволи нивна организација од 1 јуни, но само на отворено и не повеќе од 50% исполнетост на капацитетот.
Капитенот на македонската ракометна репрезентација и член на Нант, Кирил Лазаров, по завршувањето на следната сезона ќе оди во „играчка“ пензија. – Ова ќе биде сигурно последната година. Веќе донесов одлука. Кога ќе преброите, поминаа неколку години. Но, најважно е да се чувствувате добро, да бидете добри во вашето тело, да немате болка. Отсекогаш сум се трудел да бидам што попрофесионален. Секогаш се чувствувам во добра форма, го сакам спортот, го сакам ракометот и сакам да завршам без тешкотии, истакна Лазаров за клупскиот сајт на францускиот тим. Лазаров треба да ја заврши кариерата во Нант во јуни 2022 година, на…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од вчера престојува во Брисел. -Кратка неформална средба со Андреас Шидер, европратеник од Австриската социјалистичка партија и претседавач на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Македонија. За европскиот пат, за иднината на нашата земја, за реалноста која мора да се промени за Македонија да оди напред, напиша денес Мицкоски на Фејсбук. Тој е придружуван од потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски, каде учествуваат на парламентарното собрание на Европската Народна Партија. Во текот на вчерашниот ден Мицкоски оставри повеќе средби.
Пред безмалку 30 години кога на наша територија беа распоредени мировни сили на ООН или по конфликтот во 2001 година кога бевме домаќини на три НАТО операции, беше незамисливо дека наши војници еден ден ќе бидат дел од мировните мисии во светот. Но во 2002 и 2003 година тоа стана реалност, од земја корисник станавме земја извозник на безбедноста. Со вашата професионалност и посветеност на најдобар начин ја претставувавте својата земја. Добредојдовте дома. Ова го изјави претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски на свечената церемонија во касарната Илинден организирана по повод враќањето на последниот наш мировен контингент…
Нашето денешно членство во НАТО е заслуга на сите над 500 армиски припадници во мисијата „Одлучна поддршка“ и над три илјади во мисијата „ИСАФ“ што започна во 2002 година. Вие бевте не само влезница за сите нас да можеме да ја претставиме државата во НАТО, вие бевте влезницата на РС Македонија да пристапи кон најмоќната воено политичка алијанса. Покрај сите политички напори, вашата жртва, одговорност, ризик, работа, беа тие кои не претрставија во најдобро светло. Ова го нагласи, како што рече, не дипломатски, не формално, туку од срце, министерката за одбрана Радмила Шекеринска на денешната свеченост по повод завршувањето на…