Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавување на решенијата за изолација поради КОВИД-19 не е во корелација со начелото на законитост, правичност и транспарентност

0
By Ivana on February 3, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, February 3, 2022 16:51

Објавување на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради коронавирусот КОВИД-19 на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат за цел – електронска достава на решенијата, не е во корелација со начелото на законитост, правичност и транспарентност и начелото на минимален обем на податоци утврдени во Законот за заштита на личните податоци, стои во денешното соопштение од Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП), во врска со информациите за објавување на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација на веб страницата на Државниот санитарен инспекторат и во Службен весник на Република Северна Македонија.

Агенцијата за заштита на личните податоци доставила и известување до Државниот санитарен и здравствен инспекторат по однос на објавување на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација на веб страницата на Државниот санитарен инспекторат и во Службен весник на РС Македонија.

– Во врска со објавувањето на решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација на веб страницата на Државниот санитарен инспекторат, не постои законски основ за објавување на истите на веб страницата и во Службен весник на Република Северна Македонија. Ова особено што решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација поради коронавирусот КОВИД-19 содржат и посебни категории на лични податоци односно податоци што се однесуваат на здравјето, а кои лични податоци уживаат посебна заштита според прописите за заштита на личните податоци и за нив не може да се применат исклучоците од правилото за забрана за обработка на посебни категории на лични податоци, се наведува во соопштението од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Начинот на достава на писмена е утврден во Законот за општата управна постапка, при што, се подвлекува, доставување по електронски пат би можело да се изврши со исполнување и применување на условите утврдени во одредбите на членот 85 од Законот за општата управна постапка, при што ќе треба да се предвидат и применат соодветни технички и организациски мерки според степенот на ризикот на операциите на обработка на личните податоци согласно прописите за заштита на личните податоци.

– Оттука, секое физичко лице кое има потреба да дојде до своето решение за изолација ќе треба да има единствено можност да пристапи и да го преземе сопственото решение, при што нема да има можност да пристапи, гледа и обработува податоци содржани во решенијата за изолација на други физички лица. При доставувањето по електронски пат (преземање на документот од сервер што го одредил јавниот орган) на решенијата за изолација, мора да се примени техничка и интегрирана заштита на личните податоци, односно да се применат соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедноста на обработката на личните податоци, пропорционално на целта на обработката, соодветно на ризикот, стои меѓу другото во соопштението.

Личен податок, се појаснува, е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), односно името, презимето, адресата и податоци за добиената здравствена заштита кои откриваат информации за здравјето на граѓаните претставуваат лични податоци,

Се додава дека посебни категории на лични податоци се лични податоци кои откриваат расно или етничко потекло, политички ставови, верски или филозофски убедувања или членство во синдикални организации, како и генетски податоци, биометриски податоци, податоци што се однесуваат на здравјето или податоци за сексуалниот живот или сексуалната ориентација на физичкото лице, додека податоци што се однесуваат на здравјето се лични податоци поврзани со физичкото или менталното здравје на физичкото лице, вклучувајќи и податоци за добиената здравствена заштита кои откриваат информации за неговото здравје.

– Обработка на посебните категории на лични податоци е забранета, а по исклучок истите може да се обработуваат согласно утврдените исклучоци во Законот за заштита на личните податоци (член 13). Операциите на обработка на лични податоци (собирање, чување, објавување…) може да се вршат согласно утврдените начела во Законот за заштита на личните податоци, се наведува во соопштението од Агенцијата за заштита на личните податоци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.