Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Католичката хуманитарна организација Каритас Полска соопшти дека ќе прими 2.000 деца од украинските сиропиталишта. Првата група од 300 деца се очекува да пристигне утре. – На нашите источни соседи им се заканува хуманитарна катастрофа која брзо се приближува. Одлучивме да одговориме на кризата во Украина и да обезбедиме засолниште за најранливите во нашата земја, изјави денеска директорот на полскиот Каритас, Марцин Изицки. Децата ќе доаѓаат главно од сиропиталишта во источна Украина, која е најтешко погодена од рускиот напад врз земјата. Првата група ќе биде однесена во Ополе и Честохова во јужниот дел на Полска и ќе биде сместена во хуманитарни…
Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мери Брнз во интервју за ТВ21 ја коментира актуелната состојба со Украина, но и одговара на прашањето „Колку е далеку Македонија од Украина во тековните околности“. „Кога сме на темата Украина, Северна Македонија е НАТО-сојузник и е силен партнер што држи чекор со ЕУ, одговорна членка на меѓународната заедница и ни се придружи на САД и на другите во осудата на дејствијата што се одвиваат во Украина во моментов, бруталната руска агресија и активната војна во Украина. Осудата беше јасно и недвосмислено потенцирана, но исто така обезбедува и поддршка за украинскиот народ, како…
Европратениците во огромно мнозинство ја поддржаа резолуцијата со која се бара да и се додели кандидатски статус за членство во ЕУ на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Резолуцијата е донесена со само 13 гласа против и 26 воздржани, додека 637 гласаа за на денешната вонредна пленарна седница на Европскиот Парламент. Со ова европратениците испраќаат јасен сигнал до Украина, но и до Русија, дека Киев има целосна поддршка од единственото демократски избрано тело во Европската Унија. Претседателот на Европскиот Совет денеска побара Европската Комисија да изготви мислење за кандидатскиот статус на Украина во ЕУ. Бројни европратеници денеска порачаа дека…
Граѓаните да бидат спокојни, курсот на денарот останува стабилен и понатаму, исто како и банкарскиот систем. Нема банка во доминантна сопственост на акционери од Русија или Украина, од овој аспект, не постои изложеност на ризик и можност за влијание врз стабилноста на банкарскиот систем, посочува гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска во интервју за весникот „Вечер“. -Ние имаме фиксен курс на денарот, врзан за еврото. Оттаму од исклучителна важност за одржување на курсот се девизните резерви. Девизните резерви со кои располагаме се околу 3,4 милијарди евра, односно се на високо ниво и се во целост конзистентни со нашите очекувања. Ова ниво е повисоко…
Владата на Шпанија соопшти дека ќе им дозволи влез на Украинците кои ја напуштаат земјата поради руската инвазија и ќе испрати уште 150 војници во Летонија. Владината портпаролка Изабел Родригез истакна дека украинските бегалци ќе бидат „целосно граѓани“ од моментот кога ќе пристигнат во Шпанија, „во смисла на пристап до вработување“. Европската унија размислува да им даде на Украинците специјален статус според сè уште неискористената Директива за привремена заштита од 2001 година, која ќе им овозможи да живеат и работат во Унијата до три години. Директивата првично беше подготвена за бегалците од конфликтите што ја зафатија поранешна Југославија. Меѓутоа, за…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија мора да престане да ги бомбардира украинските градови пред да започнат преговорите за целосен прекин на огнот, откако првата рунда разговори меѓу двете страни оваа недела не даде резултати. Во интервју од добро чуваниот владин комплекс, Зеленски ги повика членките на НАТО да воведат зона на забранети летови за да ги запрат руските воздухопловни сили, нагласувајќи дека тоа ќе биде мерка на претпазливост што не треба да ја вовлече Алијансата во војна со Русија. Зеленски, кој ги одби понудите да го напушти главниот град додека руските сили напредуваат кон Киев, исто така…
Албанскиот претседател Илир Мета им се обрати на граѓаните на Албанија со повик да му помогнат на „украинскиот народ кој се соочува со рускиот окупатор“ и да го потврдат хуманизмот и човечката солидарност кои се „скапоцени карактеристики на нашата нација“. Мета пишува дека поради жестоките борби, хуманитарната ситуација во Украина е крајно критична и понизно ги повикува сите да ја следат иницијативата на албанскиот Црвен крст, за собирање помош за поддршка на украинскиот народ. – Почитувани граѓани поради жестоките борби, хуманитарната ситуација во Украина е исклучително критична. Понизно ве повикувам сите да ја следите иницијативата на албанскиот Црвен крст, да…
Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) соопшти дека земјите-членки се согласиле да ослободат 60 милиони барели нафта од нивните резерви за итни случаи за да го стабилизираат пазарот по руската инвазија на Украина. – Одлуката – донесена од 31 земја членка на управниот одбор на ИЕА – има за цел да испрати обединета и силна порака до глобалните пазари на нафта дека нема да има недостиг во залихите како резултат на конфликтот во Украина, се вели во соопштението.
Меѓународната лизгачка организација (ISU) стави забрана за учество на меѓународните натпревари во уметничко лизгање за руските и белоруските натпреварувачи. Во соопштението на организацијата се вели дека одлуката на Меѓународната лизгачка унија значи дека овие спортисти нема да се натпреваруваат на светското првенство од 21 до 27 март. – Советот на ISU ја повторува својата солидарност со сите погодени од конфликтот во Украина и нашите мисли се со целиот украински народ и земја, се вели во официјалното соопштение на Меѓународната лизгачка организација (ISU). Рускиот спорт продолжува да ги чувствува последиците од глобалното противење на руската инвазија врз Украина, поради тоа што…
Европскиот парламент усвои Резолуција со осуда на руската инвазија на Украина. За гласаа 637 од 676 пратеници, 13 беа против, а 26 беа воздржани. Резолуцијата остро ја осудува руската воена агресија врз Украина, како и вмешаноста на Белорусија, и ја повикува Москва веднаш да ги прекине сите воени активности, да ги повлече воените и паравоените сили и опрема од целата меѓународно призната територија на Украина. Од Русија се бара целосно да го почитува територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина во нејзините меѓународно признати граници. Резолуцијата ги осудува и оние кои изразија поддршка за Русија по нејзината агресија врз Украина…
Главната телевизиска кула во Киев пред малку беше погодена од проектил, јавуваат новинари и украински служби. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека кулата е бомбардирана. Според информациите од државната служба за вонредни состојби на Украина, пет луѓе загинаа, а пет се ранети. – Пет лица загинаа, а пет се ранети во гранатирањето на телевизиската кула во регионот Шевченковски. Спасувачката операција продолжува, се наведува во соопштението. Претходно украинските медиуми објавија дека руските сили ја погодиле ТВ кулата во Киев со два проектили. Според Министерство за одбрана во Украина, во нападот е оштетена операмата, а каналите нема…
Агресијата на Русија врз Украина и моментната соостојба таму биле во фокусот на средбата што американската амбасадорка Јури Ким ја остварила со албанската министерка за Европа и надворешни работи Олта Џачка, амбасадорот во ЕУ, Луиџи Сореца и со украинскиот амбасадор Володимир Шкуров, јави дописничката на МИА од Тирана. На средбата тие изразиле заедничка поддршка посочувајќи дека „САД, ЕУ и Албанија се на страната на Украина“. – Заедно со Олта Џачка и Луиџи Сореца ја изразивме нашата солидарност и поддршка на амбасадорот на Украина, Володимир Шкуров за неговата земја. САД, ЕУ и Албанија и другите земји ширум светот стојат заедно и…