Author: Ivana
Поддршката на Грција за европската перспектива на Западен Балкан, ја изрази грчката претседателка Катерина Сакеларопулу за време на средбата со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, додавајќи дека членството на регионот во ЕУ е од политички и економски интерес на самата Унија, јави дописничката на МИА од Атина. -Грција верува дека во времиња на зголемени глобални предизвици, како што е ова низ кое минуваме, европската перспектива на Западен Балкан, односно нивна целосна интеграција во Европската Унија е од политички и економски интерес на Европската унија, но тоа е и поттик за овие земји да ги направат неопходните реформи, истакна Сакеларопулу.…
Рускиот претседател Владимир Путин вети дека засега нема да покренува нови воени иницијативи во близина на Украина, како вовед во деескалација, тврди анонимен француски функционер по разговорите на Путин со францускиот претседател Емануел Макрон. Францускиот функционер, кој сакал да остане анонимен, тврди дека Путин се согласил и војниците кои ќе учествуваат во воените вежби на белоруска територија во близина на Украина, да се вратат дома по нивното завршување. Минатата недела западни медиуми јавија дека Русија планира да ги повлече своите војници по воените вежби меѓу 10 и 20 февруари. Путин не зборуваше за тие отстапки на прес-конференцијата по шест часовните…
Денеска (08.02.2022), полициски службеници од Единица за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ч.(62) од с.Љубанци, скопско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени еден пиштол непозната марка и калибар, еден карабин непозната марка и калибар, 977 куршуми различен калибар, три ловечки патрони и една воздушна пушка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.
Претседателот Стево Пендаровски го прими Ердоган Сарач, претседател на Движењето за национално единство на Турците. На средбата се разговараше за положбата на припадниците на турската етничка заедница во државата, како и за нивните заложби и придонес за развојот и напредокот на Република Северна Македонија. Припадниците на турската етничка заедница во Северна Македонија, заедно со другите етнички заедници даваат активен придонес за градење на рамноправно, стабилно и просперитетно општество. На средбата стана збор и за односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател и стратешки партнер на Република Северна Македонија.
Изречени се вкупно 265 сообраќајни мерки во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции. За недавање првенство на минување на пешаци изречени се 59 казни, 16 мерки за возење без возачка дозвола, како и 56 прекршоци што ги чинат пешаците. – Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет за нерегистрирани возила, четири санкции за некористење сигурносен појас, шест за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет мерки за непрописно престројување на возила, 48 за непрописно паркирање, соопштија денеска од МВР. Засилените акциски контроли продолжуваат и во…
Речиси половина од медицинските сестри во Шпанија размислуваат да ги напуштат своите работни места поради екстремна истоштеност за време на пандемијата со Ковид-19, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено на почетокот на јануари годинава. Според анкетата 85 отсто од медицинскиот персонал страда од психолошки и емоционални проблеми. Интервјуирани се 19.300 медицински сестри кои истакнале дека „состојбата е многу загрижувачка“ особено во одделенијата за интензивна нега, примарната здравствена заштита и брзата помош. Дури 46,5 проценти од испитаниците се изјасниле дека размислувале за промена на професијата поради пандемијата и нејзините „погубни“ ефекти врз нивното здравје. Околу половина (48 отсто) биле заразени со Ковид-19,…
Калуѓерка од сестринскиот ред на Свети Јосиф од Карондел, која беше и директорка на католичко училиште во Калифорнија, е осудена на една година затвор поради финансиска злоупотреба. Американската калуѓерка Мери Маргарет Кропер пренасочила повеќе од 800.000 долари од касата на приватното католичко училиште во Торанс, јужно од Лос Анџелес. Со овие пари играла во казино и ги користела на скапи одмори. Одбраната на обвинетата се изјасни дека сестрата Мери била зависна од коцкање. И кога Надбискупијата во Лос Анџелес побарала образложение од сестрата, таа рекла дека, бидејќи свештениците се подобро платени од калуѓерките, таа требало да добие повишување.
Во Маврови Анови утрово е измерена најниска температура од седум степени под нулата. Следат Крушево со -6, -4 Охрид, -3 Претор, -2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Берово, -1 во Прилеп и Дебар, 0 Виница, Куманово, 2 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 5 степени Гевгелија. Во Маврови Анови во 7 часот е измерена и највисока снежна покривка од половина метар, 26 сантиметри во Крушево, 25 Попова Шапка, 24 Пожаране, 18 Битола, 10 Охрид, 9 Ѓуриште, 8 Дебар, 4 Берово, Прилеп, 3 Претор. За изминатите 24 часа најмногу дожд од 25 во л/м2 има наврнато во…
На патниот правец Струга-граничен премин Ќафасан има забрана за сообраќај за тешки товарни возила, додека забраната за тешки товарни возила преку планинскиот превој Стража е укината утринава во 06:40 часот, информира Авто мото сојузот на Македонија. На останатите патни правци низ државата сообраќајот се одвива по претежно влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег и по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ Надвор од градските средини, интензитетот на сообраќај е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Во пресрет на разговорите на експертско ниво меѓу министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија посветени на политичкиот пакет прашања за надминување на разликите меѓу двете земји што треба да се одржат неделава, премиерот Димитар Ковачевски со порака дека очекува тие да се водат во духот на европските вредности и со почитување на достоинството и на граѓаните и на двете држави. Според Ковачевски, овие разговори се во духот на новиот процес отворен меѓу Скопје и Софија, кој се темели на прашања за реални теми кои практично ги афектираат сите граѓани и сите општествени процеси. – За таа…
По неколкудневни преговори вчера беше постигнат договор минималната плата да биде зголемена од сегашните 15.200 денари на 18.000 денари. Зголемувањето ќе започне со мартовската плата што значи дека веќе во април околу 80.000 работници во земјава ќе земат минимална плата од 300 евра. Со ова е исполнето барањето на синдикатите кои инсистираа минималната плата веднаш да биде зголемена на 18.000 денари укажувајќи дека тоа е егзистенцијална потреба на работниците во услови кога се зголемени животните трошоци. Зголемувањето на минималната плата ќе биде потпомогнато од страна на државата која ќе го субвенционира делот од придонесите за што од Буџетот ќе бидат…
Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска вчера испрати писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери со барање во најскоро време да се изберат нови четворица уставни судии, на што собранискиот спикер одговори дека поради опструирање на работата на Комисијата за избори и именувања, Законодавниот дом не може да го изврши изборот на нови уставни судии. Во писмото до Џафери, Кацарска изразува загриженост за состојбата со намалениот број на членови на Уставниот суд и бара од него „да го заложи својот авторитет“ и во Собранието да се изберат нови четворица уставни судии. – Уставот ја дефинира Република Северна Македонија како парламентарна…