Author: Ivana

Годинава за културата во Охрид се издвоени повеќе средства за разлика од лани, односно сите институции од областа на културата во 2022 година добија поголем буџет, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која вчера ги посети националните културни установи во Охрид. Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска истакна дека Охрид поседува ретко светско природно и културно богатство и имаме обврска да го зачуваме, и во таа смисла, посочи дека Заводот и музеј од Охрид доби четири милиони денари повеќе од минатата година. Со средства од над 12 милиони денари, ќе реализираат 30 проекти од сите сегменти за заштитата на…

Read More

Светската банка одобри околу 720 милиони долари заеми и помош за поддршка на украинската Влада во исполнување на основните потреби на нејзините граѓани погодени од војна. Извршниот одбор на Светска банка вчера одобри дополнителен пакет за поддршка кој вклучува дополнителен заем од 350 милиони американски долари и гаранции од 139 милиони долари. Банката, исто така, започна мобилизација на грант од 134 милиони американски долари и паралелно финансирање од 100 милиони долари. Вкупно станува збор за 723 милиони долари. – Групацијата на Светска банка презема брзи активности за поддршка на Украина и нејзиниот народ кој се соочува со насилство и екстремни…

Read More

Романите „Денот на црвот“ од Симона Јованоска (Или-или), „Ноќите кога заспивавме во Помпеја“ од Давор Стојановски (Или-или), „Деса“ од Ивана Трајаноска (Арс Либрис) и „Ден за одмазда“ од Ивица Челиковиќ (Паблишер) влегоа во најтесниот избор за наградата „Роман на годината“ за 2021 година што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. На годинашниот конкурс пристигнале 39 романи, а лауреатот на годинашната награда „Роман на годината“ ќе биде соопштен на 15 март.  Него ќе го избере жири-комисијата во состав: Владимир Јанковски (претседател), Катица Гароска Ацевска, Ермис Лафазановски, Лилјана Пандева и Катерина Богоева – претставник на Фондацијата. Наградата…

Read More

Министерката за одбрана Славјанка Петровска, заедно со делегација од Министерството, престојува во официјална посета на Обединетото Кралство и на британското Министерство за одбрана. Во Лондон, министерката Петровска ќе се сретне со нејзиниот домаќин, министер за одбрана на Обединетото Кралство, Бен Валас. На официјалната средба ќе и претходи церемонија за пречек со високи воени почести, во чии рамки британскиот воен оркестар ќе ја изведе и македонската песна „Јовано, Јованке“, соопшто МО. Петровска во рамките на посетата ќе се сретне и со генерал потполковник Роберт Магован, заменик-командант на Стратегиската команда, како и со Дејвид Куари, заменик-национален советник за безбедност. Во пресрет на…

Read More

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски во интервју за познатиот бугарски туристички сајт Bgtourism.bg коментира дека државава има за цел да го зголеми од 15 до 20 отсто бројот на ноќевањата во 2022 година и бројот на туристите да го зголеми за 10 до 15 проценти. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јаневски се надева дека Северна Македонија во 2022 година ќе надмине 2,5 милиони ноќевања и многу сериозно ќе ги зголеми приходите во однос на 2019 година. Во 2020 година фокусот беше ставен на домашниот туризам во Северна Македонија, во 2021 година…

Read More

Се поприсутно е размислувањето меѓу земји-членки на ЕУ дека прашањето на проширувањето станува безбедносно прашање. Ние цело време и алармиравме дека тоа не е само прашање на политичко комплетирање на овој политички проект на ЕУ, туку е прашање на безбедносно консолидирање на континентот кое сега се покажува како слаба точка во услови кога ЕУ треба да игра поважна геополитичка улога, оцени вчера шефот на дипломатијата Бујар Османи. Директорот на Европската иницијатива за стабилност Гералд Кнаус, пак, вели дека ЕУ треба да даде позитивна визија за регионот и до крајот на годината да ги почне преговорите со сите земји од Западен…

Read More

Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“ денеска во Скопје по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март ќе се одржи шестиот Марш за женски права. – На овој марш, заеднички ќе упатиме порака дека и покрај тоа што жените се еднаква половина од населението во државата, сѐ уште не уживаат еднакви права во речиси ниту еден аспект од нивните животи, на работа или дома, во политиката и социјалниот живот. Маршираме бидејќи држава во која жените не се вклучени како еднакви, е држава во која нема напредок! Општество во кое жените се сиромашни и лишени од своите права е општество кое…

Read More

Облачно и студено време ќе преовладува денеска во земјава. Ќе има локални врнежи претежно од снег и ќе дува умерен, долж Повардарието, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе се движи од 1 до 6 степени. Во Скопје, слично време со утринска температура до -1 и максимална до 5 степени. Во следните денови ќе се задржи променливото облачно и студено време со повремени локални врнежи претежно од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината.

Read More

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека најмалку девет лица загинале во 16 напади врз здравствени установи во Украина од почетокот на рускиот напад врз земјата. Нападите се случиле помеѓу 24 февруари и 3 март. Според СЗО, покрај смртните случаи, повредени се 16 лица, меѓу кои седум здравствени работници. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адана Гебрејесус, во неделата на Твитер напиша дека се случиле неколку напади, не наведувајќи детали, и додаде дека тоа е кршење на меѓународното хуманитарно право.

Read More

Стравувањата од енергетска војна меѓу Русија и Западот се зголемија денеска откако САД притискаат свои сојузници да забранат увоз на руска нафта како казна за инвазијата на Москва врз Украина, каде што денеска се очекува да профункционираат хуманитарни коридори. Русија предупреди дека може да го запре протокот на гас преку гасповод  од Русија до Германија како одговор на одлуката на Берлин минатиот месец да го запре отворањето на контроверзниот нов гасовод Северен поток 2. Русија испорачува 40 отсто од европскиот гас. „Имаме целосно право да донесеме соодветна одлука и да воведеме ембарго за транспорт на гас преку гасоводот Северен поток…

Read More

Руските власти најавија дека од денеска ќе стапи на сила прекинот на огнот за неколку украински градови за евакуација на цивили преку хуманитарни коридори. „Руската Федерација објавува прекин на огнот во 10 часот (по московско време) на 8 март“, за евакуација на цивили од Киев, како и од други градови. Станува збор за градовите Суми, Харков, Чернихив и Мариупол, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана задолжено за хуманитарните операции во Украина. Третата рунда руско-украински разговори заврши синоќа во Белорусија, а Украинците изјавија дека се постигнати „позитивни резултати“ за хуманитарните коридори, а Русите рекоа дека „можело да се…

Read More

Повеќе од 100 работници во украинската нуклеарна централа Чернобил – местото на најголемата нуклеарна катастрофа во светот во 1986 година, се заглавени таму повеќе од 12 дена откако руските сили го зазедоа објектот на првиот ден од инвазијата. Заробени се и 200 украински чувари, кои биле задолжени за безбедноста во моментот на нападот. Како што јави Би-Би-Си, Русија тврди дека ја обезбедува локацијата заедно со украинската национална гарда, но Украина го оспорува тоа и вели дека руските трупи имаат целосна контрола. Работниците продолжуваат да ги извршуваат своите обврски и се вели дека атмосферата е мирна, но Би-Би-Си дознава дека условите внатре се тешки, а храната и лековите се ограничени. Со оглед на тоа…

Read More