Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори, но и за членство во ЕУ, смета амбасадорката Холштајн

0
By Ivana on February 24, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 24, 2022 12:46

Северна Македонија веќе одамна е подготвена за почеток на преговори, но и за членство во ЕУ. Јас го гледам како позитивно тоа што висок процент од граѓаните не гледаат друга иднина, освен иднината во рамките на ЕУ, истакна денеска германската амбасадорка во државава Анке Холштајн пред презентацијата на резултатите од „Анализата на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“.

Холнштајн подвлече дека има голем континуитет во однос на проширувањето и оти Европската Унија се држи кон она што го кажа во март 2020 година, односно за отпочнување пристапни преговори со Северна Македонија и Албанија, чии патишта, рече таа, се отворени.

Што се однесува до новата германска Влада, додаде Холштајн, таа првпат има посебен параграф за Западен Балкан и го споменува пристапувањето во првото поглавје во однос на пристапните преговори на Северна Македонија и Албанија.

– Се согласувам со тоа дека овој регион е дел од Европа и треба под покривот на ЕУ еден ден да станеме уште поблиски и позбиени. Патот кон тоа не е краток. Ниедна земја која што не е доволно подготвена нема да добие никаква корист од членството. Многу работи мора да се направат. Целосен премин на законодавството на земјата во рамките на законодавството на ЕУ, тој комплет на закони и регулативи на ЕУ, не знам колку е голем, но е значителен и постојано расте. И тоа треба да се направи. Значи, треба во многу области да има договори. Земја која што сака да биде членка мора да биде и подготвена да ги издржи и пазарните притисоци на ЕУ.

Таа смета дека треба да се работи повеќе на политичката едукација, да се објаснува што значи членството и што треба да се направи и оти да се стане членка бара време, а тоа главно ќе зависи од Северна Македонија преку продолжување на реформските процеси и колку побрзо тоа се одвива толку побрзо ќе може да се оствари и процесот на пристапување.  

Коментирајќи ги резултатите од истражувањето, Холштајн рече дека е многу корисно да се види развојот на перцепцијата за процесот на пристапување со еден ист метод со текот на годините.

– Исходот ќе се дискутира во детали, има доста негативни елементи – да, но она што мене најмногу ми го привлече вниманието е дека пат-позицијата во пристапниот процес не влијаела во значителна мерка на поддршката за членство во ЕУ како таква. Друг елемент којшто исто така ми го привлече вниманието, за тоа подоцна ќе зборуваме подетално, е дека 40 проценти од луѓето сметаат дека земјата е спремна за пристапување кон ЕУ што покажува значителен степен на недостиг на знаење, рече таа.

Холштајн нагласи оти земјите членки на ЕУ сфатиле дека мора да бидат заедно и многу погласно да ја истакнуваат потребата за отворање на пристапниот процес за Северна Македонија и Албанија.

– Многу земји членки се потребни да можат да се придвижат работите на овој план. Земјите членки исто така согледаа колкава штета е направена кон Северна Македонија кон нејзините реформски процеси, кон процесот на пристапување во регионот, кон репутацијата на ЕУ во регионот и на ЕУ како таква, додаде германската амбасадорка.  

Според неа, најнов елемент сега е тоа што во Бугарија има премиер којшто е активен и искажува посветеност да може да се ослободи патот на Северна Македонија кој пристапување во ЕУ.

– Ова значи значителен предизвик, но се чини можен. Тука ја имавме посетата на бугарскиот премиер во Скопје, потоа меѓувладиниот состанок во Софија, работата на работните групи една широка конструктивна агенда која треба да донесе опипливи резултати за граѓаните и да ги придобие повторно мислите и срцата на луѓето. Има разговори меѓу двете министерства за надворешни работи, тие работат кон оформување на рамката за преговорите за пристапување, има цврсти црвени линии за Бугарија, има исто така и црвени линии и за Македонија, додаде амбасадорката. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.