Author: Ivana

Европскиот парламент го осуди сецесионизмот на српскиот член на Претседателството БиХ, Милорад Додик, па го повика Европскиот совет да воведе санкции за лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи, како и за неговите соработници. – Се повикува Советот да наметне санкции за Милорад Додик и неговите сојузници, поради неговите коруптивни активности, континуирана дестабилизација на земјата и поткопување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина, се наведува во амандманот од годишниот извештај на Одборот за надворешни работи на Европскиот парламент,јави сараевскиот портал „Кликс“. За амандманот гласаа 504 пратеници, против 93, а 72 се воздржаа од гласање. Во амандманот, остро се…

Read More

Инциденти со гранатирање се забележани утринава во источна Украина, соопшти ОБСЕ. Украина тврди дека нападот го иницирале руски сепаратисти, а сепаратистите тврдат дека биле нападнати. Бунтовниците поддржани од Русија во источна Украина ги обвинија владините сили на Киев дека користат минофрлачи за да ја нападнат нивната територија, прекршувајќи ги договорите за ставање крај на конфликтот. Од друга страна, официјален претставник на операцијата на здружените сили на Украина изјави дека врз нејзините војници било пукано, но не возвратиле. Армијата тврди дека е погодена градинка. Во текот на викендот, пак, се случил и инцидент во Медитеранот. Американски и руски воени авиони летале…

Read More

Јас сум католик, сопругата ми е муслиманка, двете деца ни се православни, најмалото можеби ќе се декларира како Евреин, изјави Албанскиот премиерот Еди Рама во синоќешниот говорна Универзитетот Џорџтаун во Вашингтон. За да им покаже на студентите дека Албанија коегзистира со многу верски заедници, Рама го пренесол примерот на своето семејство. – Би сакал да го пренесам примерот на моето семејство. Јас сум католик, мојата сопруга муслиманка, нашите две повозрасни деца, од првите бракови, се православни. Ние имаме едно малечко детенце, што може да се реши да стане евреин, нему му останува да ја донесе одлуката. Го споменувам овој пример,…

Read More

Украинската криза во суштина е конфликт меѓу европскиот политички и економски систем и режимот на „рускиот претседател Владимир Путин и олигарсите“ кои „не го сакаат европскот поредок на демократија и слобода, успешни економии и социјална хармонија“, изјави високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел во дебатата за украинската криза во Европскиот парламент. Тој оцени дека таа криза не може да се сведе на проширување на НАТО, туку дека тоа е конфликт на идеи, но укажа на подготвеноста на ЕУ да вложи максимални напори за да влезе во дијалог. Високиот претставник на ЕУ рече дека „никој не знае што ќе направи Путин“,…

Read More

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски се огласи на Твитер по скандалот во Европскиот парламент откако отпоздрави со нацистички поздрав. – Кога ќе помешате обичен поздрав со нацистички, имате вистински проблем со законот на Годвин. Тоа што некој не се согласува со тебе не значи дека е нацист. Се извинувам ако мојот невин поздрав навреди некого, но ова е сериозен случај на Reductio ad absurdum, напиша на Твитер Џамбаски. When you mistake a simple wave with a Nazi salute you have a real Godwin’s law problem. The fact that one disagrees with you does not mean he is a Nazi. I apologise…

Read More

Бурата „Иленија“ (Ylenia) ја погоди Германија откако метеоролозите предупредија еден ден претходно дека северниот и источниот дел на земјата ќе биде засегнат од силно невреме проследено со урагански ветрови. Противпожарните и полициските единици пријавија соборени дрвја, оштетени автомобили, помали штети на станбени објекти, но засега нема поголема штета. „Изброивме 47 интервенции“, изјави портпаролот на пожарникарите во градот Кил, додавајќи дека е оштетена автобуската станица во Фленсбург. Најмногу проблеми имаше во Хамбург. Нивото на морето во пристанишниот град се зголеми толку многу што е поплавен познат пазар, а дрво кое падна врз шините го прекина сообраќајот на подземната железница. Околу два…

Read More

На територија на град Скопје вчера, во рамки на засилените полициски контроли, изречени се вкупно 250 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 86 санкции, за недавање првенство на пешаци 40 и а прекршоци што ги прават пешаците 30 санкции. Како што информира МВР, изречени се 11 мерки за возење без возачка дозвола, шест за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол и 47 за непрописно паркирање. -Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта,…

Read More

Полицијата во вторникот лишила од слобода 26-годишен скопјанец А.С. кој во претходните неколку дена извршил повеќе кривични дела на подрачјето на Аеродром. МВР информира дека тој бил приведен во полициска станица завчера околу 16 часот кога бил затекнат при извршување кражба во една просторија на Клиниката за стоматологија во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Во службен разговор со полициски службеници тој признал уште три дела за кои бил осомничен. – На 14 февруари 2022, на ул.„Ѓорѓи Капчев“ одзел патничко возило „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.И.(29) од Скопје. Истиот ден на ул.„Методија Шаторов Шарло“ одзел предмети од возило…

Read More

Собранието со 59 гласа „за“, ниту еден против и воздржан, ја донесе Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на подрачјето на Град Скопје, заради недостиг на топлинска енергија, можноста за користење на алтернативно гориво и состојбите на пазарот на топлинска енергија, во рамки на 63-та седница. Кризната состојба ќе трае до 30 април 2022 година. Владата, конкретно Електрани на С Македонија, треба да ја преземе обврската за снабдување со топлинска енергија наспроти БЕГ како снабдувач во услови кога цената на енергенсот е за 40 отсто зголемена. За опозицијата, граѓаните не треба да плаќаат повисоки сметки поради несовесното…

Read More

Катастрофа е ако не можеме да обезбедиме напредок и дозволиме Бугарија да застане на патот на Северна Македонија кон Европа, изјави денеска демократскиот сенатор од Конектикат Крис Марфи на сослушување за Западен Балкан во Сенатската комисија за надворешни работи. Тој побара САД да одиграат активна улога во процесот на преговорите меѓу двете држави, како и да и стават јасно до знаење на Бугарија дека е во нејзин интерес, како балканска држава, да осигура дека има пат кон ЕУ за С Македонија и Албанија, јави денеска Гласот на Америка. -За мене е катастрофа ако не можеме да покажеме напредок кон Европа. И зошто би…

Read More

Поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски утре излегува  од истражниот затвор Шутка по само две недели откако почна да ја издржува затворската казна од 2,6 години за случајот „АКМИС“. Од затворот во Шутка за Нова ТВ велат дека Панчевски утре треба да излезе од затвор откако тие официјално ќе добијат решение од Врховниот суд од каде по спроведено вонредно преиспитување на пресудите на Основниот суд во Велес и на Апелациониот суд во Скопје, е донесено решение со кое се укинува правосилната пресуда и случајот го враќа на повторно одлучување во скопска Апелација. Панчевски првично беше осуден на казна затвор од…

Read More

„По примерот на инклузивноста на моделот за раст на минималната плата започнаа и консултации и анализи за раст на пензиите кое со постоечкото редовно усогласување се прави два пати годишно и со пакетот за финансиска поддршка за справување со енергетската криза за пензионерите ќе го заштитиме и подигнеме стандардот на овие наши сограѓани”, истакна во интервју за ТВ Сител претседателот на Владата Димитар Ковачевски. Подвлекувајќи дека со предложеното решение за минималната плата, во јавниот сектор 17.000 вработени ќе добијат зголемување на минималната плата на ново ниво од 18.000 денари, Ковачевски потсети дека во изминатите години оваа Влада ги покачи платите…

Read More