Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Јавната администрација годинава ќе го добие регресот за годишен одмор или таканаречениот К-15 и за таа намена се алоцирани дополнителни 230 милиони денари. Тоа, рече денеска премиерот Зоран Заев, е обврска од потпишаните колективни договори во 2019 година и таа треба да се исполни. – Колективните договори се потпишани во 2019 година. Ние сме благодарни на сите синдикални организции кои имаа разбирање за одложување на оваа мерка за 2020 година, со оглед на ситуацијата и не беше во ред да се исплати додатокот кога беше почнат третиот бран. Но, годинава треба да се исплати. Тоа сме го ветиле и не…
Петчлениот Жалбен совет на Хашкиот Трибунал ја потврди денеска првостепената пресуда против воениот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, кој беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во ноември 2017 година, виновен за најсериозните воени злосторства за време на војната во БиХ, вклучително и геноцидот во Сребреница. По 26 години завршува последното судење за геноцид на територијата на БиХ пред судот на Обединетите нации за поранешна Југославија. Младиќ се наоѓа во притвор во Шевенинген од 31 мај 2011 година. Тој беше уапсен од српските власти на 26 мај истата година во Лазарево кај Зрењанин…
Апелацискиот суд во Скопје ја одби гаранцијата на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, и одлучи тој да остане во притвор во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари. На одлуката ѝ претходеше и мислење од вишиот обвинител Бурим Рустеми, кој за разлика од неговиот колега Ајро, беше на став дека гаранцијата не треба да се прифати. Мијалков нудеше гаранција од 10,8 милиони евра, но Основниот кривичен суд ја одби и покрај тоа што имаше позитивно мислење од обвинителот Артан Ајро. За одлуката на Кривичен, ексдиректорот на УБК и неговите адвокати се жалеа до Апелација каде попладнево одлучиле да ја одбијат жалбата и да го…
Во наредниотпериод Министерството за економија ќе продолжи со поддршка на инвестиции во изградба на капацитети од обновливи извори на енергија и енергетско поврзување сососедните земји што ќе значи подобрување на целиот енергетски систем во државата, а претставува и еден од најголемите приоритети на Владата во делот на спроведување назелената агенда, истакна Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната средба со амбасадорката на Обединетото Кралство во Северна Македонија Н.Е. Рејчел Галовеј. Тој информираше и за реализација на проектите од Интервентниот план за инвестиции којшто беше усвоен од Владата за периодот 2021-2027 година и претставува забрзанареализација на проекти во највисок интерес на…
Потпретседателот на ДУИ Изет Меџити ги демантираше написите во неколку медиуми и портали кои ја пренесоа веста на порталот „Алмакос“ и ги отфрли како невистинити. „Мојот стил на делување во политиката, веќе од основањето на ДУИ во 2002, на моите пријатели и симпатизери им е познат и знаат дека овој случај не е вистинит. Демократијата не го познава ултиматумот како алатка, особено нашата партија, кадешто јас јавно сум ги изнел моите ставови, веќе познати на јавноста,“ напиша Меџити на Фејсбук. Претходно, „Алмакос“ објави дека Меџити дал ултиматум до партијата до 15 јуни да ги избрка Бујар Османи и Артан Груби од Владата…
На 72-годишен државјанин на РС.Македонија на граничниот премин Прешево-Табановце трајно му се одземени 148.000 евра, што српските цариниците ги пронајдоа во автомобилот „Мерцедес“ со германски таблички со кој од Германија патувал во РС Македонија за време на викендот, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопшти Царинската управа на Србија, тој на границата изјавил дека нема што да пријави, освен лични работи и дозволените 10.000 евра, но со детален преглед открини се вкупно 158.000 евра на задното седиште на „Мерцедес “ и во торба под седиштето на автомобилот. – 10.000 евра веднаш се вратени на патникот, колку што според…
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе организира предупредувачки протест во Скопје и во 10 други градови во земјата со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничата влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста, рече денеска лидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски на средба со новинарите. Протестот ќе биде во периодот од 15 до 17 часот на три локации во Скопје и тоа кај зградата на Нова Македонија, кај Парламентот и кај ТЦ „Мавровка“, како и во 10 други градови. Мицкоски на средбата со новинарите рече дека опозицијата не е информирана за преговорите…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука за поскапување на најголем дел од горивата за половина денар, а на екстра лесното масло и на мазутот за еден денар. Новите цени ќе стапат на сила на полноќ. Со зголемувањето на цената за половина денар, од утре бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 68 денари за литар, а бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 70 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 60,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1),и ќе се продава за 60 денари за литар, а мазутот М-1 НС ќе чини 34,889…
Во текот на 2020 година, ветеринарните и инспекторите за храна спровеле вкупно 54.382 контроли, а како небезбедна, инспекторите и операторите уништиле приближно 238 тони на храна, информираше денеска Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, на настанот „Безбедна храна денес за безбедно утре“ по повод 7-ми јуни – Светски ден на безбедност на храната. Бабовски истакна дека македонските граѓани треба да бидат сигурни дека консумираат безбедна храна иако, како што кажа, секогаш, за жал, се можни и постојат и одредени пропусти. – Како одговорна институција и во услови на пандемија, направивме максимални напори да ги заштитиме граѓаните, ги…
Во последните 24 часа се направени 1.375 тестирања, а регистриран е 1 нов случај на КОВИД-1 од Куманово. Регистрирани се 204 оздравени пациент од: Скопје – 77, Куманово – 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица – по 1. Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово…
Во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечка лична карта – пасош или лична карта, јави РТС. Според српскиот јавен сервис, на вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства. Во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Македонија. Вчера РТС соопшти дека за време на викендот во Врање за вакцинација се пријавиле 753 македонски граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со вакцината на Фајзер. До вчера во…
Министерството за здравство информира дека минатата недела кај еден пациент кој е хоспитализиран во приватна болница, е детектирано присуство на „индиски“ сој на вирусот СарсКов2. Според епидемиолошката анкета која ја направила болницата, пацинетот се вратил од Ирак, каде претходно 10 дена бил болен и хоспиталзиран, кога се вратил во земјава, веднаш со посебно санитетско возило бил пренесен во болницата. Состојбата на пациентот е стабилна и овој пациент не е знак за ризик.