Author: Ivana
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и Претставничката на УНХЦР, Агенцијата за бегалци при Обединетите нации, Моника Сандри денеска одржаа протоколарна средба. Министерката Тренчевска рече дека во годината што претстои очекува Министерството и УНХЦР да ја продолжат соработката во јакнењето на институциите кои се справуваат со бегалците и мигрантите. На средбата се отвори и темата за дополнително продлабочување на успешната соработка на полето на меѓународната заштита и искоренувањето на бездржавјанството. „Ја цениме поддршката што преку договор за партнерска соработка УНХЦР му ја дава на Минстерството за труд и социјална политика во постигнување на глобалните цели, меѓународните обврски на…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска даруваше крв во Институтот за трансфузиона медицина (ИТМ), во рамки на редовните крводарителски акции кои ги организира тимот на професионалци Blood Bank – Tenk од Одделот за планирање, организација и реализација на крводарителство при ИТМ. Како што соопштија од МВР, Спасовски е редовен крводарител, а неодамна даруваше и крвна плазма која се употребува во лекувањето на потешките форми на КОВИД-19. Меѓудругото, тој како поборник за здрав начин на живот и за промоција на вредностите на емпатија и солидарност, и во оваа пригода упатил повик до граѓаните за подигање на јавната свест за чинот…
Тешка сообраќајна несреќа се случила на излезот од Битола кон Кравари. Во несреќата учествувале три возила, патничко комбе, кое пренесувало работници од фабриката „Кронберг и Шуберт“, патнички автомобил и паркиран камион влекач. Според првичните информации од битолската клиничка болница во сообраќајката има над 10 повредени лица, од кои две се здобиле со потешки телесни повреди. Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот, кога работници од утринската смена од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се враќале кон Битола. Увидот од страна на екипи на СВР Битола сѐ уште трае.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 118 возачи, од кои 59 на територија на Скопје. При акциската контрола санкционирани се и 137 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 17 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин. Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да…
Претседателството и Советот на Сојузот на синдикати на Македонија како највисоки тела на синдикатот утре од 13:30 до 14:30 часот ќе ја блокираат улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата. Претседателот на ССМ Дарко Димовски вели дека за нив е неприфатлив предлогот на работодавачите според кој минималната плата би изнесувала 16.164 денари. – Со она што го нудат минималната плата во нето износ би била 16.164 денари што за нас е неприфатливо во никој случај кога знаеме дека минималната синдикална кошничка изнесува 35.040 денари.…
Претседателката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Добрила Кацарска, денеска оствари средба со министерот за правда, д-р Никола Тупанчески. На средбата беа афирмирани заемните заложби за владеење на правото и функционален правен систем, при што беа нотирани предизвиците, но и позитивните аспекти од промените коишто произлегуваат од носењето на интерните акти во Судот. Во таа насока, претседателката на Уставниот суд изрази загриженост за функционирањето на Судот со четири судии помалку од она што е предвидено во Уставот. И двете страни се согласија дека ова е прашање од врвен интерес за државата и заштитата на уставниот поредок и во најскоро…
Објавување на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради коронавирусот КОВИД-19 на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за цел – електронска достава на решенијата, не е во корелација со начелото на законитост, правичност и транспарентност и начелото на минимален обем на податоци утврдени во Законот за заштита на личните податоци, стои во денешното соопштение од Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), во врска со информациите за објавување на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација на веб страницата на Државниот санитарен инспекторат и во Службен весник на Република Северна Македонија. Агенцијата…
УНИЦЕФ ја осудува дискриминацијата на 11-годишната ученичка од Гостивар, за која објавија медиумите, и итно бара да се направи поголем колективен напор за да им се овозможи на сите деца да го остварат своето право на квалитетно и инклузивно образование, соопшти канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава, реагирајќи на бојкотот на родители кои не сакале нивните деца да учат со 11-годишното девојче со Даунов синдром. УНИЦЕФ смета дека органите на државната и локалната власт треба да ја разгледаат можноста за спроведување истрага која ќе ја утврди одговорноста на оние кои не ги почитувале правата на детето со попреченост и да спречат такви…
Министерот за образование Јетон Шаќири во емисијата 24 анализа истакна дека Министерството за образование ги следи препораките на Комисијата за заразни болести. Вели дека од тој аспект, препораките кои доаѓаат од Комисијата, тие го следат движењето на новиот вирус омикрон. – Комисијата во нивната прва препорака во средината на јануари, на седница на Влада го имавме извештајот на владата каде се препорача настава со физичко присуство. Комисијата ги анализира податоците за возраста на децата, каде се движат за време на учебната година и како се движат бројките кои не се на училиште. Решивме новата учебна година да почне на 1…
Историската комисија нема никаква улога во носењето на одлуката за заедничко чествување на Гоце Делчев, меѓу Северна Македонија и Бугарија, вели потпретседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, посочувајќи дека одлуката е политичка. Во вечерашното гостување на „Топ Тема“, Ѓоргиев истакна дека одлуката е гест на добра волја од страна на двете влади, за да ја релаксираат политичката атмосфера во двете земји. -Јас овој политички гест го гледам како добра волја, како политичка волја на двете држави да ја релаксираат политичката атмосфера, во однос на тие најчувствителни горливи теми што постојат, додава тој. Ѓоргиев верува оти…
Британскиот премиер Борис Џонсон му порачал на рускиот претседател Владимир Путин дека секој упад во Украина би бил трагична погрешна проценка, соопштија од кабинетот на Џонсон по денешниот телефонски разговор меѓу двајцата лидери. – За време на разговорот со рускиот претседател, премиерот Џонсон изрази длабока загриженост поради моменталната непријателска активност на Русија на украинската граница, соопшти портпаролот на британската Влада. Џонсон укажал на потребата да се најде начин што ќе го почитува и територијалниот интегритет на Украина и правото на самоодбрана. Британскиот премиер, исто така, нагласи дека секој натамошен упад на Русија на украинска територија би било трагична погрешна проценка.…
Министерството за надворешни работи на Бугарија, строго ќе го почитува мандатот на Советот на министри, декларацијата на Народното собрание и договорот меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија. Тоа го изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска на прашање дали има несогласувања меѓу претседателот и Владата на темата Република Северна Македонија. Таа посочи дека ќе го земат предвид и мислењето на последниот состанок на Советодавниот совет за национална безбедност под претседателот и нема да отстапат од рамковниот став. Запрашана за зборовите на шефот на државата Румен Радев дека посетата на премиерот на Скопје била избрзана, Генчовска одговори дека…