Author: Ivana

Министерството за здравство вчера доцна попладнето презеде донација од 250 илјади дози вакцини против Ковид-19 од производителот „Фајзер“ од италијанската Влада, што се реализира преку механизмот Ковакс и УНИЦЕФ. Во среда се очекува да пристигне и втората пратка. Министерот за здравство Беким Сали се заблагодари за донацијата на Владата на Италија, а на граѓаните им порача дека Министерството за здравство во континуитет се грижи да имаме доволен број на вакцини. – Министерството за здравство во континуитет се грижи за да имаме доволен број на вакцини. Вакцините се сигурни, безбедни и на сигурно место во Институтот за трансфузиологија, рече Сали по примопредавањето на донацијата пред Институтот за трансфузиологија. Тој посака вакцинацијата да…

Read More

Времето денеска ќе биде променливо облачно и постудено, а во планинските подрачја претежно ќе провејува слаб снег. Ќе дува засилен, а повремено и силен ветер од северен правец со брзина од над 70 километри на час, особено долж Повардарието и во источните делови. Максималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината, променливо облачно со засилен, а повремено силен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени. Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.

Read More

Кралицата на Велика Британија, Елизабета Втора годинава ја прославува 70-годишнината на стапувањето на престолот, одбележувајќи ја, меѓу другото, и со изјава дека сака Камила Паркер Боулс да стане кралица на денот кога нејзиниот син ќе стане крал. Последниве 17 години, откако Камила и принцот Чарлс се во брак, се сметаше дека таа нема да ја преземе титулата кралица и оти на денот кога Чарлс ќе стане крал, таа ќе остане „принцеза сопружничка“. Одлуката Камила да биде „само“ принцеза беше донесена поради атмосферата што владее околу неа последните речиси 40 години. Законски, Камила ја има титулата принцеза од Велс, но не…

Read More

Најмалку 20 луѓе загинаа а 55.000 се расел ени поради циклонот Бацирај кој го погоди Мадагаскар. Невремето го опустоши земјоделскиот центар на островот погоден од суша, поради што Обединетите нации предупредија на влошување на хуманитарната криза. Мадагаскар пред неколку недели го потресе тропска бура која уби 55 луѓе, а последното невреме случи во време кога јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса рече дека континентот „ја поднесува и тежината и цената“ на глобалното затоплување. Претставникот на УНИЦЕФ во земјата, Жан Беноа Манхес, изјави Бацирај го напуштил Мадагаскар утринава во 7 часот (04:00 часот по Гринич) и се упатил кон Мозамбикскиот теснец. УНИЦЕФ предупреди дека многу од жртвите веројатно се деца, кои сочинуваат повеќе од 50 отсто од населението…

Read More

Претседателот на Франција Емануел Макрон денеска во Москва ќе се сретне со неговиот руски колега, Владимир Путин, во услови на силни тензии на руско-украинската граница, што за ЕУ претставува дел од нејзините напори за деескалација, јавува дописничката на МИА од Брисел. И покрај низа критики од одредени страни во јавноста, францускиот претседател Макрон смета дека средбата со Путин е конструктивен чекор во обидот за дијалог со Русија. Европската Комисија и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, остануваат на ставот дека руското воено присуство на украинската граница е неоправдано, но не гледа проблем во средбата помеѓу Макрон и…

Read More

 Забраната за носење исламски шамии во училиштата предизвика протести меѓу муслиманите во Јужна Индија, каде што многумина денеска излегоа на улиците за да протестираат против ваквите ограничувања. Опозицијата во Карнатака ги изрази стравувањата на малцинската заедница поради, како што велат, растечкиот прогон предводен од хинду националистичката влада на премиерот Нарендра Моди. Минатиот месец, на средношколките им беше наредено да не носат хиџаб, уредба што набрзо се прошири во најмалку две други училишта во државата. – Ова е дискриминаторски во суштина и исто така е спротивно на правата утврдени во уставот на Индија, рече Сумаја Рушан, претседател на Исламската организација на…

