Author: Ivana
Во интерес на граѓаните Министерството за труд и социјална политика во наредниот период ќе ја продлабочи соработката со Црвениот крст, рече министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната средба со претседателот на Црвениот крст Саит Саити. На работниот состанокот беа разгледани досегашните и идни заеднички проекти, како што се едукација на возрасни за лична асистенција на лица со попреченост и за негуватели за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. „Министерството за труд и социјална политика и Црвениот крст на Република Северна Македонија се партнери во тригодишниот проект ,,Поддршка на инклузивниот развој на услуги…
Дневниот број на нови случаи на коронавирус во Турција денеска надмина 100.000 за првпат од почетокот на пандемијата. Според податоците на Министерството за здравство, во таа земја во изминатите 24 часа се потврдени 102.601 случај. На крајот на декември дневната бројка на новозаболени беше околу 20.000, но од тогаш почна да расте. Од последното намалување во Турција, како последица на инфекцијата починале 198 лица, а вкупниот број на смртни случаи од почетокот на пандемијата е повеќе од 87.000.
За време на сослушувањето на министерот за регионален развој и јавни работи на Бугарија Гроздан Караџов во парламентарна комисија, беше соопштено дека Бугарија ќе изгради два магистрални патишта од Бургас до Мало Трново до турската граница, а вториот – од границата кај Ѓуешево, Ќустендил до Дупница. Како што јави дописникот на МИА од Софија, вториот магистрален пат, како што се планира, е од границата со Северна Македонија преку граничниот премин кај Ѓуешево во Ќустендил до Дупница, каде што ќе се направи врска со магистралата Струма. Караџов не можеше да ги коментира роковите за подготвувањето на идејниот проект и другата основна…
Посетата на Северна Македонија не беше избрзана, туку „ужасно многу задоцнета“, реагираше бугарскиот премиер Кирил Петков на изјавата на претседателот од Бугарија Румен Радев дека неговата посета на Скопје била избрзана. – Вистината е дека Бугарија изгуби 30 години во тие односи. Мојата посета не само што не е избрзана, туку и ужасно задоцнета. Не јас како премиер, таа беше задоцнета бидејќи бугарската страна треба да има активна позиција, да има конструктивен тон на дејствие, да има јасни цели и точен пристап, рече Петков. Тој изрази жалење дека Бугарија изгубила толку многу години. – Јас не можев да издржам да…
Владата на денешната 10. седница одлучи решенијата за лицата кои треба да бидат во изолација да се објавуваат на веб страницата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат и дополнително во „Службен весник“ во најбрз можен рок. Притоа, нема да бидат објавувани личните податоци на граѓаните, односно целосно ќе бидат запазени стандардите дефинирани со Законот за заштита на личните податоци. – Оваа измена се воведува поради зголемениот број граѓани за кои се определува мерката изолација и поради намалениот број денови за изолација, а со цел брз проток на информациите, намалување на временската разлика меѓу моментот кога е констатирана потребата од изолација,…
Предлог-законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам е усвоен на денешната владина седница. Според образложението на Министерството за финансии, причините за донесување на законот се произлезени од потребата за негово усогласување со европското законодавство во областа на борбата против организираниот криминал, односно со одредбите од Директивата 2018/843.– Согласно ЕУ директивата и Меѓународната организација за определување дејствија за спречување на перење пари и на финансирање на тероризам (Financial Action Task Force, FATF), во новото предлог законско решение се вградени и решенија во насока на надминување на ризиците идентификувани со Националната проценка на ризикот од перење пари и финансирање на…
Пополнувањето на испразнетите амбасадорски места е приоритет на надворешната политика и затоа особено ме радува што веќе од денес новиот амбасадор на Северна Македонија во Италијанската Република, Весел Мемеди ќе започне активно да ја извршува својата функција, објави на Фејсбук шефот на дипломатијата Бујар Османи. – Италија е пријателска и важна земја, поддржувач на нашите евроинтегративни процеси, и неговото упатување претставува важен чекор за оддржување на овие релации, додава Османи во објавата
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 5.779 тестови, а регистрирани се 2000 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 1.096, Битола – 123, Кавадарци – 108, Куманово – 96, Тетово – 75, Прилеп – 60, Велес – 58, Гевгелија – 39, Струмица – 38, Гостивар – 36, Охрид – 30, Струга – 26, Валандово – 25, Неготино – 24, Кичево – 23, Делчево – 20, Ресен и Радовиш – по 19, Кочани – 13, Крива Паланка – 12, Штип – 8, Свети Николе и Демир Хисар – по 7,…
Припадниците на Министерството за внатрешни работи на Србија во Белград го уапсија О.Ж. (1984) по потерница од Северна Македонија за издржување затворска казна за убиство извршено во С.Македонија, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи. Постапката против О.Ж., на барање на Министерството за правда на Северна Македонија, а согласно Законот за меѓународна правна помош во кривична материја, е префрлена на српските правосудни органи. О.Ж. е уапсен по барање на Министерството за правда на Северна Македонија, а ќе биде изведен пред Вишиот суд во Белград според потерницат а распишана од Северна Македонија за издржување затворска казна за кривично дело убиство.
„Зајакнување на економската соработка, нови странски инвестиции во РС Македонија и Република Бугарија, но и интензивирање на изградбата на патниот и железничкиот коридор помеѓу двете земји што ќе придонесе кон зголемување на можноста за привлекување инвестиции“, ова беа заклучоците на средбата на владините претставници и стопанските комори од македонската и бугарската страна. Средбата беше одржана во рамки на првиот состанок на новоформираната работна група со Бугарија за економија, трговија и иновации, чиј организатор е Министерство за финансии. Копретседавачи на овој настан беа министерот за финансии, Фатмир Бесими и министерот за инвестиции и раст на Р Бугарија, Даниел Лорер. На настанот се обрати…
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на неколку патни правци низ државата. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патот Ресен-Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од Крива Паланка кон граничниот премин Деве Баир, на потегот Маврово- Дебар во двата правца, на патните правци Струга-Ќафасан и Гостивар-Кичево преку планинскиот превој Стража, како и на потегот Охрид-Пресека-Кичево. На останатите патни правци низ државата, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, сообраќајот се одвива во зимски услови по влажни коловози со кашест снег.
Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска денеска оствари средба со Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите Нации (ОН) во Република Северна Македонија. Дуџак на вицепремиерката Грковска ѝ го честиташе стапувањето на новата должност и ѝ посака успешен мандат истакнувајќи дека поддршката од ОН останува како континуитет во спроведување на планираните реформи. Вицепремиерката Грковска го изрази своето задоволство од досегашната изворендна соработка со различните агенции на ОН и реализација на програмите од интерес на нашето опшстество. Грковска, ја искористи приликата да ги информира за активностите што кабинетот ги презема и за идните планови кои…