Author: Ivana

Украинските одбранбени претставници предупредија дека Русија ги подготвува своите сили за сеопфатен напад врз главниот град Киев. Според последните информации од Генералштабот на украинската армија, се наведува дека московските сили почнале да собираат ресурси за напад на градот, а тенкови и моторизирани пешадиски единици напредуваат кон блискиот град Ирпин за да ги постават темелите. Тој додава дека руските команданти ги снабдувале своите сили со гориво доставено од Белорусија преку зоната на исклучување во Чернобил. Официјални лица известија дека руската војска ги фокусирала своите напори на опкружување на источните градови Харков, Чернихив, Суми и јужниот град Миколаев.

Read More

Руската инвазија врз Украина продолжува и во 12-от ден. Дел од настаните за изминатите 24 часа: -Официјални лица од одбраната на Велика Британија веруваат дека руските сили оствариле минимална добивка во изминатите 48 часа, биејќи нивните трупи се заглавени од силниот украински отпор и лошата логистичка поддршка -Украинските команданти предупредија дека руските сили се прегрупираат и се подготвуваат да извршат сеопфатен напад врз главниот град Киев. – Московските сили силно ги гранатираа градовите  пред Киев и повторно ги снабдуваа цистерните со гориво префрлено од Белорусија како подготовка за нападот, соопштија официјални лица. – Во југоисточниот град Мариупол, руското гранатирање уби…

Read More

По една и пол недела војна, Украина и Русија се очекуваше да се сретнат на третата рунда преговори, за кои двете страни рекоа дека може да се одржат денеска. Локацијата и точното време на разговорите првично не беа соопштени. Двете делегации последен пат се состанаа во регионот Брест во западна Белорусија на две рунди мировни преговори и се договорија да има хуманитарни коридори за градовите Мариупол и Волноваха за да се олесни евакуацијата на цивилите. Сепак, обидот за евакуација на Мариупол не успеа вчера, соопштија од Кремљ и Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК). Русија и Украина ја разменија вината…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вечерва преку Зум им се обрати на демонстрантите собрани во голем број европски градови, кои излегоа на улиците за да ја поддржат Украина во борбата против руската инвазија. – Првата минута од ова обраќање ќе биде минута молк за сите оние кои загинаа во борбата за својата земја, за нашите војници, за сите оние кои прават херојски дела бранејќи ја нашата земја, за оние кои ги дадоа своите животи, изјави Зеленски во неговото обраќање до демонстрантите во Братислава, Франкфурт, Прага, Лион, Тбилиси, Виена и Вилнус. – Им посакувам се најдобро на народите во Европа. Нашите војници,…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека доколку прекршувањето на принципите на меѓународното право остане неказнето, ќе се отвори Пандорината кутија и тоа ќе се повтори во сите делови на светот. – Нападот на Русија врз Украина е напад врз принципите што ги воспоставивме по Втората светска војна. Ако дозволиме ова да помине неказнето, тогаш ја отвораме Пандорината кутија и тоа постојано ќе се повторуваме во сите делови на светот, истакна Блинкен по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Блинкен ја пофали Европска Унија за нејзината брза акција за воведувањето на најстроги санкции против Русија.…

Read More

Бомбаш самоубиец во шиитска муслиманска џамија во северниот пакистански град Пешавар уби најмалку 56 верници за време на петочната молитва, а рани 194, соопштија болничките власти. Ниту една милитантна група досега не ја презеде одговорноста за нападот. Познато е дека „Исламска држава“ и пакистанските талибанци во минатото извршиле слични напади во оваа област, недалеку од границата со Авганистан. Пакистанските талибанци дејствуваат одделно од авганистанските талибанци. Портпаролот на болницата во Пешавар, Асим Кан, изјави дека многу од ранетите се во критична состојба, пренесе АП. Началникот на градската полиција Мухамед Ејаз Кан изјави дека насилството започнало кога вооружен напаѓач почнал да пука…

Read More

Рускиот државен регулатор во комуникацискиот сектор, Роскомнадзор, денеска соопшти дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап до руските медиуми на оваа платформа. Роскомнадзор прецизираше дека од октомври 2020 година имало 26 случаи на дискриминација кон руските медиуми на Фејсбук, со ограничен пристап до медиумите како РТ и Риа Новости. Руското регулаторно тело претходно соопшти дека „евидентира се повеќе случаи на неосновано блокирање на официјалните профили на руски медиуми и функционери на странски интернет платформи“. 

