Author: Ivana

Украина и Русија ја завршија втората рунда мировни преговори, при што се согласија да се креираат хуманитарни коридори за извлекување на цивилите од градовите. Постигната е согласност за испорака на лекови и храна до местата каде што се водеа најжестоките борби. Рускиот преговарач Владимир Медински изјави дека разговорите постигнале „значителен напредок“ во услови кога руските сили ги опколија и бомбардираа украинските градови, при што конфликтот влезе во втората недела. Советникот на претседателот Зеленски, Михајло Подољак, кажа дека преговорите не ги дале резултатите на кои Киев се надеваше. – На наше големо жалење, разговорите не ги дадоа резултатите на кои сметавме. Но,…

Read More

Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). – На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени што на некој начин во услови на криза е воено профитерство, посочуваат од РКЕ. Од Комисијата нагласуваат дека во текот на денешниот ден добиле укажувања од поголем број потрошувачи дека одредени трговци на мало со нафтени деривати ја ограничувале количината, односно сумата до која го…

Read More

САД се подготвени да преговараат со Русија доколку руските трупи се повлечат од Украина. Ова го изјави американскиот заменик-државен секретар за политички прашања Викторија Нуланд во интервју за „Ехото на Москва“. – Доколку тој (Путин) е подготвен да ги повлече своите војници од Украина, ако е подготвен сериозно да разговара со нас дека оваа војна мора да заврши, ние сме подготвени да разговараме со него доколку е тоа така, истакна Нуланд. Таа, исто така, нагласи дека САД ги одложуваат редовните нуклеарни вежби за да не придонесат за ескалација во момент на воени дејствија во Украина. – Не го подигнавме нивото…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Вероника Хулман Марти, амбасадорка на Швајцарија во нашата држава. На состанокот се изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и е истакната поддршката од Швајцарија за напредокот на Република Северна Македонија во евроинтеграциите и на домашен реформски план. Оценето е дека интеграцијата на државава во Европската унија ќе биде придонес во стабилноста на регионот и на ЕУ. Исто така, пренесено е дека Швајцарија ќе продолжи да ги поддржува реформите во државава, од значење за граѓаните. Премиерот Ковачевски ја потврди важноста на придонесот на Швајцарија, како еден од најголемите…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека „нпо денешниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, кој ја изрази „својата голема одлучност“ да продолжи со офанзивата со цел „да ја преземе контролата“ во целата земја, соопшти Елисејската палата. По едночасовниот телефонски разговор на барање на Путин, рускиот претседател му рекол на својот француски колега дека операцијата на руската армија се развива „според планот“ и дека ќе се „влоши“ доколку Украинците не ги прифатат неговите услови, соопшти француското претседателство. „Очекувањата на претседателот (Макрон) се дека најлошото допрва доаѓа, со оглед на тоа што му го кажа претседателот Путин“, се додава во соопштението. Кремљ…

Read More

Борбите за најголемата нуклеарна електрана во Украина, лоцирана во град Енерходар, се уште траат. Градоначалникот на Енерходар Дмитро Орлов, каде се наоѓа најголемата нуклеарната централа, изјави дека руските сили се на работ од градот и дека украинските сили се борат да го одбранат. Ова електрана е главен снабдувач со електрична енергија во јужниот дел на земјата и задоволува околу една четвртина од потребите на Украина. Во меѓувреме, и украинските и западните медиуми, јавуваат дека во повеќе делови на Украина се водат борби. Попладнево во Киев се огласија сирените за опасност, а властите ги повикаа граѓаните да се засолнат. Во главниот…

Read More

Со 104 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“, во рамките на 65-та седница, Собранието попладнево ја усвои Потребата од донесување Декларација за осуда на воените напади кои го загрозуваат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, по скратена постапка. Декларација е по предлог на пратеничките од ЛДП и ДОМ, Моника Зајкова и Маја Морачанин. Образложувајќи ја потребата од усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади врз Украина, пратеничката од ЛДП, Зајкова, облечена во боите на украинското знаме, рече дека низ историјата, човештвото сведочело за бројни војни и внатрешни конфликти, од кои цената ја плаќале само невини човечки животи. –…

Read More

Украинскиот претседател Володомир Зеленски денеска го повика Западот да ја зголеми воената помош за Украина. – Ако немате моќ да го затворите небото, тогаш дадете ни авиони, изјави Зеленски на денешната прес-конференција. „Ако нас не нема повеќе, не дај Боже, тогаш следни ќе бидат Летонија, Литванија, Естонија“, рече тој и додаде: „Верувајте ми“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски говорејќи за денешните преговори со Русија изјави дека не се работи за условите кои ги поставува нивниот сосед туку за за поентата зад секое прашање. „Ние сме подготвени, како што реков, да разговараме за сите овие точки. Русија одамна формулираше одговори на сите нивни…

Read More

Кремљ води жесток напад врз слободата на медиумите и постапките на Москва да се лаже и задушува вистината за бруталната инвазија во Украина се засилуваат, обвини американскиот Стејт департмент.  Генералното обвинителство на Русија во вторникот побара регулаторот Роскомнадзор да ги затвори двата независни електронски медиуми „Ехо на Москва“ и „Дожд“, со тоа што го ограничи пристапот на нивните сајтови и забрани емитување.  Според Стејт департментот, властите во Русија исто така прават пречки за платформите на Твитер, Фејсбук и Инстаграм, од каде независни информации и мислења црпат десетици милиони руски граѓани, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  Во петок, рускиот Парламент…

Read More

Меѓународната финансиска, техничка и хуманитарна помош обезбедена за Украина изнесува повеќе од 15 милијарди долари, соопшти прес-службата на Народната банка на Украина. „Народната банка проценува дека вкупниот износ на меѓународна финансиска, техничка и хуманитарна помош е над 15 милијарди долари, од кои над 5 милијарди долари се директно за буџетот“, се вели во соопштението на регулаторот. Прес-службата истакна дека западните партнери и меѓународните организации „се обврзаа да одвојат значителни суми за зајакнување на одбранбените капацитети на Украина и поддршка на нејзината економија“. „Конкретно, ЕУ ќе обезбеди 1,2 милијарди евра макрофинансиска помош за Украина. Групата на Светска банка исто така реагира.…

Read More

Европската дипломатска служба денеска го осуди затворањето на два медиума и репресијата врз демонстрантите против војната во Русија, јави дописничката на МИА од Брисел. Властите во Москва вчера ги забранија телевизијата Дожд и медиумот Ехото на Москва, кои не можат повеќе да емитуваат ниту да објавуваат на интернет. Ехото на Москва е во стечај. За Европската унија замолчувањето на овие два медиума, кои важат за антивладини во Русија, се прави со цел да им се даде лажна слика на руските граѓани за состојбата во Украина. Истовремено во Русија се одржуваат бројни антивоени протести. Според Европската унија, 760 демонстранти биле приведени…

Read More

Изградбата и комплетирањето на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се наоѓаат во плановите на оваа Влада и на тоа се работи посветено, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговорајќи на новинарско прашање по неговата посета на Гостивар. Тој очекува годинава американско-турска компанија „Bechtel – ЕNKA“ да започне со работа на делниците на паневропските коридори. На прашањето кога ќе се започне со реконструкцијата и надградбата на делницата низ Полошката рамница, министерот појасни дека во моментов во ЈП Државни патишта има постапка за избор на консултантска куќа, која доколку биде избрана, ќе влезе во директни преговори со „Бехтел“ компанијата…

Read More