Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велешанец предводник на криминалната група уапсена денеска за шверцување мигранти

0
By Ivana on June 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 2, 2021 14:59

Велешанец ја предводел криминалната група која утрово беше уапсена за шверцување мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија, Бангладеш и други земји од Блискиот и Средниот Исток.

Тие биле префрлани од Грција на територијата на нашата земја преку илегални премини на т.н. „зелена граница“ во околината на Гевгелија, Струмица и Демир Капија, а оттаму со помош на водичи т.н. „качаци“, координирано биле носени на претходно утврдени и договорени локации.

Како што соопшти ОЈО, организаторот и членовите на криминалната група го договарале преземањето на мигрантите од овие локации и со патнички и товарни возила ги превезувале до локации во Кумановско-липковскиот регион каде што мигрантите биле прифаќани и времено сместувани и засолнувани. Понатаму, преку територијата на Србија се носеле кон државите на ЕУ. За ова мигрантите плаќале од 500 до 700 евра по лице, преку агенти за брз трансфер на пари или во готовина.

Апсењата се направени во текот на денешниот ден во координирана полициска операција на националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и Одделот за специјални и посебни операции на СВР Скопје и СВР Струмица.

Извршени се претреси во објекти на 11 локации на подрачјето на Велес, Скопје, Штип, Струмица и Валандово и уапсени се шест лица, а се преземаат мерки за приведување на уште три лица. Четири члена на криминалната група веќе се во затвор, за претходно сторени вакви кривични дела.

Од ОЈО најавуваат дека за осомничените ќе се бара притвор.

велешанец Мигранти уапсен
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

ВЕСТИ June 12, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Ормускиот теснец ќе биде отворен штом ќе се потпише…

САД – Канада – Мексико: Во 21.00 часот по средно европско време почнува 23-то Светско првенство во фудбал

June 11, 2026

Историјата повторно во фокусот: ЕП бара нова меѓувладина седница меѓу Скопје и Софија

June 11, 2026

Мај поскап за уште 4,8 отсто

June 8, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.