Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од утре разговори и интернет без роаминг во регионот

0
By Ivana on June 30, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 30, 2021 09:25

Од утре се укинува роамингот за телефонски разговори, СМС пораки и интернет меѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Со тоа ќе се заокружи примената на Договорот од Вториот дигитален самит од 2019 година меѓу шесте држави од Западен Балкан.

Првата фаза од спроведувањето на договорот почна во 2019 година, кога цената на роамингот беше намалена и за над 80 проценти, а од утре стартува втората фаза и целосно укинување на роамингот.

Од Агенцијата за електронски комунукации (АЕК) за МИА изјавија дека се завршени сите чекори за  разговори, пораки и пренос на податоци без тарифирање во роаминг.

Агенцијата за електронски комуникации донесе Одлука за утврдување на максималните цени на роаминг-услугите во јавни мобилни комуникациски мрежи на 25 јуни 2019 година. Со неа се предвидува значително намалување на малопродажните и големопродажните цени на роаминг услугите за корисниците на електронските комуникациски услугите во роаминг кои патуваат во петте земји на Западен Балкан – Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово. Во меѓувреме, од 1 јули 2019 година  заклучно со денеска, беше воведен преоден период во кој операторите за роаминг-услугите можеа да наплаќаат само одреден дополнителен надомест на националните електронски комуникациски малопродажни цени.

Почнувајќи од утре се предвидува напуштање на дополнителното тарифирање за роаминг услугите, односно се воведуваат цени за роаминг услуги исти како цените на електронските комуникациски услуги на домашниот пазар (Roaming Like At Home). Тоа значи дека корисниците на роаминг-услугите во земјава од утре нема да доплаќаат повисоки цени од домашните тарифни модели за користење на роаминг-услугите кога ќе патуваат во останатите пет земји потписнички на Спогодба, без разлика дали станува случај за користење на интернет, говор или СМС. Влезниот повик во роаминг ќе се третира исто како и влезниот повик во домашниот пазар односно без дополнителен надомест за корисникот.

Донесените мерки придонесоа за намалување на цените за роаминг услугите во просек од 83 процент до 99 проценти уште во првата година од  примената споредено со претходните цени на малопродажните роаминг услуги во земјите на Западен Балкан. Користењето на роаминг услуги под вакви поволности е регулирано со политики за фер користење и одржливост, пропишани од Агенцијата за електронски комуникации. Целта е да се отстранат можностите за залоупотреба, како и да се задржи одржливоста во финансиското работење на операторите.

Со Правилникот донесен од АЕК се уредени детални правила со кои треба да се обезбеди доследно спроведување на политиките за фер користење кои операторите може да ги применуваат врз потрошувачката на регулираните малопродажни роаминг услуги. Исто така, се уредуваат и детални правила за барањето на операторите кои обезбедуваат роаминг услугите да добијат одобрување за примена на дополнителен надомест за роамингот, со цел да се обезбеди одржливост на нивниот домашен модел на наплата. Се уредува и методологијата што Агенцијата треба да ја применува при процена дали операторот кој обезбедува роаминг услуги не е во можност да си ги поврати трошоците од обезбедувањето на регулираните роаминг услуги, како последица на што ќе се наруши одржливоста на неговиот домашен модел на наплата.

Според Одлуката на АЕК, од утре операторите на јавни мобилни комуникациски мрежи во државава за роаминг услуги не можат да применуваат дополнителни надоместоци на домашните малопродажни цени за обезбедување регулирани малопродажни услуги во роаминг. Oператорите може да применуваат политики за фер користење во однос на трошењето на регулираните малопродажни услуги во роаминг со еднакви цени на домашните малопродажни цени со цел да се заштитат од злоупотреби и невообичаена употреба на регулираните малопродажни услуги во роаминг, во согласност со Правилникот за фер користење и одржливост.

Регионалниот договор за роаминг беше потпишан во април 2019 година во Белград во рамки на Вториот дигитален самит на земјите од Западен Балкан.  Следен чекор се активности за укинување на цените во роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија. Од АЕК истакнуваат дека за такво нешто е потребна волја од Европската унија за потпишување спогодба со нас и оти држава е подготвена.

Државава има потпишано одделни меморандуми за намалување на цените на роаминг услугите и со Грција и со Бугарија, но тие не се стапени во сила.

регион роаминг
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
shortcut
ФОКУС
July 1, 2026

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ – на дневниот ред ја нема Македонија

ВЕСТИ July 1, 2026

Ирска денеска го презема шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар, за време…

Македонското знаме високо на светската велосипедска сцена – Дуња Иванова 33-та во светот

June 30, 2026

Каракас: Мајка и нејзиното бебе старо 18 дена извлечени од урнатините

June 29, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

June 28, 2026
ТИКЕР

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.