Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Постои голема веројатност во следните неколку часови самопрогласената влада на Белорусија да одлучи белоруските вооружени сили да земат учество во војната со Украина на страната на Руската Федерација, изјави денеска Андриј Захородник, поранешниот украиснки министер за одбрана, во моментов шеф на Центарот за одбранбени стратегии, пренесува Укринформ. -Од сигурни извори кажуваме дека е многу веројатно самопрогласената влада на Република Белорусија во следните неколку часа да одлучи за учеството на нивните вооружени сили во војната што ја води Руската Федерација против Украина. Тоа ќе значи вклучување на силите и средствата на војската на Белорусија против нашите одбранбени сили. Единствената причина за…
Градот Храков повторно е под контрола на Украина, украинските сили ја вратила контролата врз еден од клучните градови, тврди регионалниот гувернер Олех Синегубов. Истата информација на социјалните мрежи ја ливеруваше и порашниот украински амбасадор во Австрија, Александар Шерба, кој сега е дел од најголемата национална компанија за гас и нафта „Нафтогас“. „Официјално. Храков е целосно под украинска контрола. Неколку напаѓачи се обидуваат да избегаат пеш“, напиша тој на Твитер. Official. Kharkiv under full 🇺🇦 control. A couple of invaders are trying to escape on foot. Let the safari begin! #RussiaGoHome #RussiaGoToHell — olexander scherba🇺🇦 (@olex_scherba) February 27, 2022 Исто така,…
Украина денеска отвори веб-страница за загинатите руски војници за да можат семејствата да ја дознаат нивната судбина. На страницата „200rf.com“ може да се најдат фотографии и воени документи на руски војници за кои се претпоставува дека загинале од почетокот на руската инвазија пред четири дена. На таа страница има и снимки од заробени руски војници, со нивните имиња и места и градови од кои доаѓаат. „Знам дека многу Руси се загрижени и сакаат да знаат што се случило со нивните синови, браќа, сопрузи“, изјави Виктор Андросив, советник на министерот за внатрешни работи на Украина. Киев тврди дека за четири дена…
Попладнево почувствуван земјотрес во Битола. Земјотресот бил со јачина од 3,6 степени по Рихтер. Според првичните информации епицентарот е кај македонско-грчката граница во близина на Битола. Потресот се случил околу 14:01 часот, според податоци од ЕМСЦ.
Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека Владата на Србија денеска ќе ги потврди заклучоците на Советот за национална безбедност во врска со ситуацијата во Украина и дека државата ќе постапува согласно тие заклучоци, јави дописникот на МИА од Белград. Брнабиќ за ТВ Прва изјави дека и се најважни четирите одлуки, од кои првата е почитување на територијалниот интегритет на Украина во согласност со меѓународното право, исто како што Србија сака да се почитува нејзиниот територијален интегритет. -Второ, дека нема да воведуваме санкции кон Русија во согласност со нашите интереси, трето, да ја задржиме воената неутралност и да ја почитуваме одлуката…
Украина се согласила да води преговори со руската делегација во Белорусија, јавуваат руските медиуми. Според РИА Новости, руската делегација од Минск заминала за Гомел. Соопштението доаѓа само неколку минути откако истече рокот што претходно го постави руската делегација за почеток на преговори со Украина. Делегацијата на Украина оди во Гомел во Белорусија на преговори со Русија, изјавија помошникот на претседателот Путин и шефот на руската делегација Владимир Медински, пренесе Спутник. Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Андреј Руденко, изјави дека украинската страна треба самостојно да определи на кое ниво и во каков состав ќе биде претставена во преговорите со Русија.…
И по 120 дена ниту еден градоначалник на СДСМ и ДУИ не излегоа со отчет за сработеното, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо тоа СДСМ денес најави скандал, а во реалноста не видовме ниту жижалица, а не пак петарда или бомба. Видовме како СДСМ жали што на законит начин е сменет некадарен партиски директор на градинка од овластен ревизор. По теркот на тоа што сме навикнати од СДСМ денес не видовме како некој договара бизнис од 200 илјади евра како што тоа пред камера го правеше лидерот на СДСМ Зоран Заев, евро за него евро за Вицето. Не видовме ниту грабање на…
Генералниот секретар во Министерството за надворешни работи на Грција Темистоклис Демирис, по добиените упатства од шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, упатил протесна нота до рускиот амбасадор во Атина Андреј Маслов за „воздушните напади во селата Сартана и Буга“, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Демаршот доаѓа откако во текот на вчерашниот ден вкупно десет грчки иселеници ги загубија животите во две украински села, а според грчките власти, загинале при бомбардирањето од руски авиони. Дополнително, генералниот секретар упатил и вербална нота, во која, меѓу другото, истакнал дека „Министерството за надворешни работи изразува згрозеност од неиспровоцираните воени…
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски од денеска во наредните два дена ќе ја предводи владината делегација на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан којашто ќе се одржи во Лондон. Премиерот Ковачевски заедно со заменик-претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи и министерот за финансии Фатмир Бесими за време на самитот, покрај учеството на пленарната сесија на самитот со која ќе претседава претседателката на ЕБОР, Одил Рено-Басо, ќе остварат и повеќе други работни средби со високи претставници на банката. – За време на Инвестицискиот Самит на Европската банка за обнова и развој за Западен…
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави денеска дека ќе предложи европска финансиска помош за Украина за купување оружје и гориво. „На министрите за надворешни работи на ЕУ ќе им предложам користење на Европскиот мировен фонд за две итни мерки. Целта на овие мерки е да се финансира снабдувањето со смртоносен материјал за херојската украинска армија, која се бори со жесток отпор против руските напаѓачи, и да се обезбедат итни потреби за други материјали, како што се гориво и медицински материјали, рече Борел, кој свика вонреден виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки…
Владата на Република Северна Македонија на денешната 18-та седница донесе одлука да се приклучи на препораките на ЕУ и на земјите членки кои веќе донесоа таква одлука, да воведе забрана за влез во воздушниот простор на територијата на Северна Македонија за авио компании од Руската Федерација. Од оваа одлука се изземаат хуманитарните и летовите кои се во случаи на итност. Владата ја задолжи АД во Државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ да ја отпочне постапката за спроведување на оваа одлука и да ги извести Европските воздухопловни власти за забраната за влез во воздушниот простор…
Русија им даде краен рок на украинските власти до 15 часот по локално време денеска за да се одлучат дали ќе дојдат на разговори во белорускиот град Гомел. Владимир Медински, шеф на руската делегација и помошник на претседателот Владимир Путин, изјави за државни медиуми дека ќе останат до даденото време и ќе чекаат одговор. „Штом ќе ја добиеме оваа потврда, веднаш ќе тргнеме да се сретнеме со нашите колеги во преговорите“, рече Медински. „Ние се залагаме за мир“. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денска нагласи дека би бил подготвен да разговара со Русија, но го отфрли нивниот предлог за средба во…