Read More

Министерството за надворешни работи на Грција, преку соопштение реагира за, како што велат, сквернавење на манастирот Сумела во Турција, откако на социјалните мрежи биле објавени фотографии на кои „странски бенд изгледа како да танцува диско во просторот на историскиот манастир Богородица Сумела“, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчкото МНР додаваат дека манастирот е кандидат за прогласување за споменик на светско наследство на УНЕСКО и „изненадување предизвикува фактот што на групата ѝ била дадена дозвола, бидејќи манастирот се отвора само за аџилак“. -Ги повикуваме надлежните турски власти да го сторат она што е правилно за да не се повторат ваквите…

Read More

Лавина затрупа 20 лица во авганистанската провинција Кунар, на истокот на земјата, пренесува РИА Новости, повикувајќи се на локалната ТВ Толо њуз. Според властите во Кунар, од под лавината се извлечени 15 тела, а од 15 до 20 лица се уште се водат за исчезнати. Лавината погодила областа во близина на Пакистан, доцна на 6 февруари. Меѓу жртвите има локални луѓе кои се обиделе да ги спасат затрупаните под обилниот снег. Обилен снег паднал во неколку авганистански провинции, вклучувајќи ги Мајдан Вардак, Парван Панџир, Бадакшан и Баглан, а снегот блокирал и многу патишта. Минатиот месец, локалните медиуми објавија дека најмалку…

Read More

Со истакнување на кандидатурата на Милица Ѓурѓевиќ-Стаменковски од Заветници за претседател на Србија на претстојните избори на 3 април, таа стана седма личност која има намера да учествува на изборите за претседател на републиката, а да партиите од владејачката коалиција се уште не го објавиле својот кандидат, кој се очекува да биде лидерот на СНС Александар Вучиќ. Според аналитичарите различноста на опозициската политичка сцена во Србија е таква да нивен единствен кандидат е речиси невозможна мисија, анализира ТВ Н1. Оваа кандидатура е најмалку четврта на десното крило на српската опозиција и седма воопшто. Досега свои претседателски кандидатури најавија Бошко Обрадовиќ…

Read More

„Дојдовме до точка каде што цената и релевантноста на тестирањето повеќе не се оправдани“, изјави синоќа Карин Тегмарк Висел, директор на Шведскиот институт за јавно здравје, за шведската национална телевизија. Шведска во среда ќе ги укине сите епидемиолошки мерки, кои во некоја форма се во сила од почетокот на пандемијата во март 2020 година, а една од промените е прекин на опсежното тестирање за коронавирус. Од среда, граѓаните со симптоми на Ковид-19 за чија состојба не е потребна хоспитализација генерално повеќе нема да се тестираат во системот на јавното здравство, но капацитетите целосно ќе се пренасочат кон тестирање на персоналот…

Read More

Австралија повторно ќе ги отвори границите за сите вакцинирани посетители кои имаат виза на 21 февруари, изјави премиерот Скот Морисон, пренесува Анадолија. Во соопштението од Кабинетот на австралискиот премиер се вели дека границите ќе бидат повторно отворени за сите целосно вакцинирани носители на визи, поздравувајќи го враќањето на туристите, деловните луѓе и другите посетители. „Овие промени ќе овозможат да го заштитиме здравјето на Австралијците додека продолжуваме да го обезбедуваме нашето економско закрепнување“, рече Морисон. Во соопштението се додава дека здравствениот систем на Австралија ја покажал својата отпорност за време на пандемијата на коронавирус. Комитетот за национална безбедност се согласи дека…

Read More

Еден маж почина, а една жена била итно пренесена на Ургентен центар го градот, откако синоќа во зградата во кругот на Инфективната клиника во Белград избувна пожар. Според српските медиуми, пожарот избил поради маслен радијатор, а пет други станови се уништени од огнената стихија. „Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице“, изјави докторката Ивана Стефановиќ. Дури 38 пожарникари синоќа се бореле со стихијата која ја голтала зградата. Во моментов во зградата има две екипи…

Read More