Author: Ivana

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска оствари телефонски разговор со претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен. Претседателката на ЕК фон дер Лајен, на премиерот Ковачевски му изрази благодарност за брзите реакции на Владата на Северна Македонија, за кои истакна дека во целост се усогласени со надворешната и безбедносната политика на ЕУ. Воедно, претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен искажа честитки за посветеноста на дијалогот Скопје-Софија и уште еднаш повтори дека Брисел силно го поддржува и поздравува овој процес кој ќе овозможи забрзување на процесот на евроинтеграции. И покрај загрижувачката ситуација со Украина која се…

Read More

Локалните власти во југо-источниот град Мариупол, во близина на границата со Русија, стравуваат дека голем број луѓе загинале во повеќечасовното континуирано гранатирање на градот. Од таму велат дека бројни цивили загинале како резултат на 14-часовното интензивно гранатирање на градот, кој со денови е под опсада на руските сили. Овој град на брегот на Азовското Море е стратешки важен за Русија, зашто овозможува копнено поврзување на анектираниот полуостров Крим со сепаратистичките трупи во источна Украина. Заменик-градоначалникот на градот Сергеј Орлов изјави дека една од населбите во градот, кој им е дом на околу 130 000 жители на овој град, меѓу кои…

Read More

Онлајн судењата се нова реалност во најразвиените судски системи, каде во постапките во кои странката, без разлика дали е сведок, вештак или обвинет, не може физички да биде присутна во судницата, сепак може да се одржи судење. Ова е многу поволно во однос на навременоста и ефикасноста на судовите. Од денес онлајн судењата стануваат реалност и за македонскиот судски систем, нагласи министерот за правда, Никола Тупанчески. Тупанчески, се наведува во соопштението од Министерството за правда, истакнал дека покрај судниците во Основниот суд Кавадарци, опремени се и останатите пилот основни судови, во Струмица, Штип и скопскиот Кривичен и Граѓански суд, и…

Read More

Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата, изјави на вонреден брифинг портпаролот на министерството Митко Димитров. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските специјални служби и Јавното обвинителство ја информирале министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска за собраните докази за разузнавачки активности извршени од руски државјани кои уживале дипломатски имунитет. -Тие вршеле нерегулирани разузнавачки активности, неспоиви со нивниот дипломатски статус на територијата на Република Бугарија, изјави Митко Димитров. Имињата на протераните руски дипломати не се објавени. На претставникот на руската амбасада…

Read More

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус повика на итно отворање на хуманитарен коридор во Киев за да им се пружи помош на жителите кои останаа во главниот град на Украина. „Постои итна потреба за воспоставување коридор за да се обезбеди сигурен и континуиран пристап за хуманитарните работници и испорака на залихи за луѓето кои имаат потреба“, рече Гебрејесус на брифинг во Женева. Директорот на програмата за итни случаи на СЗО, Мајкл Рајан рече дека е „потребен  хуманитарен пристап, периоди на примирје за да може да ги преместат пациентите и да транспортираат медицински материјали“. 

Read More

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска  денеска се сретна со претставниците на Полио Плус –движење против хендикеп. На средбата соговорниците разговараа за потребите и предизвиците на лицата со попреченост, личната асистенција која сега е достапна од шестгодишна возраст и инклузивниот процес на лицата со попреченост  во општествениот живот. Министерката информираше за новиот Закон, кој Министерството за труд и социјална политика го подготвува, а се однесува на вработувањето на лицата со попреченост и за промената на системот за проценка на состојбата и потребите на децата со попреченост, согласно Меѓународната класификација на функционирање, попреченост и здравје (МКФ), методологија препорачана од…

Read More

Повеќе од илјада странци досега се вклучиле во борбите против Русија, според украински податоци. „Доброволци од 16 земји ширум светот веќе дојдоа во Украина, подготвени да се борат заедно со украинскиот народ против агресорите“, изјави денеска украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Тој додаде дека „нивниот број веќе надминал повеќе од 1.000 луѓе“. Информацијата засега не е потврдена од независни извори, јави ДПА. Кулеба не прецизираше од кои држави дошле доброволците. Тој нагласи дека 19 земји досега ветиле испораки на оружје за Украина.

Read More

Владата на денешната седница донела Заклучок со кој го прогласила Куршумли Ан за културно наследство од особено значење. -Со оваа одлука се овозможува трајно зачувување на анот во изворна состојба, ширење на вредностите и значењето на Куршумли Ан, рече владиниот портпарол Муамет Хоџа. Заклучокот, како што појасни Хоџа, бил донесен на предлог на Управата за заштита на културно наследство. 

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ во денешното гостување, во „Студио 10“ на ТВ24, рече дека сега е добра можност да се забрза процесот на евроинтеграциите, бидејќи оваа ситуација на долгогодишно чекање не им оди во прилог ниту на ЕУ ниту на нас. -Европската Унија треба да влезе похрабро во политиката на проширување и проектирање на членството на државите од Западен Балкан. Мислам дека свеста во тој дел се менува. Ние се покажавме како доверлив партнер и ова е добра можност да се забрза процесот, кажа вицепремиерот Маричиќ. Тој додаде дека во наш интерес е да…

Read More

„Очигледно на граѓаните на Северна Македонија им треба исчекор, не им се потребни дополнителни назадувања. САД уште од почетокот беа многу јасни. Го поддржуваме влезот на Северна Македонија во ЕУ“, порача амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз во ексклузивно интервју за ТВ21. Таа вели дека иако тие не е членка на ЕУ, сепак сметаат дека тоа е стратешки интерес на Северна Македонија, на регионот, на ЕУ, па дури и на САД. – Постојано и јасно велиме дека сакаме пристапувањето кон ЕУ да се придвижи, колку што може побргу. Мислам дека гледаме единство и решителност во меѓународната заедница, помеѓу САД и…

Read More

Треба ние заедно со нашите сојузници да го гледаме нашиот интерес, порача лидерот на ВМРО -ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ Сонце зборувајќи за руско украинската конфликт. Мицкоски е дециден и вели дека македонскиот народ е промакедонски, а не проруски како што политичарите од власта го делат, укажувајќи дека него лично го интересираат македонските интереси и на македонската држава. – Јас ги разбирам граѓаните кои што во револт на овие анационални политики кои што се револтирани поради сето она што се случуваше изминатите години, промена на име, насилна промена на власт, узурпирање на власт, многу криминал и корупција,…

Read More

Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во  интервју за ТВ21 ја коментира актуелната состојба со Украина, но и одговара на прашањето „Колку е далеку Македонија од Украина во тековните околности“. Јовановски: Амбасадорке Брнз, како и сите во светот, и ние сме вознемирени поради војната во Украина. Колку е далеку Македонија од Украина во тековните околности? – Прво, Ви благодарам за оваа можност да гостувам во Вашата емисија и да зборувам за овој клучен момент во меѓународната безбедност, но и за како тоа ќе влијае на нашето стратешко партнерство. Кога сме на темата Украина, Северна Македонија е НАТО-сојузник…

Read More