Author: Ivana

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека ја потпишал апликацијата за во Европската Унија.  – Денеска потпишав апликација за членство на Украина во Европската Унија. Сигурен сум дека ова е реално остварливо, напиша Зелински на својот Фејсбуик профил. Тој од Европската унија побара на земјата да и се дозволи на Украина веднаш да добие членство по посебна процедура. Зеленски и претходно побара итен прием на Украина во ЕУ, а сега тоа го направи и со потпишување на овој официјален документ, од кој беа објавени и фотографии. „Ова е одлучувачки момент за ставање крај на долгогодишната дискусија еднаш засекогаш и за носење…

Read More

Генералното собрание на Обединети нации со едноминутно молчење за Украина ја отвори специјална вонредна седница на која ќе се дебатира за тоа дали да се осуди руската инвазија врз нејзиниот сосед. Претседателот на ГС Абдула Шахид пред 193-те членки на ОН повика на „итен прекин на огнот“. Тој упати апел до вмешаните страните да ја искористат „ретката“ можност за дијалог за „смислено и брзо да се деескалира“ ситуацијата. Франција денеска ќе поднесе резолуција во Советот за безбедност на ОН, со која ќе повика на итен прекин на огнот во Украина и гаранции за доставување на хуманитарна помош до цивилите. Во…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи и министерот за финансии, Фатмир Бесими, денеска во Лондон оствари средба со претседателката на Европската банка за обнова и развој, Одил Рено-Басо, во рамките на Инвестицискиот самит за Западен Балкан. Премиерот Ковачевски како исклучително позитивна ја оцени соработката со Европската банка за обнова и развој, со која Северна Македонија е партнер речиси 30 години и во која од 1993 година и до денес банката има одобрено суштински проекти во јавниот и приватниот сектор кои се од огромно значење за животот на граѓаните.…

Read More

Денеска во Штип, Здружението ПКУ Херои го одбележа денот на ‘ретките’ и испрати силна и гласна порака за поддршка и помош на лицата дијагностицирани со ретки болести. На настанот организиран по повод Меѓународниот ден за ретки болести, 28 Февруари учествуваа учениците од средното медицинско училиште ‘Јане Сандански’ и директорка Маја Гичева. Иницијативата беше поддржана и од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, и директорот на Клиничката болница – Штип, Ален Георгиев. ‘Идејата и целта на нашето здружение е да го подобри квалитетот на живот на лицата со ретки болести и да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат…

Read More

Владата на Република Северна Македонија се придружува на сеопфатната поддршка на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина, соопштија од прес центрот. – Видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина, се вели во соопштението на Владата.

Read More

Поради бројните појавени прашања за состојбите во и околу Украина, со посебен фокус кон состојбата на нашите државјани, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација. – Дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија, се вели во соопштението на МВР. Од таму потенцираат дека во моментот продолжуваат напорите…

Read More

Министерот за правда Никола Тупанчески денес се сретна со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во нашата земја, Н.Е. Кејт Брнз, со која разговараше за досегашната соработка меѓу двете држави во областа на правосудството, како и за можностите за унапредување и продлабочување на соработката. Министерот Тупанчески му се заблагодари на амбасадорката за досегашната поддршка и помош од страна на Соединетите Американски Држави за Северна Македонија, кога станува збор за подобрување на ефикасноста на судството. – Фокусирани сме на одржување на реформското темпо, спроведувањето на Законодавната агенда и јанењето на капацитетите на правосудните институции.Независното судство е важен темел на секое демократско општество,…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски и премиерот на Црна Гора, Здравко Кривокапиќ денеска во Лондон остварија средба, на која ја потврдија силната посветеност на двете земји за уште поинтензивна соработка, која после сојузништвото во НАТО е упатена кон заедничките ЕУ перспективи. Како што соопштија од владината прес-служба, за време на разговорот со својот колега од Црна Гора, премиерот Ковачевски ја нагласи потреба од заедничкото учество во унапредување на регионалната соработка со цел обезбедување европска перспектива за двете држави, напредок, стабилност и подобра иднина за граѓаните на Западен Балкан. Двајцата премиери се согласиле дека двете земји ќе ги искористат потенцијалите за зголемена соработка…

Read More

Не верувајте на лаги. Верувајте на информациите само од службени извори“, порача градоначалникот на престолнината на Украина, Виталиј Кличко. Претходно, „Асошиејтед прес“ објави дека Киев е опколен, но, спремен за борба. Но, неговиот портпарол рече дека Кличко е лошо интерпретиран и дека таа информација е лага и манипулација. Британски „Гардијан“ пренесува дека и самиот Кличко изјавил дека информациите дека Киев е опколен се лажни. „Руските медиуми ширеа информации за мене, дека Киев е опколен и дека евакуацијата на луѓето е невозможна. Не верувајте во лаги, верувајте само во информации од службени извори“, рече тој.

Read More

Разговорите меѓу руската и украинската делегација ќе почнат утре наутро, изјавил извор за ТАСС. – Тоа не е одложување. Средбата ќе почне наутро. Причината е логистиката на украинската делегација, рече изворот. Помошникот на рускиот претседател Владимир Медински, кој ја предводи руската делегација на разговорите, претходно изјави дека во неделата е постигнат договор со украинската страна за разговори во белорускиот регион Гомел. Руската делегација веќе го напуштила Минск и се упатила кон местото на разговорите, кое, според изворот на ТАСС, нема да биде откриено.

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски „дефинитивно нема да биде дел од делегацијата во преговорите со Русија“. Тоа го изјави амбасадорката на Украина во САД, Оксана Маркарова. Таа за Си-Ен-Ен изјави дека украинскиот претседател останува да ја „брани земјата“, го повика рускиот претседател да ја прекине војната и рече дека Украина ќе испрати делегација на преговорите. Амбасадорката додаде дека Украина е секогаш подготвена за разговори, но дека не е подготвена да се предаде.

Read More

Евакуацијата на цивилите од Киев сега не е возможна. Главниот град на Украина е опколен,  изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. „Не можеме да евакуираме цивили, бидејќи сите патишта се блокирани. Моментално сме опколени. Само што разговарав со претседателот Зеленски. Никој не се чувствува добро, изјави Кличко за американски медиуми. Кличко призна дека властите во главниот град не успеваат целосно да ги контролираат вооружените доброволци во единиците за територијална одбрана. „Да бидам искрен, немаме стопроцентна контрола над вооружените единици на доброволци“, рече Кличко, нагласувајќи дека Киев е на раб на хуманитарна катастрофа. „Засега во нашите домови имаме струја, вода и…

Read More