Author: Ivana

Ефикасноста што Собранието, како највисок орган во државата, ја покажа при донесувањето на Законот за минимална плата да продолжи веднаш и со укинување на парафискалните давачки, а Владата да ги исплати доспеаните побарувања кон приватниот сектор Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија Во 2010 година кога Стопанската комора на Македонија излезе со новата програма за економски развој, централната проекција беше дека приватниот сектор со таа реформа мора да биде стожер на економскиот раст и да ја апсорбира високата невработеност. Со тоа, ние како најголеми претставници на приватниот сектор, јасно дефиниравме дека поддржуваме зголемување на платите и подобри…

Read More

Најстудено е утрово во Битола и во Берово со – 6 степени, во Струмица се измерени -5, во Скопје-Петровец и Претор -4, во Крива Паланка, Прилеп, Штип, Демир Капија -3, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Куманово, Охрид, Гевгелија -2. Во Виница и Дојран се измерени нуластепени, а максимални два степена се регистрирани во Крушево. Најмногу снег има во Маврови Анови 33 сантиметри, во Попова Шапка снежната покривка е 24, а во Крушево 18 сантиметри. Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево со појава на магла по одделни котлини. Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне…

Read More

Европската комисија овој месец треба да ја усвои новата ИПАРД 3 Програма 2021 – 2027 за нашата држава, а откако ќе се завршат административните процедури, ќе биде објавен и првиот јавен повик. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски вели дека се очекува со ИПАРД 3 земјава да добие над 50 проценти повеќе средства од ИПАРД 2. Во интервју за МИА тој најавува дека се работи и на акредитирање нови мерки. Досега, ИПАРД средства најмногу се бараа за опрема и модернизација на производствени и преработувачки капацитети, но во последно време атрактивна е и мерката за рурален туризам. -Еден од…

Read More

Во Скопје и во Софија денеска продолжува обновениот македонско-бугарски дијалог за надминување на отворените политички прашања и интензивирање на соработката меѓу двете земји. Во Софија ќе се одржи редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања. Денеска во Софија треба да продолжи и состанокот на работната група за инфраструктура на кој македонската делегација е предводена од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а бугарската од неговиот колега Николај Сабев. На заседавнието на меѓуресорската работна група за соработка во областа…

Read More

На Меѓународниот аеродром Скопје изутрина во 09:40 треба да слета авионот од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што ќе се реализира првиот лет на таа релација. Со авионот во Скопје ќе пристигнат македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави. Активностите ќе продолжат со состанок во Клубот на пратениците на кој треба да се разгледаат можностите и да се дефинирани деталите околу идното сообраќање на авиолинијата, која, според најавите, треба да биде редовна од следниот месец. Воедно треба да се утврдат и туристички пакети коишто…

Read More

Од понеделник ќе почне скрининг-тестирање по случаен избор кое треба да покаже дали и каков имунитет на КОВИД-19 има населението во земјава за да и помогне на Комисијата за заразни болести и на државата во планирањето на идните активности. Тестирањето се планира да се прави на примерок од 1.000 испитаници во Скопје, но има можност да се прошири во целата земја за да се добијат пореални  податоци за имунизацијата во вој момент. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски вчера информираше дека вакво тестирање беше направено пред една година и тоа покажа дека околу 30 отсто од испитаниците биле…

Read More

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната од 10 до 16 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со услови за слаба магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени. Во наредните денови следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд претежно во источните делови, а на планините слаб снег. Утре ќе дува умерен до засилен…

Read More

Турција предупреди дека Дојче веле и уште два странски медиума мора да добијат работна дозвола, во спротивно ќе биде блокиран пристапот до нивните платформи. Високиот совет за радио и телевизија на Турција соопшти дека Дојче веле, Гласот на Америка и Евроњуз на турски јазик имаат рок од 72 часа за добивање лиценца за работа. Илхан Ташчи, член на Советот и пратеник од опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) изјави дека одлуката на Советот е уште еден обид за нарушување на слободата на медиумите во Турција. Мнозинство, од вкупно девет членови во Советот, има владејачката Партија за правда и развој (АКП).

Read More

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица од Струмица, кои пренесувале марихуана на патот Ресен-Битола. Тие се осомничени за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата соизвршители, како што информира ЈОРСМ, на 8 февруари, од засега непознати лица, неовластено набавиле наркотична дрога марихуана наменета за продажба. – Дрогата, спакувана во 47 најлонски пакувања со вкупна нето маса од 44.516 грама и сместена во три патнички торби, ја пренесувале со автомобил „Шкода октавија“…

Read More

Образованието треба да биде визионерско, тоа од нас го бараат сегашните генерации кои ќе бидат граѓани на иднината. Заложбите за образование кое ќе ги пресретне, прифати и примени брзите научно-технолошки иновации и промени ни се заеднички, се согласија актуелниот министер за образование и наука Јетон Шаќири и поранешниот Арбер Адеми. Како што соопшти МОН, на денешната средба, на која присуствуваше и Еркан Арифи, градоначалник на Липково, се разговараше за активностите кои претстојат пред Министерството за образование и наука како и за капиталните инвестиции во образовната инфраструктура. -Адеми, кој е актуелен пратеник и координатор на пратеничката група на ДУИ, нагласи…

Read More

 На територија на град Скопје изречени се вкупно 246 сообраќајни мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 71 мерка за недавање предност на пешаци, 17 санкции за возење без возачка дозвола. – Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за нерегистрирани возила, шест за возење под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 61 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Read More

Откако хрватската Влада понуди по 200.000 куни (26.500 евра) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, РТЛ јави дека за еден месец се пријавило само едно лице. Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на РТЛ за фијаското на владината мерка, нагласувајќи дека на луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање. – Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба да се прашаат младите зошто заминаа? Пред се во прашање е…

Read More