Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за надворешни работи соопшти дека во соработка со партнерски земји е обезбеден транспорт за евакуација на наши државјани кои се наоѓаат во Одеса, Украина. – Поради тоа, апелираме нашите државјани кои се наоѓаат во Одеса, итно да го контактираат Министерството, со цел достава на податоци и координација на процесот за евакуација на дежурниот телефонски број +389 75 273 732. Воедно, Министерството остварува комуникација со нашите државјани со чии податоци располага, со цел достава на насоки за постапување, се вели во соопштението од МНР. Дополнително, се прават напори да се обезбедат начини за евакуација и за македонските државјани кои во…
Соединетите Американски Држави и нивните сојузници воведоа санкции против руски официјални лица, бизнисмени, банки и економски сектори поради тековната воена операција на Москва во Украина, која рускиот претседател Владимир Путин ја опиша како „специјална воена операција“. Алтернатива на санкционирањето на Русија за да се казни за нејзината инвазија на Украина би бил почеток на „Третата светска војна“, изјави американскиот претседател Џо Бајден. Бајден рече дека една од неговите главни стратешки цели е да го одржи обединувањето на НАТО и Европската Унија додека Русија ја напаѓа Украина. „Мојата цел од самиот почеток беше да се погрижам да го задржам целото НАТО…
Мобилните оператори , ,,Киевстар”, ,,Водафон Украина” и ,,Lifecell” го блокираа пристапот до своите мрежи за преплатниците од Русија и Белорусија. Во заедничкото соопштение на трите компании стои назнаката,, претплатникот веќе не е претплатник.
Германија ќе и испорача на Украина 1.000 парчиња противтенковски орудија и 500 ракети земја-воздух „Стингер“ од резервите на Бундесверот за да може оваа нападната земја да се одбрани од руската инвазија, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. „Руската инвазија на Украина означува пресвртница. Наша должност е да дадеме се од себе за да ја поддржиме Украина во одбраната од инвазијата на војската на Путин“, напиша Шолц на Твитер, пренесоа британските медиуми. Претходно денеска германската Влада ја одобри испораката на 400 ракетни фрлачи (РПГ) од Холандија во Украина, што значи драстична промена во политиката на Берлин по критиките од западните сојузници.…
Познатите градби и споменици ширум светот беа осветлени во сина и жолта боја како знаци на солидарност со Украина откако Русија изврши инвазија врз земјата. Кон овој солидарен чин се прклучи и Македонија каде зградата на Министерството за надворешни работи беше осветлена во боите како знамето на Украина.
Претседателот на Украина, Зеленски порача дека Украинците се подготвени да се борат онолку колку што е потребно и дека руските окупатори никогаш нема да можат да го победат својот народ. Тој ги поздрави предлозите на Турција и Азербејџан за мировни преговори со Русија и го издвои неговиот разговор со италијанскиот премиер Марио Драги како клучен за договорите за поголема меѓународна поддршка на Украина. „Ќе се бориме онолку долго колку што е потребно за да ја ослободиме земјата“, рече Зеленски во кратката видео порака, додавајќи дека на неговата земја моментално и недостигаат нафта и нафтени продукти. Зеленски притоа ги поздрави чекорите…
Голем конвој руски оклопни возила денеска поминал покрај дописникот на Си-Ен-Ен, Фредерик Плајтген и се упатил, како што вели тој, кон украинска територија и градот Харков. „Ова е нешто што го видовме во текот на денот, дека се повеќе од оваа тешка опрема се движеше кон линијата на фронтот“, извести тој од близина на Белгород во Русија. WOW @fpleitgenCNN is live on CNN right now showing an enormous column of Russian tanks moving toward the border near Kharkiv as night has fallen in Russia and Ukraine pic.twitter.com/Ge14jiO51x — Nora Neus (@noraneus) February 26, 2022 Тој додаде дека гледањето како Русите…
Си-Ен-Ен јавува дека е во тек голем напад врз стратешкиот поморски град Миколаив во јужна Украина. Русите го напаѓаат од воздух и од земја. Си-Ен-Ен пишува дека нападот дошол откако украинските војници испукале предупредувачки истрели. One of the guys behind all the burning Russian tank videos coming out of #Ukraine 🇺🇦. Further in the video you can see some more wreckages in the back. pic.twitter.com/zgc0wknsnt — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 26, 2022 #Ukraine 🇺🇦: brutal bombardments on #Mykolaiv (#Nikolaiv) tonight. pic.twitter.com/9sQg0mkUJ0 — Thomas van Linge (@ThomasVLinge) February 26, 2022 Градот кој се наоѓа кај Црното Море денеска го подигна својот…
Откако Киев ги одби преговорите за прекин на огнот, Руската војска доби наредба да ја прошири својата офанзива во Украина „во сите правци“ во согласност со плановите на операцијата, се вели во соопштението на руското Министерство за одбрана. Во Киев и во неколку градови низ Украина е прогласена воздушна опасност. Уште една тешка ноќ им следува на граѓаните. Воедно е забележано дека групите војници на ДНР и ЛНР ја продолжуваат офанзивата со огнена поддршка на вооружените сили на Русија. Единици на силите на ЛНР напаѓаат во правец на селото Рубизноје. Претседателот Зеленски денеска повторно им порача на Украинците дека не…
Меѓународниот монетарен фонд ја увери Украина во својата поддршка и продолжува тесно да соработува со владата за да и помогне на земјата на сите можни начини, се наведува на официјалната Фејсбук страница на Министерството за финансии на Украина, пренесува Укринформ. „Министерството за финансии продолжува да комуницира со ММФ за инструментите за поддршка на Украина. Сите дискусии се водат онлајн, со учество на персонал од Вашингтон. Конкретно, страните ги истражуваат опциите за натамошна финансиска поддршка, вклучувајќи го и сегашниот Стенд-бај аранжман од 2,2 милијарди долари со ММФ“, се наведува во соопштението. Украинската Влада, покрај тоа, од ММФ побара дополнително итно финансирање,…
Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 3.146 тестови, а регистрирани се 473 нови случаи на КОВИД-19: Скопје –255, Битола – 31, Куманово – 25, Прилеп – 23, Кавадарци и Велес – по 17, Тетово – 14, Кичево – 13, Охрид и Штип – по 12, Струмица и Гевгелија – по 10, Гостивар и Струга – по 5, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 3, Ресен, Крива Паланка, Делчево, Валандово, Пробиштип, Богданци и Крушево – по 2, Дебар – 1. Од вкупниот број на позитивни (473), регистрирани се…
Принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт на Твитер објавија дека стојат покрај украинскиот народ „кој храбро се бори за својата иднина“. „Во октомври 2020 година, имавме чест да се сретнеме со претседателот и првата дама на Украина кои ги споделија со нас нивните надежи и оптимизам за иднината на нивната земја. А, денес стоиме покрај претседателот на Украина и неговиот народ додека храбро се борат за таа иднина“, напишаа Вилијам и Кејт на Твитер. Членовите на британското кралско семејство ретко коментираат политички настани во јавноста и генерално не ги искажуваат своите ставови за важни политички прашања, во согласност со правилата кои…