Author: Ivana

Вооружени лица денеска на пладне извршија обид за кражба во „Уни банка“ во близина на трговскиот центар Беверли Хилс во скопската населба Капиштец. Од Министерството за внатрешни работи за Нова ТВ велат дека на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. – На 08.03.2022 во 12.35 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека од експозитура на банка на подрачје на Центар три лица со закана со оружје од вработените одземале пари, по што во близина на местото на настанот едно од лицата испукало еден куршум. Повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денес присуствуваше на брифингот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во организација на Делегацијата на ЕУ, каде ги претстави постигнатите резултати во евроинтегративниот процес и планираните активности во периодот кој претстои. „Отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија е важно и мојата главна порака денес до сите вас би била – да не го изгубиме овој моментум, да дадеме динамика на евроинтегративниот процес и да ја обезбедиме сигурноста и стабилноста на регионот, но и на Европа “, посочи вицепремиерот Маричиќ во обраќањето пред амбасадорите. Маричиќ истакна дека Владата активно…

Read More

По првиот бран бегалци од Украина, најверојатно ќе има и втор бран, но со повеќе ранливи групи луѓе, изјави денеска директорот на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР), Филипо Гранди. „Ако војната продолжи, ќе почнат да пристигнуваат луѓе кои немаат финансиски средства или врски“, рече шефот на УНХЦР. Тој додаде дека ова ќе биде покомплексна ситуација за Европа и дека ќе биде потребна поголема солидарност од сите во Европа и пошироко. Гранди објасни дека во првиот бран пристигнале оние кои имале „некои средства и ресурси“, голем број од нив пристигнале со автомобил и имаат врски и познанства и можат да…

Read More

Министерството за труд и социјална политика ќе ги забрза реформите, особено  во  јакнење на капацитетите на социјалните работници, изјави ​министерката Јованка Тренчевска која  денеска оствари протоколарна средба со претставничката на УНИЦЕФ во Република Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. На средбата двете соговорнички отворија прашања од областа на детската и социјалната заштита, заштита на децата од насилство, инклузивноста на детските градинки. „Ќе работиме заедно на обуките за јакнење на капацитетите на социјалните работници за да можат поуспешно да ја спроведуваат активација преку која ранливите групи граѓани ќе излезат од системот на социјална заштитабидејќи. Секоја поддршка и вклученост на УНИЦЕФ како наш партнер е многу значајна. Во тој…

Read More

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на жените, претседателот Стево Пендаровски ја упати следнава порака: Денеска кога ја одбележуваме борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност, како и достигнувањата во повеќе сфери, да се потсетиме дека борбата за женските права е секојдневна и сѐ уште е борба за еднаквост и достоинствен живот. Покрај зголемената свест за правата на жените, донесените законски решенија и програми, на патот кон еднаквоста ни остануваат многу предизвици во однос на доследната имплементација на политиките, како и во поглед на образованието и промената на родовите стереотипи и норми. Жените сѐ уште не се доволно застапени на политичките и економските позиции каде се носат клучните…

Read More

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили во Украина го почитуваат прекинот на огнот од осум часот наутро и оти се отворени „хуманитарни коридори“ за евакуација на жителите на Киев и четири други украински градови Чернигов, Суми, Харков и Мариупол, објавија руските медиуми. Русија претходно соопшти дека цивилите кои ги напуштаат градовите Киев, Чернигов и Харков ќе патуваат во Русија, некои преку Белорусија, јавија руските медиуми, повикувајќи се на соопштение на рускиот комитет за хуманитарна координација во Украина. Според медиумите, луѓето што ги напуштаат градовите Суми и Мариупол ќе имаат избор да преминат во Русија или во украинските градови…

Read More

Денеска во Скопје се одржува работилница за системите за управување со перформансите на судството во рамките на МАТРА проектот, под покровителство на Министерството за надворешни работи на Холандија, а на која учевствуваат високи преставници на судската власт. МАТРА проектот е посветен на зајакнување на независноста, ефикасноста, отчетноста и транспаретноста на Судскиот совет, а со тоа и на целиот судски систем. Денешната сесија е посветена на ефикасноста на судството, тема за која свое обраќање имаше претседаелката на Судскиот совет, Павлина Црвенковска, која ги нагласи двата клучни елемента за ефикасен судски систем. „Првиот елемент е брзата, ефикасна и објективна правда и второто,…

Read More

Соединетите Држави остануваат апсолутно посветени на завршување на процесот на европска интеграција на Западен Балкан, соопшти Стејт департментот. „Неоправдано и без причина, руската војна против Украина јасно укажува на зголемената итност на таа задача за трансатлантскиот сојуз“, изјави американскиот Стејт департмент за Гласот на Америка, пренесува Танјуг. Запрашан за можното прелевање на кризата на Балканот, неименуван портпарол на Стејт департментот рече дека Русија е дестабилизирачки фактор на Западен Балкан. Членови на американскиот Конгрес, од кои 19, минатата недела потпишаа писмо во кое бара од администрацијата на Бајден да го зголеми дипломатскиот ангажман на Западен Балкан во контекст на руската инвазија…

Read More

Британскиот министер за одбрана, Бен Волас, денеска изјави дека Британија ќе ја поддржи Полска доколку одлучи да даде борбени воени авиони за украинската одбрана, но притоа укажа и на можните директни последици од таква одлука на Варшава. „Би ги поддржал Пољаците како и да одлучат“, изјави Волас за британските медиуми додавајќи дека Велика Британија не може да понуди борбани авиони што би биле од полза на украинските пилоти чија обука се базира на техника од советско, домашно и руско производство. „Ние би ја заштитиле Полска, ќе им помогнеме со што им е потребно. Полска знае дека изборот не значи само…

Read More

Претседателот на Стопанската комора и копретседавач на Коморскиот инвестициски форум, Бранко Азески, на 10. панел во рамките на 29. „Копоаник бизнис-форум“ на тема „Регионалната соработка како предуслов за одржлив раст“ испрати порака дека за да се забрза процесот, мора да се одговори на неколку прашања што го оптоваруваат.Регионалното економско обединување сѐ уште има многу неодговорени прашања и дилеми на кои земјите од Западен Балкан треба да работат. Колку заостануваме зад другите? Пред пандемијата во 2019 година, според „Еуростат“, вкупниот БДП на шесте земји од Западен Балкан бил 101 милијарда евра и сме имале 18 милиони жители на овој простор. За…

Read More

По одлуката да се разгледаат кандидатурите за членство во ЕУ на Украина, Грузија и Молдавија, дипломатите во ЕУ инсистираат дека тоа ништо не менува за процесот на земјите на Западниот Балкан, јавува дописничката на МИА од Брисел. Вчера амбасадорите на 27-те земји членки на ЕУ едногласно донесоа одлука да побараат од Европската Комисија да ги разгледа барањата на Украина, Грузија и Молдавија за зачленување во европскиот сојуз. Три различни дипломатски извори за МИА потврдија дека за време на состанокот неколку амбасадори на земји членки го отвориле прашањето за земјите од Западниот Балкан, кои со години се заглавени во процесот на…

Read More

Во периодот од 28 февруари до 6 март регистрирани сe 2.504 нови позитивни ковид случаи, што е за 32,3 отсто пмалку во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 9,4% до 18,4%, просечно 14,0%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, тестирани се вкупно 17.416 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 9,4% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=1.418; 56,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 389,4/100.000, Скопје – 312,7/100.000 и Демир Капија – 308,6/100.000.…

Read More