Read More

Светот за влакно избегна нуклеарна катастрофа, кога избувна пожар за време на рускиот напад врз нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави денеска американската амбасадорка во ОН, Линда Томас-Гринфилд. Таа побара гаранција од Москва дека таков напад нема да се повтори. Обраќајќи се на вонредниот состанок на Советот за безбедност на ОН, Томас-Гринфилд истакна дека нападот укажува на „опасна нова ескалација“ на руската агресија против Украина и предупреди дека „непосредна опасност“ сè уште постои, наведувајќи дека руските војници се оддалечени 32 километри од вториот по големина нуклеарен објект во Украина. Воените операции околу нуклеарните локации се неприфатливи и неодговорни, истакна заменик-генералниот…

Read More

Кај граѓаните не треба да има паника во однос на непречено снабдување со горива. Нашата држава има горива за непречено снабдување на бензиските пумпи, ние се снабдуваме со гориво преку Република Грција и таков проблем не постои, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Премиерот потенцираше дека она што вчера се случи било предизвикано од страна на неколку помали продавачи на нафтени деривати, кои ги ограничија количините од шпекулативни причини. -Она што вчера се случи беше предизвикано од неколку помали продавачи на нафтени деривати кои ги ограничија количините од шпекулативни причини, што јас го израмнувам со воено профитерство. Тоа предизвика непотребна паника, гледате…

Read More

Во Украина, Русија и руската воена машинаерија ја води третата војна против демократијата во Европа. Првите две се уште одекнуваат по улиците на Будимпешта и Прага како тешка траума која две нации отргна насилно од нивните аспирации да живеат во мир и слобода. Првата војна официјална Москва ја поведе на 4 Ноември 1956 година кога на улицте на Будимпешта рано  изутрината на 4 Ноември, 1956 година во градот влегуваа илијадници руски војници и стотици оклопни возила. Интервецијата на руската армија уследи по протестите на студентите на 29 Октомври истата година со кои беа истакнати 16 барања до тогашната комунистичка власт.…

Read More

Британскиот јавен сервис Би Би Си денеска објави дека ги повлекува сите свои новинари од Русија за да ја гарантира нивната „безбедност“ по усвојувањето на законот кој предвидува затворски казни во случај на ширење „лажни информации за армијата“ и блокирање на неговата веб-страница на руски јази во рамки на руската инвазија врз Украина. Оценувајќи дека Москва веројатно сака да го „криминализира независното новинарство“, генералниот директор на Би Би Си, Тим Дејви истакна во соопштението дека „не постои друг избор освен времено суспендирање на работата на сите новинари на Би Би Си Њуз“ на територијата на Русија. Тој нагласи дека рускиот…

Read More

Владата и претставници на Сојузот на здруженијата на пензионерите и Партијата на пензионерите се договорија да има промена на методологијата за усогласување и пораст на пензиите и за дополнителна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари за април, мај и јуни. -Денеска се договоривме да го прифатиме предлогот на пензионерите за воведување нова методологија за порастот на пензиите врз основа на таканаречена швајцарска формула односно учество на 50 отсто зголемување на трошоците на живот и 50 отсто учество на порастот на минималната плата, рече по завршувањето на средбата премиерот Димитар Ковачевски. Усогласувањето на пензиите ќе се врши двапати во…

Read More