Author: Jane Gjorgioski

Со изведба на „Волшебникот од Оз“ денеска се одбележа Меѓународниот ден на детето во организација на Министерството за култура во соработка со училиштето за театар „Од игра до претстава“, на Школка во Градскиот парк.

Read More

Владата ќе продолжи да го поддржува АД ЕСМ со цел да не поскапи струјата за граѓаните, порача вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими. -Во Буџетот на годинава се предвидени 225 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за справување со кризата од кои дел се наменети за ЕСМ, рече Бесими во емисијата „Вин-вин“ на ТВ Телма. Посочи дека во текот на изминатата грејна сезона на ЕСМ од Буџетот му беа префрлени вкупно 320 милиони евра за да не поскапат струјата и парното, а со намалувањето на ДДВ-то како поддршка за пониски сметки беа одлеани дополнителни 70 милиони евра или…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител телевизија по одржаниот втор самит на Европската политичка заедница во Молдавија, кажа дека се зборувало и за политичката определеност на ЕУ за проширување. -Беше поздравен скрининг процесот кој ние го водиме и напредокот кој го имаме во скрининг процесот и беше исто така уште еднаш истакнато, особено на францускиот претседател, германскиот канцелар, на претседателот на ЕС потребата да ги донесеме одлуките што побрзо во делот на продолжување на евроинтеграцијата на Северна Македонија, бидејќи сега постои отворен прозорец за прием во ЕУ и сега е шансата да се искористи, рече Ковачевски. Тој повтори дека…

Read More

Процесот за изградба на коридорите е почнат со носење на закон за стратешка инвестиција со една од најголемите американски компании што работат во оваа област, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во гостувањето во Канал 5 телевизија. -Ова е стратешка инвестиција за брзо градење на коридорот 8 и ние спремни сме за реализација на овој договор за што побрзо да имаат граѓаните автопат, кажа Маричиќ. Тој додаде дека автопатот ќе го гради кредибилна американска компанија. Вицепремиерот исто така кажа дека во Брисел појасни дека постојат стратешки инвестиции и со европски компании, германски и француски, кои очекува наскоро да се…

Read More

Навистина во моментов постои отворена врата, како никогаш досега во овој геополитички момент постои волја и подготвеност од земјите членки на Европската унија за проширување бидејќи овој процес веќе не се смета како потреба на земјите кандидати, туку како заедничка потреба и цел и на земјите кандидати и на ЕУ бидејќи без Западен Балкан унијата не е комплетна во целост,  истакна премиерот Димитар Ковачевски, на прес-конференција по учеството на состанокот на Европската политичка заедница во Кишињев. Проширувањето на ЕУ беше предмет на разговорите на работниот дел од состанокот, каде што, како што рече Ковачевски, уште еднаш беше искажана јасната подготвеност…

Read More

Претседателката на Молдавија, Маја Санду денеска изјави дека на Самитот на европската политичка заедница во таа земја се покажале „силата и единството“ во време кога е загрозена стабилноста на Европа. „Денеска го собравме целиот континент овде за да ги потврдиме силните меѓусебни односи, да го вратиме мирот во Европа. Покажавме сила и единство кога стабилноста на нашиот континент е загрозена“, рече Санду на прес-конференцијата на крајот од самитот. На заедничката конференција со премиерите на Чешка и Шпанија, Санду рече: -Покажавме дека сме обединети против најголемата агресија од Втората светска војна. Таа додаде дека лидерите разговарале и за заеднички акции кои…

Read More

Евроинтеграцискиот процес на земјава беше тема на разговор на денешната средба на премиерот Димитар Ковачевски со претседателката на Европскиот Парламент, Роберта Мецола, на маргините од вториот Самит на Европската политичка заедница кој се одржува во Кишињев, Молдавија. -Мецола изрази силна поддршка да продолжиме по европскиот пат, соопшти владината прес-служба. Оттаму информираат дека Ковачевски и Мецола се согласиле дека улогата на Собранието е клучна и оти одлуката која треба наредниот период да се донесе, е тешка, но државничка. Таа одлука, додаваат, е крајно обврска на секој пратеник поединечно, и на Собранието како законодавен дом во кој директно се претставени граѓаните, кои…

Read More

На Самитот на Европската политичка заедница во Молдавија, премиерот Димитар Ковачевски се сретна со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој ја повторил силната поддршка на Германија за интеграцијата на Северна Македонија во Европската Унија. Германскиот канцелар дал поддршка и за следните чекори кои земјава треба да ги направи на патот кон ЕУ, а со македонскиот премиер разговарале и за забрзувањето на евроинтегративните процеси, кои се важни за безбедноста и стабилноста на целиот регион на Западен Балкан. Премиерот Ковачевски на маргините на самитот се сретна и со претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој исто така дал поддршка за евроинтеграцискиот процес на…

Read More

Работната група која ги изготвува нацрт-амандманите го работи само она за што има мандат, рече пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски во гостувањето во ТВ24. -Самата обврска на членот на СДСМ во работната група е да разговара само по однос на она што го предвидува преговарачката рамка, односно внесот на Бугарите во Уставот. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со истите лаги за кантонизации и федерализации, сега има дрска лага за федерализација. Тој е доведен до ѕид, бидејќи одредени теми не му проаѓаат. Ова беше пробен балон за замајување на јавноста, кажа Костовски. Прашан за замената на терминот „20%“ со „албански јазик“ и обвинувањата…

Read More

Македонскиот јазик, како генеалошки словенски јазик во рамки на јужнословенската група, и географски, но и поради разни надворешно јазични околности се нашол на периферијата на словенскиот јазичен свет, вели во своето обраќање професорот на Филолошкиот факултет Марјан Марковиќ на одбележувањето на Денот на сесловенските просветители. -Територијата на којашто опстојувал подолг период била под римско и византиското влијание, а најдолг период под Отоманската империја. Народите и јазиците со коишто стапил во интеракција на истата територија генеалошки биле не толку сродни (латино-романски (аромански, мегленоромански), грчки, албански, ладино, подоцна и турски). Сето тоа го принудило македонскиот јазик постојано да се адаптира, да иновира,…

Read More

Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска најавува дека посебно внимание ќе посветат на оние делови од договорот со „Бехтел и Енка“ кои создаваат финансиски обврски за државата. – Посебно внимание ќе посветиме на оние членови кои создаваат финансиски обврски на нашата држава, бидејќи тоа е она што ги засега граѓаните, што ќе добиеме ние од тој договор, изјави Ивановска во вечерашното гостување на телевизија „Сител“. Таа потврди дека договорот што го добиле не е целосен, односно недостасуваат прилозите. – Ако дојдеме до заклучок дека во тие прилози покрај некои менаџерски специфичности што се однесуваат за фирмата, постои нешто друго, ќе…

Read More

Почесниот амбасадор Василис Каскарелис на позицијата шеф на дипломатијата, поранешниот заменик -министер за одбрана Алкивиадис Стефанис се враќа во истото Министерството, но овој пат како министер за одбрана, а во Министерството за финансии доаѓа заменик- гувернерот на Банката на Грција Теодорос Пелагидис, се дел од министрите во новата, службена Влада на Грција, која утре напладне ќе положи свечена заклетва, јави дописничката на МИА од Атина. Привремената Влада, која има мандат од еден месец и ќе треба Грција да ја одведе на избори на 25 јуни, брои 20 министри, а на позицијата владин портпарол ќе биде новинарот од државната телевизија ЕРТ…

Read More