Author: Ivana

Словенија денеска одлучи да го затвори словенечкиот воздушен простор за руските авиони поради инвазијата на земјата во Украина и одобри 100.000 евра на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за хуманитарна помош за Украина, соопшти словенечкото Министерство за надворешни работи. „Словенечката влада донесе одлука со која се забранува користење на словенечкиот воздушен простор за авиони регистрирани во Русија или во сопственост на руски оператори, а одлуката стапува на сила веднаш и ќе важи ‘додека постојат причини за тоа’“, се наведува во владиното соопштение. Контролорите на летови добија инструкции да одбијат да дадат дозвола за влез во воздушниот простор на такви руски…

Read More

Бугарскиот премиер, Кирил Петков, и министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, денеска одржаа вонреден брифинг за депортацијата на 140 бугарски државјани од Украина, јави дописникот на МИА од Софија. Три автобуса од Одеса заминаа за Бугарија за да ги изнесат Бугарите од Украина, меѓу кои и четворица италијански државјани. Бугарскиот ситуациски центар во рамките на Министерството за надворешни работи е во контакт со локалните власти во Киев за да обезбеди „зелен коридор“ за нивно заминување од главниот град на Украина. Генчовска коментираше дека им наредила на бугарските амбасади во земјите кои граничат со Украина да им излезат во пресрет на…

Read More

Руско-украинската војна ќе влијае негативно врз туризмот во земјава. Хотелските капацитети на охридско-струшката ривиера се подготвени доколку има потреба да прифатат бегалци од Украина. Претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажевски смета дека воената состојба во Украина ќе се одрази не само на бројот на туристи од Украина и Русија и од околните држави, туку и врз веќе намалената куповната моќ кај народот од енергетска криза. Според него, многу е тешко да направат цени со кои би можеле да бидат атрактивни, да направат обрт и да плаќаат скапа струја и скапи производи, како и исплата на плати. –…

Read More

Целодневен полициски час воведуваат властите во Киев кој ќе започне во сабота во 17:00 часот и ќе заврши во 8 часот во понеделник. Во соопштението се вели дека „сите цивили кои се на улица во периодот на полицискиот час ќе се сметаат за членови на диверзантските групи на непријателот“. Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика земјата да „застане цврсто“ против опсадата што може да ја одреди нејзината иднина. Тој ја одби американска помош за евакуација, велејќи: „Борбата е тука“. Официјален претставник на американското Министерство за одбрана рече дека нивните експерти забележале повеќе од 250 лансирања на проектили од Русија…

Read More

Рамзан Кадиров, лидерот на руската провинција Чеченија и лојален сојузник на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека чеченските борци се распоредени во Украина. Во видеото објавено на Интернет, Кадиров кажа дека чеченските војници досега немаат претрпено никакви загуби, додавајќи дека руските сили лесно можат да ги окупираат големите украински градови, но дека нивната задача е да избегнат жртви. Претходно Чеченскиот лидер  му се обрати на украинскиот претседател Владимир Зеленски. „Повикај го рускиот претседател Владимир Путин, побарај прошка од него, направи го тоа заради зачувување на Украина и нејзиниот народ, согласи се со сите услови што ги бара Русија. Тоа…

Read More

Повеќе од 150.000 луѓе досега ја напуштиле Украина, соопшти денеска високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди. Според него, бегалците главно одат во Полска, Унгарија, Молдавија и Романија. – Повеќе од 150.000 украински бегалци досега ја поминале границата на соседните земји, од кои половина заминале во Полска. Раселувањето во Украина исто така расте, но воената ситуација го отежнува проценувањето на бројот и пружањето помош, напиша Гранди на Твитер.

Read More

Двајца грчки иселеници загинаа, а шест се повредени, меѓу кои и едно дете при бомбардирањето од руски авион на цивили во селото Сартана во Украина, соопштија од грчкото МНР, изразувајќи ја нивната осуда, јави дописничката на МИА од Атина. -По наредба на министерот за надворешни работи, Никос Дендиас, генералниот секретар Темистоклис Демирис телефонски упати силна протесна нота до рускиот амбасадор во Атина и го повика утре во Министерството за надворешни работи, соопштија од грчкото МНР. Потсетуваат дека Дендиас, на средбата со шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров пред две седмици го истакнал прашањето за потребата за заштита на грчката дијаспора…

Read More

Британски тенкови пристигнуваат во Естонија како дел од потезите на НАТО за зајакнување на нејзиното источно крило по руската инвазија на Украина. Британското Министерство за одбрана соопшти дека тенкови „Челинџер 2“ и оклопни возила од Кралската Велшка борбена група стигнале до балтичката држава од Германија. Околу 1.000 војници и повеќе опрема се очекуваат во наредните денови со двојно зголемување на британското воено присуство во земјата, каде што Британија ја предводи борбената група на НАТО. Борбени авиони РАФ Тајфун кои се наоѓаат во Акротири на Кипар, поддржани од авиони за полнење гориво воздух-воздух Војаџер, ги завршија своите први воздушни полициски мисии заедно со сојузниците на…

Read More

Турција го затвори преминот на руските воени бродови низ Црното Море, во екот на руската инвазија на Украина, потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Им благодарам на мојот пријател, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и на народот на Турција за силната поддршка. Забраната за минување на руски воени бродови низ Црното Море и значителната воена и хуманитарна поддршка за Украина се исклучително важни денес. Луѓето од Украина никогаш нема да го заборават тоа“, напиша Зеленски на Твитер. I thank my friend Mr. President of 🇹🇷 @RTErdogan and the people of 🇹🇷 for their strong support. The ban on the passage of…

Read More

Во Словачка ќе бидат распоредени околу 1.200 странски војници од другите земји членки на НАТО како одговор на руската инвазија врз Украина, соопшти денеска словачкото Министерство за одбрана. Планот е дел од иницијативата на НАТО да се осигури дека земјите членки од источното крило на Алијансата се дополнително заштитени со испраќањето дополнителни сили за нивна заштита. Словачка се граничи со Украина и од завчера во неа почнаа да пристигнуваат првите неколку илјади бегалци од војната кај соседната земја . Словачкиот министер за одбрана, Јарослав Над, изјави дека очекува пристигнување на сили од Холандија и Германија. Германија ќе обезбеди и систем…

Read More

Со цел да се спречи очекуваниот голем руски напад врз украинскиот главен град Киев, локалните власти соопштија на жителите на главниот град им е поделено многу оружје. Поделени се вкупно 25.000 парчиња автоматско оружје, како и 10 милиони парчиња муниција, соопшти министерот за внатрешни работи Денис Монастирски во видео објавено на социјалните мрежи. Поделено е о противтенковско оружје, додаде тој. – Киев сам ќе се брани, рече Монастирски. Тој нагласи дека е горд кога видел луѓе како ги бранат своите градови, села, улици и куќи. – Сами се организираат, нема ни грабежи, ни немири, рече Монастирски.

Read More

Со украински знамиња, со слогани против војна и против Путин, Украинци кои живеат во Грција денеска одржаа мирен, антивоен протест пред Амбасадата на Русија во Атина. „Ние не сме нацисти, запрете ја војната”; „Путин, тргни ги рацете од Украина”; „Путин, убиец”; „Руски терористи, одете си од Украина”, беа дел од слоганите испишани на паноата, а во разговор со дописничката на МИА од Атина. Дел од Украинците раскажаа дека нивни роднини се во Украина, се наоѓаат во постојан контакт со нив и од нив дознаваат што се случува во нивните родни места, а сите се согласни дека никој не може да…

Read More