Author: Ivana
Пратениците во црногорскиот Парламент вечерва и изгласаа недоверба на Владата на премиерот Здравко Кривокапиќ, на предлог на коалицијата „Црно на бело“ предводена од Дритан Абазовиќ. За недоверба на Владата гласаа 40 пратеници на опозицијата и четворица пратеници на коалицијата Црно на бело, а 11 беа против. Во црногорскиот Парламент, кој има 81 пратеник, гласаа само 55. На гласањето не присуствуваа пратениците на Демократскиот фронт, Социјалистичката народна партија и Движењето за промени. На изборите на 30 август Кривокапиќ ја предводеше листата која ги собра тие три партии. Пратеникот Милош Конатар во завршниот збор во име на предлагачот изјави дека „денеска не…
Во многу подобра ситуација сме од пред две години и се движиме кон ендемска форма на оваа болест. Со околу 70 или 80 проценти имунизирано население, се очекува да имаме блага пролет и да подзаборавиме на КОВИД-от. Не можеме да предвидиме како ќе биде следната зима и дали ќе има сезонска вакцинација за корона како за грип, смета д-р Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести. Во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24 тој рече дека е рано да ја прогласиме пандемијата за завршена и да кажеме дека омикрон ќе биде последната варијанта на вирусот. -Ќе има и други варијанти,…
Министерот за транспорт на Бугарија Николај Сабев за БНТ изјави дека првиот лет за Скопје ќе биде на 11 февруари, а редовните летови ќе започнат во март. Како што јави дописникот на МИА од Софија, заедно со Сабев во Скопје ќе бидат и претставници на тур-оператори од Бугарија, кои ќе се сретнат со нивните македонски колеги. Заедно со двајцата ресорни министри на разговорите ќе учествуваат и најголемите инвеститори во областа на туризмот од Бугарија. Тур-операторите од Бугарија и Северна Македонија ќе треба да договорат туристички пакети за посетите на туристите од двете земји да станат профитабилни и атрактивни. Со тоа,…
Синдикатите, работодавачите и Владата и денеска не се договорија за зголемувањето на минималната плата. Заеднички е оценето дека постоечкиот модел на усогласување на минималната плата не е добар за ниту една страна. Од Владата најавуваат дека ќе го разгледаат новиот предлог на Бизнис конфедерацијата за да се субвенционира зголемувањето на минималната плата од страна на државата по што следната недела повторно се очекува да продолжат разговорите. Предлогот на Бизнис конфедерацијата ќе биде разгледан во понеделник на седница на Економскиот совет при Владата. – Бизнис конфедерацијата која ги застапува микро и малите претпријатија денеска дојде со предлог ако веќе се прифати…
Генералниот директор на Бугарската телеграфска агенција (БТА) Кирил Влчев денеска свечено го отвори прес-центарот на БТА во Скопје, Република Северна Македонија. На настанот присуствуваа бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за култура на Северна Македонија, Бисера Костадиновска-Стојчевска, претседателот на бугарската парламентарна Комисија за култура и медиуми Тошко Јорданов, специјалниот известувач на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук и бугарскиот амбасадор во Северна Македонија Ангел Ангелов, како и други официјални претставници. Прес-центарот на БТА во Скопје е трет отворен надвор од границите на Бугарија. Првиот е отворен на 11 декември 2015 година во Босилеград (Србија), а вториот на 5…
Албанскиот претседател Илир Мета го прими украинскиот амбасадор во Тирана, Володимир Шкуров со кого разговарале главно за ситуацијата околу Украина. – Изразивме заедничката загриженост околу заканата од можна руска агресија врз пријателска Украина, што е флагрантно кршење на меѓународното право, истакна Мета. Тој додаде дека амбасадорот го информирал, а тој ги поздравил напорите на неговата земја за решавање на недоразбирањата преку преговори и на мирен начин, вклучително и во мултилатерални формати. – Потврдив дека Албанија и како земја членка на НАТО и како непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации е на страната на Украина во одбрана на…
Со свечена поворка во центарот на Благоевград, која заврши на плоштадот „Македонија“, беше одбележана 150-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, јави дописникот на МИА од Софија. Присуствуваа претседателот на Бугарија Румен Радев, премиерот Кирил Петков, градоначалникот на Благоевград, бугарски европратеници и голем број граѓани на Благоевград и регионот. Претседателот Радев во својот говор рече дека Гоце Делчев го посветил својот живот на слободата на Македонија и Одринско и дека затоа не треба да има поделби од двете страни на границата. -Гоце Делчев е прв од старите бугарски револуционери кој го заби знамето на ослободувањето на македонско тло. Делчев и…
Владата на Косово вечерва усвои нови, олеснети мерки, за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои, меѓу другото, се укинува обврската за странските граѓани при влез во Косово да приложат доказ за примени три вакцини или две вакцини плус негативен РТ-ПЦР тест не постар од 48 часа, јави дописникот на МИА од Приштина. Според одлуката на кабинетот на Албин Курти, која стапува во сила утре, на 5 февруари, се враќа претходната обврска за приложување доказ за примени две анти-ковид вакцини, додека влезот во земјата е дозволен и за лицата кои имаат примено една вакцини, со тоа што треба…
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 4.986 тестови, а регистрирани се 1.493 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 720, Битола – 90, Куманово – 87, Кавадарци – 72, Тетово – 54, Струмица – 44, Прилеп – 43, Велес – 41, Охрид – 40, Штип – 32, Гостивар – 31, Свети Николе – 25, Неготино – 24, Гевгелија – 23, Кичево и Струга – по 19, Ресен и Радовиш – по 16, Кочани и Валандово – по 13, Богданци – 11, Македонски Брод – 10, Крива Паланка – 9,…
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган денеска изјави дека Турција може да соработува со Израел во испорака на природен гас од Блискиот Исток во Европа и дека двете земји следниот месец ќе разговараат за енергетската соработка. – Ние би можеле да користиме израелски природен гас во нашата земја, а освен тоа, исто така, би можеле да работиме заедно за да го доставиме до Европа. Се надевам дека овие прашања ќе ги имаме на агендата за време на посетата на израелскиот претседател Исак Херцог, истакна Ердоган. Турскиот лидер вчера изјави дека Херцог ќе ја посети Турција кон средината на следниот месец. Турција…
Трудовиот инспекторат при контрола на градежен објект во Скопје, вчера утврдил дека спротивно на законските прописи работат 10 лица, државјани на Косово. Според податоците на МВР, полициски службеници од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Трудов инспекторат, овие неправилности ги утврдиле вчера при извршина контрола на градежен објект на ул.„Партениј Зографски“ во Скопје. – При контролата, на објектот биле затекнати 10 лица, државјани на Косово, кои извршувале градежни работи. По дополнителните проверки било констатирано дека лицата го прекршиле Законот за странци и против нив ќе бидат…
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претседателот на СОНК Јаким Неделков. На иницијатива на претставниците на Сојузот на синдикатите за образование, наука и култура се отвори прашањето, заедно со утврдувањето на минималната плата, да се направи и зголемување на платите на вработените во установите во предучилишното образование. Министерката Тренчевска посочи дека унапредувањето на работничките права е приоритет и на Mинистерството за труд и социјална политика и на Владата. „Дијалогот со социјалните партнери е особено важен за нас. Отворени сме за дискусија со сите наши социјални партнери. Правата на вработените во детските градинки ни се…