Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита (сите парични прaва) за месец мај 2021 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска – 3 јуни 2021 година. Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот КОВИД-19,за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе…
Средствата за ученички и студентски стипендии за месец јуни 2021 година се исплатени, информираат од Министерството за образование и наука. Од таму велат дека сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг листа, на своите трансакциски сметки ја добија јунската стипендија. Оваа практика на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии која беше воспоставена на почетокот на 2021 година, ќе продолжи да се реализира и во следниот…
Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 437.339 граѓани. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 241.368 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 2.067 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 15.756 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 362.710 дози вакцини, а ревакцинирани се 121.342 граѓани. Со последните бројки 47 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 41 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина. Вакцинацијата…
Во последните 24 часа во ковид-центрите во Скопје нема хоспитализирани нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираше Министерството за здравство. Од друга страна, дома се пуштени 8 излекувани пациенти. Вкупниот број на ковид-пациенти кои се лекуваат во болница е 141: 58 во Скопје и 83 во внатрешноста. Слободни се околу 430 кревети. Во скопските ковид-центри најмногу има на Инфективната клиника – 32. Го Градската општа болница „8 Септември“ има 18 пациенти, на Институтот за ТБЦ 8. Кога се во прашање болниците во другите градови најмногу хоспитализирани има во Куманово – 21. Во охридската болница се лекуваат 11, додека во другите градови има…
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг повика на истрага за данско-американскиот шпионски скандал, по извештаите дека данските власти и помогнале на американската Агенција за национална безбедност (НСА) да прислушува познати европски политичари. „Земјите вклучени во случајот се сојузници на НАТО и мора да ги стават сите факти на маса и да откријат што навистина се случило“, рече Столтенберг за данскиот јавен радиодифузер ДР. Тој додаде дека случајот фрлил „грдо светло на Данска“, но дека довербата во НАТО останува недопрена. Истражувачки новинари од Данската телевизија ДР, заедно со германските медиуми како НДР, ВДР и Зидојче цајтунг, во неделата открија дека НСА…
Новите протоколи за организирање на свадби се контрадикторни и нелогични и со нив се прави ограничување во вршењето на угостителската дејност односно им се дозволува работење само на определени угостителски објекти, сметаат од Независната угостителска комора (НУК). – Јасно и јавно кажавме и повторно напоменуваме дека свадби/прослави и веселби имало и ќе има во сите угостителски објекти кои се регистрирани за вршење на угостителска дејност и кои работат согласно шифрите на дејност 56 – Дејности за подготовка на оброци и служење на храна регистрирани согласно Законот за угостителска дејност во Централниот регистар на РСМ. Во ниеден закон, уредба или правилник не постои…
Еркан Арифи, актуелниот градоначалник на Липково, најверојатно ќе биде кандидат за уште еден мандат на чело на оваа општина на претстојните локални избори, што треба да се одржат во октомври. Лидерот на ДУИ Али Ахмети објави дека, до Генералниот совет на партијата, ќе го предложи Арифи за кандидат за градоначалник на Липково. Според Ахмети, Арифи има едногласната поддршка од сите локални совети, ограноци и граѓани затоа што, како што оценува, работел добро за жителите на Липково. Со ова, владејачката ДУИ, практично, ја почнува постапката за избор на кандидати за градоначалници, но и за советници на годинешниве локални избори. На последните…
Министерството за здравство информираше дека во последниве 24 часа се регистрирани 43 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 24 во Скопјр, 5 во Куманово, по 3 во Битола и Охрид, по 2 во Прилеп, Тетово и Кичево, а по еден новозаболен е регистриран во Гевгелија и Виница. Од МЗ исто така информираат дека пријавени се вкупно 6 починати лица – 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г), дополнувајќи дека од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови. Оттаму нагласуваат дека…
Заштитата на правата на децата, борбата против дискриминацијата и насилството се наши врвни приоритети и за таа цел Министерството за труд и социјална политика со сите свои капацитети ќе биде дел од проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, особено во компонентата за Човекови права и алтернативни санкции, нагласи министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, на денешната работна средба со имплементаторите на проектот Мојца Кузмички и Дитер Шиндлауер. Главна цел на овој ЕУ/ИПА проект е зајакнување капацитетите на релевантните институции за владеење на правото и почитување на човековите права. Министерката Шахпаска истакна дека поддршката што МТСП ќе…
Верувам дека ќе бидеме мудири, комплетно како што стоиме сите, а посебно Владата во заштита на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, и дека ќе се изнајде конечно решение да направиме исчекор. Правиме се и навистина имаме добра основа низ португалскиот предлог да изнајдеме решение со Бугарија. Ако успее, веднаш на 23 јуни треба да ја имаме првата меѓувладина седница, изјави денеска премиерот Зоран Заев. Одговарајќи на новинарско прашање за учество во тв дуел со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски за спорот со Бугарија, Заев по денешната посета на детска градника во населбата Аеродром, рече дека за ова прашање очекувал покана…
Владата вчера на седница го донесе протоколот за свадби, прослави и веселби со цел да ја уреди одлуката со која се дозволува нивно организирање на отворен простор односно на летни тераси до максимум сто лица, но не повеќе од 50 проценти исполнетост на капацитетот. Владиниот портпарол Муамет Хоџа во одговор на новинарско прашање денеска на прес-конференција прецизираше дека протоколот предвидува стандардна процедура – на влез да има поставено и задолжително да се користи средство за дезинфекција и да се мери температура. Просторот на летните тераси да е отворен од трите страни, забрането е поздравување со ракување, гушкање или друг вид…
Велешанец ја предводел криминалната група која утрово беше уапсена за шверцување мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток. Тие биле префрлани од Грција на територијата на нашата земја преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано биле носени на претходно утврдени и договорени локации. Како што соопшти ОЈО, организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземањето на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион…