Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Во украинскиот град Лавов редици луѓе чекаат да се приклучат на војската. Тарас Ишчик, портпарол на Силите за цивилна одбрана на Украина, посочува дека должност на сите на возраст меѓу 18 и 60 години е да аплицираат во центрите за регрутирање. – Ова е целосна мобилизација. Ние не филтрираме ниту еден од нив. Секој што сака да влезе во војска може да го направи тоа. Значи, сите луѓе, целата нација доаѓаат во центарот за регрутирање да се приклучат на војската. Ова е неверојатно патриотско ниво денес, рече тој.
Францускиот автомобилски гигант „Пежо“, еден од главните спонзори на Новак Ѓоковиќ, одлучи да ја раскине долгогодишната соработка со српскиот тенисер. Француската компанија во текот на јануари, додека траеше скандалот околу Ѓоковиќ и неговиот можен настап на Австралија Опен, јавно објави дека целата ситуација поврзана со српскиот тенисер нема да влијае на нивното партнерство. Сепак, еден месец подоцна, соработката е прекината, а причината за тоа, според британските медиуми, е ставот на Ѓоковиќ за време на пандемијата на коронавирусот и неговото мислење околу вакцинацијата. Соработката меѓу Ѓоковиќ и „Пежо“ започна во 2014 година, а нејзиниот крај дојде ден откако српскиот тенисер му…
Се заокружувата првата фаза од Хидросистемот „Злетовица“, кој треба да обезбеди водоснабдување на вкупно пет општини, порача денеска од Пробиштип, министерот за земјоделството, шумарство и водостопнаство, Љупчо Николовски. Тој забележа дека Владата во 2018 и 2019 година издвои дополнителни средства за целосна реализација на водоснабдувањето на пет општини од овој систем, а се инвестирани во Филтер станици, цевководи. Вода за пиење од овој систем добиваат Пробиштип, Свети Николе и Штип, додека Карбинци со изградбата на цевководот до осумте населени места кон крајот на годината, а за Лозово се заокружува документацијата за старт на изградба на Филтер станица. Тој најави дека…
Во текот на изминатите неколку дена, српските царински службеници во соработка со полицијата на граничните премини Прешево и Прохор Пчињски со Северна Македонија спречија два обиди за шверц на девизи преку граница и запленија вкупно 91.000 евра, јави дописникот на МИА од Белград. Првиот случај се случил на 25 февруари 2022 година на преминот Прохор Пчињски, каде поради непријавување девизи брачна двојка македонски државјани е прогласена за виновна, соопштија од српската Царинска управа. Брачната двојка македонски државјани се движела со автомобил со германски регистарски таблички, а кога поради контрола биле запрени на излез од Србија, рекле дека немаат што да…
Секогаш сме биле на вистинската страна на историјата и истото го правиме и сега, порача грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис од Парламентот и истакна дека „отворената руска инвазија на независниот нејзин сосед повторно ги буди старите кошмари на војни на континентот“, јави дописничката на МИА од Атина. За време на специјалната расправа за ситуацијата во Украина, свикана по барање на Мицотакис, нападот на Русија врз Украина го осудија поголемиот дел од опозициските партии, меѓу кои и СИРИЗА и Движење на промена. Грчкиот премиер истакна дека е јасно дека „влегуваме во друга историска ера, соочени со опасности за кои сега мислевме дека…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во видео изјава го оцени учеството на владината делегација на Инвестицискиот самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон. Во продолжение на ова соопштение ви го пренесуваме текстот на видео изјавата во целост: „Почитувани граѓани, На инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој во Лондон, ги презентирав можностите и предностите кои ги нудиме како држава на странските и домашните инвеститори. Северна Македонија има одлично развиени програми за поддршка за инвеститорите кои беа позитивно оценети на сите средби кои ги остварив. Воедно, со добри политики одржуваме стабилната…
Најпознатата македонска алпинистка, Илина Арсова која ги искачи највисоките врвови на седумте континенти е номинирана од страна на Амбасадорката на Германија Анке Холстајн за 2022 Европска жена на годината – Илина Арсова. Илина е планинарка, активистка за заштита на животната средина и уметница. Прва и единствена жена од Македонија која го освоила Монт Еверест висок 8848m и втора на Балканот која ги освоила највисоките врвови на сите 7 континенти. Истовремено се вбројува меѓу 70-те луѓе од целиот свет кои го совладале овој глобален екстремен планинарски предизвик. Арсова е ревносна борка за заштита на животната средина на Охрид и Охридското Езеро, посветена…
Украина заслужува веднаш да влезе во Европската унија, се наведува во отвореното писмо од претседателите на осум земји-членки на ЕУ – Бугарија, Чешка, Естонија, Летонија, Литванија, Полска, Словачка и Словенија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно вечерва објави дека потпишал официјално барање неговата земја да се приклучи на Европската унија. Тој беше посоветуван писмено да ѝ се обрати на ЕУ од страна на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Францускиот претседател Емануел Макрон е во постојана комуникација со украинскиот колега Володимир Зеленски, пофалувајќи го за неговото големо чувство за одговорност, напиша шефот на француската држава на својот фејсбук-профил. Тој остварил телефонски разговор и со рускиот претседател Владимир Путин, повторувајќи му го барањето на меѓународната заедница за прекин на руската офанзива против Украина, и инсистирал на потребата веднаш да се воспостави прекин на огнот. – Откако започнаа разговорите меѓу руската и украинската делегација, побарав од него да ги прекине сите напади и нападите врз цивили и населени места, да ја зачува целата цивилна инфраструктура и да ги обезбеди главните патишта,…
Безбедносната состојба е стабилна, досега нема индикации дека врз Република Северна Македонија постои директна или индиреткна закана по нејзината безбедност, смета министерката за одбрана Славјанка Петровска. Задолжение и надлежност на институциите од безбедносно разузнавачкиот сектор, како што изјави вечерва за Телевизија 24 министерката Петровска, е постојано да ја следат состојбата и да информираат за евентуална промена. Петровска информира дека е стапено во контакт со сите наши граѓани кои се пријавиле дека се во моментов во Украина и целта, како што рече, е кога ќе се создадат безбедни услови, да бидат донесени во државава. МНР, додаде, не би ризикувало да ја…
Руските сили се обидуваат да се приближат до главниот град на Украина Киев, но сепак тие се надвор од центарот на градот, соопшти на прес конференција портпаролот на Пентагон, Џон Кирби. – Гледаме дека руските сили одат понатаму и се обидуваат да се приближат до Киев од земја. Сè уште проценуваме дека тие се надвор од центарот на градот, но она што јасно го знаеме е дека имаат намера да влезат во Киев, рече Кирби. Russian forces launch an attack on Kyiv soon after the Ukraine-Russia negotiations are over. pic.twitter.com/8u4EYP8pkQ — The Kyiv Independent (@KyivIndependent) February 28, 2022 Кирби потенцира…
По нападот на Русија врз Украина, американскиот претседател Џо Бајден денеска се консултираше со германскиот канцелар Олаф Шолц, францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Борис Џонсон и други сојузници. Белата куќа објави дека повикот траел од 11:32 до 12:54 часот (16.32-1754 GMT). Покрај Бајден, Шолц, Макрон и Џонсон, меѓу учесниците беа и италијанскиот премиер Марио Драги, јапонскиот премиер Фумио Кишида, полскиот претседател Анджеј Дуда, романскиот претседател Клаус Јоханис и канадскиот премиер Џастин Трудо. На повикот беа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Белата…