Author: Ivana

Денеска британскиот врховен суд му даде дозвола на основачот на Викиликс Џулијан Асанж да поднесе жалба против одлуката за негова екстрадиција во САД. Неговиот правен тим поднел барање до судот да му дозволи да се жали на одлуката за екстрадиција за правните точки од општо јавно значење. Во декември Врховниот суд на Обединетото Кралство пресуди во корист на дозволување негова екстрадиција во САД, каде што се соочува со обвиненија за шпионажа поради објавување документи за војните во Авганистан и Ирак во 2010 година. Осудата може да носи затворска казна од 175 години. Асанж помина седум години живеејќи во амбасадата на…

Read More

Виенската филхармонија ги откажа концертите во Германија оваа недела поради зголемениот број случаи на коронавирус во своите редови. Планираните настапи во Келн и Хамбург закажани за денеска и утре нема да се одржат, соопшти познатиот ансамбл. Концертот во Париз, Франција, закажан за 26 јануари, исто така ќе биде откажан, а откажани се и два концерта во Салцбург, Австрија, во неделата на Моцарт – 29 јануари – 2 февруари. Остатокот од турнејата со рускиот диригент Валери Гергиев и рускиот класичен пијанист Денис Мацуев треба да продолжи според планираното во февруари со концерти во Германија и САД. 

Read More

Европската Унија подготвува нов модел за управување со пандемијата за патување. Ограничувањата повеќе нема да се однесуваат на тоа од каде доаѓаат патниците, туку на нивниот епидемиолошки статус – потврда за вакцинација, закрепнување од Ковид-19 или негативни тестови. За важноста на ПЦР-тестовите состојбата се задржува најмногу 72 часа, а за брзите антигенски тестови од 24 до 48 часа. Новиот модел за управување со пандемијата би ја земал предвид деветмесечната важност на пропусницата за ковид, но по истекот на важноста за целосно вакцинирани и оние кои ја примиле третата доза, одлуките ќе се носат „врз основа на проценки“. Времетраењето на пропусницата…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама на средба со пратеничката група на неговата Социјалистичка партија, изјави дека една од работите што владејачкото мнозинство мора да ја направи е да се избере нов претседател во април. Иронизирајќи го актуелниот претседател, Илир Мета, Рама рекол дека во следните пет години на чело на државата треба да дојде нормален човек, додавајќи дека ќе се изнајдат начини да се добие мислење од граѓаните за ова. -За претседател…Мора да размислиме како да се консултираме со граѓаните за оваа одлука, мораме да најдеме начин да добиеме мислење од граѓаните за новиот претседател на Републиката, по низата настани кои…

Read More

Велика Британија почна да го повлекува персоналот од својата амбасада во Украина, по предупредувањата за руска инвазија, објави Би-Би-Си. Официјални лица наведуваат дека нема конкретна закана за британските дипломати, но дека половина од вработените во дипломатската мисија во Киев ќе се вратат во Британија. Одлуката на Велика Британија уследи откако САД им наложија на семејствата на вработените во американската амбасада во Киев да ја напуштат Украина, тврдејќи дека Русија може да ја нападне Украина во секое време. Русија негира дека планира каква било воена акција во Украина. Европската унија, за разлика од САД и Велика Британија, одлучи засега да не…

Read More

Кај многу мали деца, варијантата омикрон на коронавирусот предизвикува помалку тешка болест во споредба со варијантата делта, покажа нова американска студија. Научниците ги прегледаа податоците за речиси 80.000 американски деца под петгодишна возраст кои првпат биле заразени со коронавирус, вклучително и 7.201 дете заразено кон крајот на декември или почетокот на јануари, кога омикрон предизвика повеќе од 90 проценти од случаите. По разгледувањето на другите фактори на ризик, вклучително здравствените состојби и социоекономските фактори, истражувачите открија дека децата инфицирани за време на бранот на омикрон имаат 29 отсто помал ризик од посета на итна помош, 67 отсто помал ризик од…

Read More

Мексиканската новинарка Лурд Малдонадо е убиена во северниот пограничен град Тихуана, соопштија властите, што е второ убиство на медиумски работник во оваа област во последните седум дена. Малдонадо имала повеќедецениско искуство и била убиена во нејзиниот автомобил во предградието на Санта Фе, соопшти државното Обвинителство. Убиството се случи помалку од седум дена откако почина фотографот Маргарито Мартинез, кој беше застрелан во главата пред неговиот дом во Тихуана. Извор запознаен со случајот изјави дека Малдонадо била регистрирана во државната програма за заштита на новинарите, која вклучувала полициски надзор на нејзината куќа. Малдонадо е трет убиен новинар во Мексико од почетокот на…

Read More

Владата предводена од СДСМ оставри уште едно ветување дадено пред граѓаните. Од први јануари недела е ден за неделен одмор за 92 отсто од работниците. Остантите осум отсто кои работат во недела добиваат најмалку 50 отсто повисока дневница. Со ова законско решение се унапредуваат работничките права и се обезбедуваат повисоки дневници и плати за работниците. Владата предводена од СДСМ останува посветена на јакнење на економскиот стандард на сите граѓани, платите и пензиите растат а следува и ново зголемување на минималната плата. 

Read More

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни возила. Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 10 санкции за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните…

Read More

Омикрон го означи почетокот на новата фаза во пандемијата на Ковид-19, а можеби и нејзиниот крај во Европа, изјави шефот на европскиот огранок на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге. – Може да се заклучи дека регионот се приближува кон своевидна последна фаза на пандемијата“, изјави вчера Клуге за АФП, додавајќи дека до март 60 отсто од Европејците би можеле да бидат заразени со омикрон. Кога сегашниот бран на инфекција со омикрон во Европа ќе стивне, „ќе се воспостави глобален имунитет кој ќе трае со недели и месеци, благодарение на вакцината и имунитетот што луѓето го стекнале преку зараза и…

Read More

ЕУ нема намера да ги евакуира семејствата на своите дипломати од Украина, бидејќи не гледа причина за тоа и очекува објаснување од САД за потегот, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел. – Сè уште нема единствен предлог за санкции од ЕУ, но се разгледуваат неколку опции. За нив во моментов се преговара меѓу институциите и земјите на ЕУ, рече дипломатот. Сепак, тој додаде дека во случај на агресија врз Украина, Унијата „ќе може да воведе санкции кон Русија во рок од неколку дена“. САД синоќа соопштија дека наредиле да се вратат дома членовите на…

Read More

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе настапи на годинешниот Ролан Гарос иако не е вакциниран против коронавирусот, јавуваат италијанските и француските медиуми. Можноста за настап на Ѓоковиќ кому поради вакциналниот статус му забранија учество овој месец на Австралија опен, се отвора откако Франција донесе законски измени поврзани со вакцинираните и секој кој прележал Ковид-19 во последните шест месеци има право слободно да се движи во земјата. Српскиот тенисер поседува медицински доказ дека бил позитивен на коронавирус на 16 декември, а негативен тест добил на 22 декември 2021. Грен слем турнирот во Париз започнува на 22 мај и доколку дотогаш законските одредби поврзани со коронавирусот…

Read More