Author: Ivana
Уставниот суд на Албанија денеска го започна процесот кој ќе заврши со пресуда за одлуката на Парламентот да го отповика претседателот на државата Илир Мета поради кршење на Уставот. Одлуката на Уставниот суд е последниот чекор во процесот кој ќе утврдува дали Мета ќе биде сменет или ќе може да остане на функцијата до крајот на неговиот мандат во јули. Засега не се знае кога ќе се произнесе Уставниот суд, а процесот би можел да трае еден месец. Во јуни минатата година, парламентот гласаше за отповикување на Мета, откако парламентарната истрага заклучи дека албанскиот претседател прекршил 16 члена од Уставот…
Според претседателот на Бугарија, Румен Радев, посетата на премиерот Кирил Петков на Република Северна Македонија беше избрзана. Посетата на премиерот беше избрзана, имав искрени разговори со него, рече претседателот Радев во одговор на прашање. За бугарската дипломатија е важно целосно да го реализира својот професионален капацитет, да не верува на надворешната експертиза, невладините организации и да не подлегнува на надворешниот притисок, рече шефот на бугарската држава. Секоја избрзана акција на бугарската влада, секој позитивен прелиминарен сигнал може погрешно да се протолкува како некакви отстапки од бугарска страна, изјави Румен Радев. Запрашан за средбата на претседателот Стево Пендаровски со ОМО Илинден,…
Многу земји не го достигнаа врвот на епидемискиот бран на високо преносливата oмикрон варијанта на коронавирусот, затоа мерките за сузбивање на неговото ширење треба постепено и внимателно да се ублажуваат, изјави денеска Марија Ван Керхове, шефица на техничкиот оддел за Ковид- 19 во Светската здравствена организација. Шефот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан ги повика државите самостојно да го трасираат својот пат за излез од пандемијата, а не слепо да ги следат другите и да ги ублажуваат рестриктивните мерки. – Ако брзо ја отворите вратата, подобро би било и да можете да ја затворите прилично брзо, предупреди Рајан.
„Гласен Текстилец“ е партнер на Управата за јавни приходи (УЈП) во сузбивање на сивата економија, односно преку откривање на непријавени работници и неисплатени плати УЈП заедно со надлежниот орган за труд врши контрола на работодавачите од текстилната индустрија со цел откривање на неправилностите и заштита на правата на работникот. Ова денеска го истакна директорката на УЈП Сања Лукаревска на работната средба со претседателката на Здружението за заштита на работничките права „Гласен Текстилец“ Кристина Ампева. Здружението, како што посочи УЈП, е формирано од текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права кое веќе пет години активно ги афирмира…
Македонските граѓани кои ќе сакаат да влезат во Германија ќе мора да имаат сертификат за вакцина со две дози од призната вакцина од ЕМА/Германија со важност од девет месеци наместо досегашните 12 месеци, соопштија од Министерството за надворешни работи согласно препораките од Европската комисија. Сертификатот за вакцинација со три дози призната вакцина од Германија засега ќе имаат неограничена важност. Од МНР посочуваат дека патниците при влез ќе треба да ја имаат предвид важноста на нивниот сертификат со цел да не им биде одбиен влез. -Во Шпанија, според новите правила, се прифаќаат потврдите за извршена имунизација со две дози вакцини од…
Процесот на филтрација на судиите и отстранување на системските проблеми остануваат високо на агендата на Mинистерството за правда. Мора да се елиминираат долгогодишните практики на неспроведување на законите и да се стави крај на селективната правда.Ова вечерва го изјави министерот за правда Никола Тупанчевски во интервју за МРТ. -Ветингот како процес или филтрацијата може да се направи со постојните капацитети, но и со постојните законски решенија. Единствено треба да се самореактуелизира уште еднаш да се мотивираат капацитетите кои ги имаме кај нас, да бидат на ниво на задачата која ја имаат според закон. Ветинг како посебен процес нема да има, меѓутоа…
Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, заедно со генералниот секретар Миле Зечевиќ попладнево се сретна со новиот директор на Меѓународниот републикански институт за Северна Македонија, Крис Бренан. На средбата се разговараше за повеќе актуелни теми и поддршката на ИРИ во процесот на реформи за развој на демократијата во општеството. Претседателот Ковачевски му посака добредојде на директорот Бренан, заблагодарувајќи му се за она што Институтот го има реализирано за земјава, но и заедно со СДСМ. „ИРИ и за СДСМ и за Северна Македонија е долгогодишен сериозен партнер кој досега давал придонес во важни процеси како за институциите на државата, така…
Премиерот Димитар Ковачевски јавно го повика лидерот на опозициската ВМРО-ДПМЕ, разговарале телефонски, и очекувам во наредните неколку недели да се случи лидерска средба каде опозицијата ќе биде информирана за текот на разговорите со Бугарија. Важно е да ги чуеме и нивните ставови, истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ. Тој вечерва во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, посочи дека самиот факт што има декларација усвоено во Собранието прифатена од сите партии е веќе знак оти постои дијалог, но и линија на која што се согласуваат и ги оцртуваат националните интереси. -Премиерот Ковачевски јавно го повика лидерот на опозицијата, тие разговарале…
Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски, и поранешната дополнителна заменичка-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе бидат двајцата нови потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ, покрај досегашните, Александар Николоски и Владо Мисајловски, изјави Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. – Потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат да бидат досегашните Владо Мисајловски и Александар Николоски. Борци против оваа неправедна власт и сметам дека ова е добар тим кој опфаќа повеќе области, релативно млади луѓе со богато искуство зад себе, истакна Мицкоски. Според него, генерален секретар продолжува да биде Горгија Сајкоски, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, пратеник во сегашниот состав на Собранието чија задача е организацијата на партијата и…
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница ќе расправа за избор на нови членови во раководните тела на партијата. Партискиот лидер Христијан Мицкоски минатата недела најави дека бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, а ќе се прошири и составот на Извршниот комитет. Седницата на Централниот комитет на партијата се одржува во салата на кино „Милениум“. Според најавата од партијата, по гласањето за нови членови на Извршниот комитет, изјава за медиумите ќе даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, попладнево оствари телефонски разговор со премиерот на Хеленската Република Кирјакос Мицотакис, кој му честита на изборот за премиер, и му посака плодна и успешна работа. Двајцата премиери се согласија дека односите меѓу двете земји се на одлично ниво, и дека ќе продолжи да се гради и зајакнува партнерството. Претседателот на Владата Ковачевски му се заблагодари на премиерот Мицотакис за поддршката што тој во континуитет ја дава за отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ и го запозна со некои од резултатите од посетата на премиерот на Бугарија Петков на Скопје…
Германската Влада не ја постигна планираната цел 80 отсто од населението да прими барем една доза од вакцината против коронавирусот до крајот на јануари, покажуваат официјалните податоци објавени денеска – 75,8 отсто од 83 милиони луѓе примиле најмалку една вакцина, 74 проценти биле целосно вакцинирани, а 52,8 отсто добиле засилувачка доза. Владиниот портпарол Штефан Зајберт на прес-конференцијата изјави дека целта не е исполнета, но дека стапката на вакцинација е „значително подобра од претходно, но не и 80 проценти“. Тој додаде дека дури и повеќе од еден милион луѓе секојдневно се вакцинирале во декември, но темпото забавило во текот на Божик…