Author: Ivana

За предлогот за укинување на „пржинската влада“ кој веќе е поднесен во Собранието од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, според претседателот на Собранието Талат Џафери, не е проблемот кога ќе се стави на собраниска седница туку е потребно да се обезбеди консензус од поголемите политички партии. Во гостување на ТВ Сител Џафери вечерва посочи дека и до таквиот модел на влада се дојде со процесот за надминување на политичката криза во 2015 и 2016 година и оти тој договор беше условно кажано постигнат надвор од Собранието помеѓу четирите поголеми политички партии во тоа време.  -Имавме координација минатиот понеделник, коордионаторот на ВМРО-ДПМНЕ излезе со…

Read More

 НАТО сака „сериозен разговор за контрола на оружјето“ со Русија, но нема да прави компромиси за основните принципи, изјави на прес-конференција генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, пренесе ДПА. Столтенберг кажа дека овие принципи го вклучуваат „правото на секоја нација да ги избира своите безбедносни аранжмани“. Највисокиот функционер на Алијансата ја повика Русија да ја деескалира кризата со Украина. Тој ова го изјави откако НАТО денеска на Москва и го даде писмениот одговор на нејзините безбедносни предлози за Европа. Столтенберг додаде дека Алијансата е подготвена да се ангажира во конструктивен дијалог со Москва за да се најде политичко решение за неодамнешните…

Read More

Ова што се случуваше изминатата недела во Скопје и Софија е чекор кон деблокада и верувам дека со ваков искрен чесен, отворен и јавен пристап кон решавањето на сите отворени прашања во делот на спорот со Бугарија, можеме да дојдеме до решение, кое ќе го деблокира процесот на преговори на Македонија со ЕУ, вели пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски во емисијата „Топ тема“. Пратеникот смета дека во наредните 6 месеци ќе ги надминеме сите овие отворени прашања, при што ќе се зачувуваат црвените линии и достоинството. -Тоа се главните принципи и идеал за кој се залага оваа влада. Реално сум…

Read More

Движењето БЕСА ќе го одржи вториот конгрес на 5-ти март годинава, одлучи на денешната седница Централното собрание на БЕСА. Избрана е и комисијата за организирање на конгресот во состав од Абдуш Демири, Аднан Азизи и Арјанит Хоџа, соопштија од партијата. На Централното собрание се расправало за извештајот на Централниот штаб за Локалните избори 2021 година, на кој, како што наведуваат, Движењето БЕСА како политички субјект успеа да победи во две општини и да собере околу 26.000 гласови, со што ги исполни целите поставени од Изборниот штаб.

Read More

По кусо боледување, вчера на 95-годишна возраст почина Ратка Бакалиноска, првоборец и носител на Партизанска споменица 1941 година за учество во Народноослободителната борба (НОБ), и одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво. Родена е во Битола, каде завршила основно образование, а пред завршување на гимназија се пријавува во партизанските редови за борба со фашистичкиот окупатор. По ослободувањето, завршува гимназија и дипломира на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески. Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации…

Read More

Владата на Република Северна Македонија на денешната 7-ма редовна седница донесе одлука за намалување на периодот на изолација за лицата кај кои лабораториски е утврдено присуство на КОВИД-19 како и периодот на самоизолација/карантин на лицата кои биле во близок контакт со потврден случај со КОВИД-19. Согласно овие препораки на лицата кои се лабораториски потврдени на КОВИД-19 (со PCR тест или со брз антингенски тест), а кои не развиле симптоми на болест односно се асимптоматски случаи на КОВИД-19 им се одредува домашна изолација од седум дена од денот на тестирањето. По завршување на периодот на изолацијата, потребни се дополнителни три дена…

Read More

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска во својот кабинет го прими Шефот на Делегацијата на Европската Унија (ДЕУ) во Скопје, амбасадорот Дејвид Гир, кому му изрази благодарност за поддршката и можноста да ги запознае претставниците на институциите на ЕУ со реформскиот процес во нашата земја, особено потенцирајќи го обновувањето на дијалогот со соседот Бугарија. Премиерот Ковачевски акцентираше дека приоритети на новата Влада остануваат евроинтеграциите, како и преземање соодветни мерки за совладување на здравствената и енергетската криза, кои се глобален проблем. Евроамбасадорот Гир му упати честитки на премиерот Ковачевски по повод новата функција, изразувајќи позитивни оценки за…

Read More

Американската Амбасада во Киев денеска „ги повика“ американските граѓани кои престојуваат во Украина да ја напуштат земјата без одлагање, во услови на зголемени тензии меѓу Западот и Русија околу Украина. „Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД веднаш да размислат за напуштање на земјата“, соопшти амбасадата на својата веб-страница. „Безбедносната ситуација во Украина останува непредвидлива поради зголемената закана од руска воена акција и може да се влоши без претходни предупредувања“, се додава во соопштениетоп на амбасадата

Read More

 УНИЦЕФ е охрабрен од препораката на Комисијата за заразни болести да се отворат училиштата за настава со физичко присуство од 1 февруари и повикува на национална солидарност за безбедно продолжување на образованието со физичко присуство во текот на целата учебна година. Смета дека секое продолжено затворање на училиштата на државно ниво дополнително ќе го продлабочи пропуштеното учење и ќе продолжи негативно да влијае врз емотивната благосостојба на децата. -Одлуката да се отворат училиштата за учење во живо е одлука на Владата. Свесни сме дека оваа одлука се разгледува во контекст на епидемиолошката ситуација со КОВИД-19 и сѐ поголемото разбирање на…

Read More

Бугарскиот министер за одбрана, Стефан Јанев, на денешната вонредна седница на Националното собрание посветена на тензиите меѓу Русија и НАТО, изјави дека без одлука на парламентот или Советот на министри ниту еден бугарски војник нема да учествува во Украина, доколку во неа дојде до воени дејствија од страна на Русија. Јанев ги предупреди сите во армијата да се подготват за одбрана на татковината, јави дописникот на МИА од Софија. Според министерот, сите во Бугарија веруваат дека земјата е речиси на работ на драматичен конфликт на нејзина или на странска територија. -Всушност, зборуваме за мерки кои Бугарија е во состојба да…

Read More

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски.  Таа го информираше градоначалникот дека Министерството ќе продолжи со подобрување на квалитетот на услугите во социјалната заштита и сигурност, со ставање на многу посилен акцент на потребите на ранливите категории на граѓани. „Социјалната сигурност, заштитата на децата, вработувањето на тешко вработливите граѓани преку мерката услуга и грижа во домот, се само дел од постојните предизвици кои ќе ги решаваме и во текот на оваа година. Од буџетот за 2022 година обезбедивме средства за лични асистенти за лица со попреченост од 6…

Read More

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа: Направени се 6.119 тестови, а регистрирани се 2.019 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 968, Битола – 150, Кавадарци – 104, Куманово – 75, Тетово – 71, Прилеп – 64, Велес – 62, Струмица – 61, Гевгелија – 48, Кочани – 45, Охрид – 41, Штип – 38, Гостивар и Ресен – по 33, Неготино – 31, Радовиш – 27, Струга – 26, Кичево – 24, Свети Николе и Делчево – по 18, Валандово – 13, Берово – 12, Виница и Богданци – по…

Read More