Author: Ivana
Примени три дози на вакцина против коронавирус овозможуваат 99,2 отсто заштита од смрт од Ковид-19 во споредба со невакцинираните луѓе, покажуваат податоците на Австрискиот институт за јавно здравје – Gesundheit Österreich GmbH (ГОГ). Според институтот, ефикасноста по вакцинацијата со две дози е 92,6 отсто. – Резултатот за Австрија е во согласност со другите меѓународни студии, изјави Лукас Рајнер од ГОГ. Сепак, податоците главно се однесуваат на делта варијантата на Ковид-19. Што се однесува до сојот омикрон, сепак е потребно време за да се направат валидни проценки, објасни експертот. Анализата го опфаќа периодот од почетокот на февруари 2021 година до 13…
Рекордно ниска температура од минус 33,2 Целзиусови степени, утрово е измерена во Црна Гора, во местото Косаница во општина Плевља, потврди метеорологот Душан Павиќевиќ. Досега најниска температура била регистрирана во 1985 година во Рожаје, минус 32 степени. Во Црна Гора денеска се очекува претежно сончево време, а највисоката температура ќе изнесува девет степени. Во северниот дел од земјава ќе има посилен мраз, а по котлините можна е појава на магла или зголемена ниска облачност. Според Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија, во одредени делови од земјата ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу соопшти дека во некои делови од градот синоќа е измерен дури 85 сантиметри снег. Затоа, многу патишта во градот се затворени, јави агенцијата Анадолија. Аеродромот во Истанбул е затворен за летови поради обилните снежни врнежи. „Туркиш ерлајнс“ ја продолжи забраната за слетување авиони на аеродромот до 00:00 часот на 26 јануари, соопшти денеска портпаролот на авиокомпанијата. Градоначалникот ги следи активностите на Центарот за координација при катастрофи. Врнежите од снег кои паѓаат денеска, Имамоглу ги опиша како „катастрофални“.
Ерупцијата на вулканот во Тонга ослободи експлозивни сили кои далеку ја надминаа силата на експлозијата на атомската бомба што Американците ја фрлија на Хирошима, оценија научници на НАСА. Се појаснува дека ерупцијата на вулканот во Тонга била неколку стотини пати појака од америиканската атомска бомба фрлена на јапонскиот град Хирошима во август 1945 година, за која се проценува дека имала околу 15 килотони – 15.000 тони – ТНТ. Според вработени во НАСА, вулканот Хунга Тонга – Хунга Ха’апаи за време на ерупцијата на 15 јануари исфрлал блескави остатоци и магма дури 40 километри во атмосферата. – Сметаме дека количината на…
Цените на нафтата на светските берзи денеска пораснаа поради загриженоста за снабдувањето во услови на зголемени тензии во Источна Европа и Блискиот Исток. Меѓународните референтни цени на суровата нафта „брент“ се зголемија за 0,91 отсто на 86,21 долари за барел. Американската референтна вредност, позната како ВТИ (West Texas Intermediate-WTI), беше на 83,92 долари за барел, што е раст од 0,73 отсто. НАТО вчера соопшти дека испратил повеќе бродови и борбени авиони во Источна Европа за да ја зајакне подготвеноста и одбраната во регионот додека Русија „ја зголемува својата воена сила во и околу Украина“. Во меѓувреме, на Блискиот исток, јеменското движење Хуси вчера изврши…
Американскиот претседател Џо Бајден вчеравечер на настан во Белата куќа опцу новинар на „Фокс њуз“, откако беше прашан за влијанието на зголемената инфлација врз овогодишните конгресни избори. Имено, на крајот од состанокот на Советот за конкуренција на Бајден, дописникот на „Фокс“ од Белата куќа, Питер Дуси праша дали инфлацијата е политичка одговорност? – Тоа е голема предност – поголема инфлација, саркастично одговори Бајден, веројатно несвесен дека неговиот микрофон сè уште е вклучен, додавајќи – Каков глупав „кучкин син“! Потрошувачките цени во САД значително се зголемија во декември, забележувајќи го најголемиот годишен пораст на инфлацијата во последните речиси четири децении. Помалку…
Министерството за труд и социјална политика известува дека од утре 26.01.2022 год. (среда) започнува етапната исплата на јануарски пензии. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.01.2022 година (среда); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.01.2022 година (четврток); За пензии со висина…
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 161 меркa, од кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за технички неисправни возила. Како што соопшти МВР, изречени се и осум мерки за возач почетник, 13 за зборување на мобилен телефон и по четири за некористење сигурносен појас и за минување на затворен сигнал црвено светло.Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме…
Шпанскиот тенисер Рафаел Надал избори пласман во полуфиналето на Автсралија опен, откако утрово го совлада Денис Шаповалов од Канада со 3:2. Во меч што траеше четири часа и 10 минути, Шпанецот поведе со 2:0 (6:3 и 6:4). Со иста мера возврати Шаповалов за изедначување (6:4 и 6:3). Во одлучувачкиот петти сет, Шпанецот беше поуспешен и победи со 6:3. Надал по 36-ти пат ќе учествува во полуфинале на еден Грен слем турнир. Повеќе полуфиналиња од него имаат Новак Ѓоковиќ (42) и Роџер Федерер (46). На Австралија опен, 20-кратниот грен слем шампион по седми пат влезе помеѓу четворицата најдобри и прв пат…
Главниот координативен кризен штаб на синоќешната седница ја усвои препораката на Комисијата за заразни болести за кратење на периодот на изолација после позитивен ПЦР КОВИД тест од 10 на 7 дена, ја достави до Владата и за неа треба да биде дискутирано на следната владина седница, информира владината прес-служба. На седницата на ГККШ министерот за здравство Беким Сали ја презентирал актуелната состојба со пандемијата предизвикана од КОВИД-19. Препораката е врз основа на предлог на Комисијата за заразни болести поради, како што наведуваат од Владата, полесната клиничка слика предизвикана од омикрон сојот.
Регистрирани сe 11.610 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со зголемување од 4,5% во однос на минатата недела (n=11.115). Процентот на позитивност се движи од 23,6% до 34,4%, просечно 29,1%. Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 17-ти до 23-ти јануари 2022г., тестирани се 39.289 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 15,6% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=6.045; 52,6%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Крушево – 1.127,9/100.000. Процентот на позитивност се…
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше телефонски разговор со министерот за надворешни работи и меѓународна соработка на Обединетите Арапски Емирати, Неговото Височество Шеик Абулах бин Зајед Ал Нахјан, соопшти МНР. Како што се наведува во соопштението, министерот Ал Нахјан упати честитки за реизборот на министерот Османи на функцијата, изразувајќи очекување за поинтензивна и динамична билатерална соработка. Посебен акцент е ставен на учеството на Република Северна Македонија на ЕКСПО Дубаи 2020 и впечатоците на министерот Ал Нахјан при неговата посета на нашиот павилјон во текот на вчерашниот ден. Воедно, по извршените терористички напади од страна на Хутите врз цивилни цели…