Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Албанија од вечерва го затвори воздушниот простор за сите руски авиокомпании или секој авион регистриран во Русија, информираше министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка. Според неа од тоа се изземаат оние летови кои се за хуманитарни или медицински цели или меѓудржавни потреби. Џачка информираше и за други економски санкции против Русија, што ќе траат „сè додека Русија продолжува со агресијата врз Украина“. – Економските санкции опфаќаат ограничувачки мерки во секторот финансии, енергија, транспорт и технологија. Исто така Албанија нема да учествува на ниту еден спортски натпревар со Руската Федерација, истакна меѓу другото Џачка соопштувајќи ја одлуката на албанската…
Советот за безбедност на ОН за утре свика вонредна седница на Генералното собрание, на која ќе се разговара за руската инвазија врз Украина, додека западните сојузници ја засилуваат дипломатската кампања за изолација на Москва. Гласањето на 15-члениот совет денеска беше процедурално, така што Русија не можеше да стави вето. Одлуката за свикување седница на Генералното собрание беше донесена со 11 гласа „за“. Русија гласаше против, додека Кина, Индија и Обединетите Арапски Емирати беа воздржани.
Шефот на ЕУ дипломатијата, Жозеп Борел, ги соопшти деталите од одлуката за испраќање оружје во Украина за помош против руската агресија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите за надворешни работи на ЕУ вечерва се согласија за прв пат во историјата да се даде можност преку Европскиот фонд за мир да се финансира и испраќа смртоносно оружје во трета земја. Предлогот го поднесе Борел утрово и бил усвоен вечерва, не со целосна согласност, но без попречување од ниту една земја членка. Иако нема детали за гласањето, се претпоставува дека воено неутралните земји се тие кои не опструирале, бидејќи им се…
Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп. Веднаш се преземени мерки и активности за пронаоѓање на детето и во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон. Во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови. Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани…
Министрите за финансии на Групата седум најразвиени земји ќе се состанат во вторник за да разговараат за итна помош за Украина, објави претседателот на Светска банка Дејвид Малпас. Во интервју за Си-Би-Ес, тој ја нарече неодамнешната руска инвазија „трагедија“ не само за Украина и нејзините соседи, туку и за Русија, каде приходот по глава на жител е намален под оној на Кина. Според него, изгледите за скок на цените на нафтата и храната предизвикани од конфликтот носат „голема загриженост“. Малпас рече дека финансиските санкции наметнати од западните земји на Русија – особено исклучувајќи некои руски банки од меѓубанкарската платформа SWIFT…
Премиерот Димитар Ковачевски пред почетокот на работниот дел од посетата на Лондон за учество на Инвестицискиот Самит за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), оствари средба со македонски граѓани и истакнати професионалци кои живеат и работат во Обединетото Кралство. Ковачевски и амбасадорката на Северна Македонија во Обединетото Кралство, Александра Миовска се заблагодарија на претставниците на македонската дијаспора за редовната и плодна поддршка која ја пружаат на нашата амбасада во Лондон, за промоцијата на Северна Македонија во оваа пријателска земја и за промоцијата на македонскиот јазик и останатите културни белези на нашата татковина. Премиерот ги запозна нашите…
Турција денеска ја промени својата реторика, нарекувајќи го рускиот напад врз Украина „војна“ и вети дека ќе спроведе делови од меѓународниот поморски договор за ограничување на минувањето на руските воени бродови од Средоземното Море до Црното Море. Украина ја повика Турција да го блокира натамошниот влез на руски бродови во Црното Море, од каде руските сили почнаа да навлегуваат во јужниот брег на Украина. Најмалку шест руски воени бродови и подморници минаа низ турскиот теснец овој месец. -Сега веќе не се неколку воздушни напади, ситуацијата во Украина може официјално да се нарече војна. Затоа, ќе ја спроведеме конвенцијата од Монтре,…
Заев: Осуда на агресијата врз Украина, целиот демократски свет стои на страната на мирот и дијалогот
Поранешниот премиер Зоран Заев попладнево преку „Фејсбук“ ја осуди агресијата врз Украина и упати поддршка до раководството на земјата и до украинскиот народ да опстои во одбраната. – Овие денови секој момент го живееме со украинскиот народ. Даваме поддршка, сочувствуваме, ја споделуваме нивната болка и нивната храброст. Тие се нашите херои, а ние, нивните поддржувачи, напиша Заев на својот фејбук профил. Тој упати силна осуда на агресијата која деновиве се спроведува врз суверената Украина, а во исто време упати уште посилна поддршка до раководството на земјата и до целиот украински народ за да опстојат и за да си ја одбранат…
Интересот на Унгарија е да се избегне воен конфликт меѓу Украина и Русија, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој повтори дека Унгарија нема да испраќа оружје во соседна Украина, но ќе им помогне на сите бегалци од таа земја. Орбан изјави за унгарската државна телевизија дека неговата влада ќе се фокусира на интересите на Унгарија и ќе донесе одлуки што ќе им овозможат да останат надвор од конфликтот и дека нема да има санкции чија цена Унгарија на крајот ќе мора да ја плати, дури и ако биде надвор од конфликтот.
Руската полиција денеска приведе повеќе од 900 лица на антивоените протести во 44 руски градови, со што вкупниот број на уапсени се искачи на повеќе од 4.000 од почетокот на инвазијата на Украина на 24 февруари, објави протестната невладина организација ОВД-Инфо. https://www.youtube.com/watch?v=xtIQMLsxaW8 Русите во неколку градови, вклучувајќи ги Москва, Санкт Петербург и Самара, денеска повторно излегоа на улиците во знак на протест против руската инвазија на Украина. Демонстрантите маршираа во центарот на градовите, извикувајќи „Не на војната“. Денешните протести се совпаѓаат со седмата годишнина од атентатот на опозицискиот политичар Борис Немцов, а некои апсења се случија во близина на импровизираниот…
Во одговор на руската инвазија на Украина во повеќе сојузни држави најавија бојкот на руски производи во солидарност со народот на Украина подложен на воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Вашингтон. Гувернерот на Охајо, Мајк Девин, синоќа објави забрана на руски увозни стоки во сојузната држава. Слични чеори се најавени и во други сојузни држави како Њу Хемпшир и Вирџинија, но и во Канада. Во соопштение до јавноста синоќа, Девин изјави дека дал директива до Одделот за комерција на Охајо веднаш да се запре како со набавката така и со продажбата на сите алкохолни производи…
Повеќе од 100.000 луѓе излегоа на улиците на Берлин на протести против руската агресија врз Украина, далеку надминувајќи ги очекувањата на организаторот за 20.000 учесници. Илјадници луѓе ги пополнија булеварите меѓу Бранденбуршката порта и Столбот на победата. Се вееја украински знамиња, а на транспарентите беа испишани пораки како „Сопрете ја војната“, „Сопрете ја трговијата со Путин“ и „Солидарност со Украина“. На протестот, организиран заеднички од организации за човекови права, мировни движења, синдикати и цркви, имаше значително поголем број демонстранти од најавените 20.000. Полицијата споменува „ниска шестцифрена бројка“, додека организаторите говорат за над половина милион демонстранти. Сите патишта што водат до…