Author: Ivana

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 129 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за технички неисправни возила. Изречени се пет мерки за возач почетник, три санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за прекршоци што ги чинат пешаците. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за…

Read More

Синоќа во 19.15 часот во дом во Охрид на улица Железничка дошло до семејна расправија помеѓу татко и син. Според неофицијалните информации, најнапред таткото го удрил синот, а потоа 18-годишниот син му возвратил на својот татко повредувајќи го со нож во пределот на телото. Екипа на СВР-Охрид извршила увид на настанот и момчето било повикано на информативен разговор во полициската станица. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Read More

Возачот на автобусот е виновен за автобуската несреќа во Бугарија. Истрагата покажала дека поради неприлагодена брзина и изгубена контрола над автобусот е настаната трагедијата. Ова го соопшти бугарскиот истражител Борис Сарафов во интервју за Бтв. Извештајот е доставен и до македонското обвинителство а ќе биде дадено на увид и на роднините. – Тоа е една човечка трагедија без преседан по бројот на жртви, но и без преседан како интензитет на работа што ја завршивме. Истрагата е завршена и останува само по судски пат да бидат известени властите во Македонија, со оглед на тоа што и семејствата на настраданите имаат право…

Read More

Новите влади на Република Северна Македонија и Република Бугарија отворија ново поглавје во билатералните односи, велат од СДСМ. – Потврда за тоа е успешната меѓувладина седница на која беа формирани пет работни групи и се потпишаа важни меѓудржавни договори и меморандуми за проекти од интерес на граѓаните на двете држави. Според нив, двете влади и надлежните министерства ќе соработуваат во областа на инфраструктурата, земјоделството, аграрни науки, развој на малите и средни претпријатија, либерализација на превоз на стоки, намалување на цената на роамингот, а посебен фокус ќе се стави на железничкото поврзување и инвестиции во важни патни делници од Коридорот 8.…

Read More

Во Германија за првпат е надмината бројката од 200.000 новозаразени со коронавирус што е нов рекорд кога се во прашање новите случаи за едно деноноќие во таа земја. Германскиот Институт за заразни болести Роберт Кох  соопшти за 203.136 позитивни тестови во последните 24 часа, што е за 69.600 случаи повеќе отколку истиот ден пред една недела. Седумдневната инциденца на 100.000 луѓе се искачи на 1.017 од 941 претходниот ден, додека 188 лица починаа. Со тоа, бројот на починати се зголеми на 117.314 од почетокот на пандемијата. Германските пратеници вчера дебатираа дали да се воведат задолжителни вакцини против Ковид-19 додека демонстрантите…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упатува честитка до припадниците на српската заедница во Република Северна Македонија, посакувајќи им празникот да го поминат пред сѐ во добро здравје, исполнети со радост и со среќа. – Денот на првиот српски архиепископ, просветител и духовник — Свети Сава, 27 јануари, е повеќе од национален ден на српската заедница во Република Северна Македонија. Тоа несомнено е еден од најзначајните духовни и национални празници на српскиот народ. Токму преку своите традиции, обичаи и богатото духовно и културно наследство, Србите, како неизоставен дел од мултиетничка Република Северна Македонија, ја збогатуваат нашата култура и…

Read More

Утрово најниската температура од -12 степени била измерена во Маврови Анови и Попова Шапка, -8 степени во Охрид, Крушево, Дебар и Тетово, -7 во Претор, -4 во Берово и Битола, -3 во Прилеп и Крива Паланка, -2 степени биле измерени во Штип и Виница, -1 степен во Куманово, Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 0 степени во Демир Капија, 3 во Гевгелија. Снежната покривка во 7 часот изнесувала 13 сантиметри во Пожаране, 11 во Крушево, 7 во Крива Паланка, 5 сантиметри во Охрид, 4 во Ѓуриште, 3 во Битола и Тетово, 2 во Берово. Времето денеска претпладне ќе биде со…

Read More

Најниска температура од минус 12 степени Целзиусови утрово е измерена во Маврови Анови и на Попова Шапка. Следат Охрид, Крушево, Дебар и Тетово со -с 8, -7 во Претор, -4 Берово, Битола, -3 Прилеп Крива Паланка, -2 Штип, Виница, -1 Куманово, Струмица, Скопје – Зајчев Рид, 0 Демир Капија, 3 Гевгелија. Како што соопшти УХМР, највисока снежна покривка утрово е измерена во Пожаране -13 сантиментри, потоа 11 во Крушево, 7 Крива Паланка, 5 Охрид, 4 Ѓуриште, 3 Битола, Тетово и 2 во Берово.

Read More

Онлајн настава за учениците, работа од дома за вработените во јавниот сектор, силна препорака истото да важи и за приватниот сектор, се дел од одлуките на грчката Влада за областа Атика, поширокиот регион на Атина, поради проблемите со снегот, јави дописничката на МИА од Атина. По вчерашната владина седница, портпаролот Јанис Иконому соопшти дека градинките, основните и средните училиштата денеска и утре ќе останат затворени, а учениците ќе следат онлајн настава. Затворени ќе бидат и судовите, продавниците ќе работат со скратено работно време од 10 до 18 часот, а забранети се услугите delivery, односно достава до дома. Државните службеници денеска…

Read More

Министерот за надворешни работи на Република Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во Скопје, каде ќе се сретне со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, а ќе присуствува и на Светосавската академија по повод 27 Јануари – Националниот празник на Србите во земјава, јави дописникот на МИА од Белград. Како што соопштија од српското МНР, предвидено е обраќање на министерот Селаковиќ на свечената Светосавска академија во Македонскиот народен театар. На свеченоста ќе се обрати и висок претставник од земјава, а со богата културно – уметничка програма ќе биде претставена културата и традицијата на српскиот народ.  Ова е 15-ти пат како…

Read More

Се прошируваат и реорганизираат болничките капацитети во државава за третман на пациентите хоспитализирани поради КОВИД-19 и се поголемиот број заразени со вирусот, кој во изминатите денови изнесува над 2000. Истовремено, со одлука на Владата, пак, од синоќа е намален периодот на изолација или карантин поради КОВИД-19 за асимптоматските случаи и з алицата кои биле во контакт со заразен. Клиниките за кожни болести и за неврологија наредните денови повторно треба да почнат да работат како ковид центри, а во ГОБ „8 Септември“ да се отвори дополнителен ковид оддел, препорача Комисијата за заразни болести на вчерашната седница на која беше разгледувана најновата…

Read More

Филип Николовски да биде именуван за заменик министер за финансии, Владимир Рендевски за заменик министер за здравство, а Александар Бајдевски за заменик министер за информатичко општество и администрација. Тоа е предлогот за заменици министри од СДСМ на претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски, за кој вечерва на онлајн седница донесе одлука партискиот Централен одбор. ЦО на СДСМ, како што соопштија оттаму, вечерва го овласти Ковачевски да разговара со партнерите во Владата и парламентарното мнозинство за избор на заменици министри. Од СДСМ велат дека Филип Николовски, кој е предложен за заменик министер за финансии, е независен финансиски и инвестициски експерт,…

Read More