Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ivana
Министерството за образование и наука и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ќе продолжат да работат во насока на обезбедување на услови за вклучување на што поголем број на корисници, млади луѓе и наставен кадар од државата во реализацијата на меѓународни проекти од областа на образованието, обуката, младите и спортот, велат од МОН. Од таму додаваат дека учениците и наставниците од Северна Македонија имаат одлични можности за мобилност и вмрежување со врсниците, односно колегите од другите земји во Европа преку Еразмус+ програмата на Европската Унија. Според нив тоа е добар начин за размена на искуства, согледување на позитивни…
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 2.818 тестови, а регистрирани се 631 нов случаj со КОВИД-19, шест починати и 910 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство. Од новозаболените 631 случај од Скопје се 337, Велес 45, Битола 32, Куманово 30, Кавадарци 26, Прилеп 24, Тетово и Охрид по 18, Струмица 17, Кичево 15, Гостивар 8, Неготино и Дебар по 7, Гевгелија, Ресен и Крива Паланка по 6, Штип и Делчево по 5, Кочани, Струга и Радовиш по 3, Пробиштип и Богданци по 2 и Свети Николе, Виница, Кратово, Македоснки Брод, Македонска Каменица и…
Македонскиот репрезентативец Ѓоко Зајков, кој настапува во украинската фудбалска лига, за тимот на Ворскла од Полтава, изјави дека градот каде што живее не бил цел на напад. „Градот Полтава, каде што се наоѓаме, не беше цел на напад. Во овој момент сме безбедни“, вели Зајков во изјавата. Тој додава дека од клубот имаат најава за евакуација на странците. „Намерата е да се организира превоз со мини бус и евентуално да бидеме спроведени до некоја граница. Но, мора да се создадат услови. Во моментот воздушниот простор е затворен, а нема ниту возови. Ги чекаме инструкциите од клубот“, посочува Зајков во изјава…
Новата блокада на процесот на пристапување на Македонија во ЕУ не ја промени значително поддршката кај јавноста за членство во ЕУ. Во 2021 година 68 отсто од населението ја поддржува идејата за членство во ЕУ. Една третина од населението смета дека Северна Македонија никогаш нема да стане членка на ЕУ, а во исто време над една третина од населението има доста нереални очекувања дека државава би можела да стане членка на ЕУ во следните пет години. Според МИА, ова го покажуваат резултатите од истражувањето за перцепциите за ЕУ, од кое произлегоа два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес…
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари средба со Заедницата на заштитни друштва ЗАПОВИМ. На средбата се разговараше за нацрт-верзијата на Предлог законот за вработување на инвалидни лица. Министерката Тренчевска посочила дека текстот на законот не е конечен и оти во неговата подготовка ќе бидат вклучени и релевантни организации, партнери на МТСП, а ќе биде организирана и јавна расправа. -Ние сакаме да дојдеме до законско решение кое ќе биде во интерес на сите. Лицата со попреченост и нивната вработливост ќе ја добијат централната улога, бидејќи ќе бидат понудени најсоодветните решенија за нивно вадење од системот на социјална…
Извршена е кражба во црквите во пехчевските села Панчарево и Црник. Во Паначарево, според информации на жители на селото, украден е и автомобил пежо 206. – Автомобилот кој е украден е сопственост на панчаревецот Љупчо Гошевски, а кражбата во црквата „Св.великомаченик Димитриј“ е извршена преку разбивање на влезната врата, велат жители кои кражбата ја пријавиле во полиција во Берово. Од полицијата ја потврдија пријавата за кражбата на автомобилот и разбивањето на црквата и додаваат дека нивни екипи извршиле увид на самото место. Посочија дека според тврдењето на жителите непознати сторители влегувале и одземале пари од црквата, од почетокот на јануари…
Малолетник од Струмица синоќа на локален пат с.Иловица – с.Турново, Струмичко починал по пад од четирицикл, информираат од МВР. Од таму велат дека малолетникот околу 22.00 часот возејќи го четирициклот изгубил контрола, при што еден од двајцата сопатници паднал на коловозот. Тој бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде што била констатирана смрт. Увид на местото на несреќата извршиле Јавен обвинител и екипа на СВР Струмица.
Северна Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори, но и за членство во ЕУ. Јас го гледам како позитивно тоа што висок процент од граѓаните не гледаат друга иднина, освен иднината во рамките на ЕУ, истакна денеска германската амбасадорка во државава Анке Холштајн пред презентацијата на резултатите од „Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“. Холнштајн подвлече дека има голем континуитет во однос на проширувањето и оти Европската Унија се држи кон она што го кажа во март 2020 година, односно за отпочнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чии…
Јубилејното 35 издание на фестивалот на новосоздадени македонски песни „Фолк Фест-Валандово“ не доби финансиски средства како подршка од програмите на Министерството за култура за негово организирање и одржување. Според Министерството за култура, организаторите на најреномираниот наш фестивал за новокомпонирана македонска народна песна, наместо да се пријават на конкурсот од областа на фолклорна дејност, аплицирале во областа Музичко сценска дејност каде од комисијата биле одбиени. Одбиените апликанти имаат право на жалба во рок од 15 дена,така што и општина Валандово како организатор на фестивалот од национален интерес има право да се жали и да ја наочи апликацијата на вистинска адреса, велат…
Постои целосно нова динамика во дијалогот со Софија од кој се очекуваат резултати, но важно е процесот на реформи во Северна Македонија енергично да продолжи напред, датумот на отпочнување на преговорите сам по себе не е важен, оценува амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн. -Немам кристална топка и не би требало да предвидувам што било, бидејќи тоа не зависи од нас туку од други фактори. Она што сега го имаме е голема посветеност од новата бугарска Влада, имаме целосно нова динамика, се водат разговори од министрите за надворешни работи за конкретни чекори кон документот. Но ако сето тоа доведе…
Поради утринските напад врз Украина, првите бегалци веќе пристигнаа во Полска, јавуваат странските медиуми. Американски пар со багаж во рацете пристигна во Полска за да ги избегне воените конфликти. Ја преминале границата за да избегаат од војната во Украина, пренесува Ројтерс. Потсетуваме, руските сили истрелаа проектили врз неколку градови во Украина, објавија украинските власти и медиуми, откако претседателот Владимир Путин ја одобри, како што ја нарече, специјалната воена операција на истокот. Претходно, Европа најави дека се подготвува за мигрантски бран доколку ескалира ситуацијата во Украина. Романија веќе е подготвена да прими половина милион бегалци. Германија подготвува хуманитарна помош за Полска…
Кина соопшти дека ја следи ситуацијата во Украина и повика на „воздржаност“ од сите страни откако рускиот претседател Владимир Путин нареди воена операција на европскиот сосед. „Кина внимателно ја следи најновата ситуација и ги повикуваме сите страни да останат воздржани и да спречат ситуацијата да излезе од контрола“, рече портпаролката на Министерството за надворешни работи Хуа Чунјинг на редовниот брифинг.