Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Наводниот организатор на поткуп во Европскиот парламент, Антонио Панцери, може да го напушти затворот под одредени услови, соопштија денеска обвинителите во Брисел. Како што пренесе ДПА, судот кој е надлежен за случајот одлучи дека Панцери може да го помине истражниот затвор во домашен притвор со електронски надзор, изјави портпаролот на јавното обвинителство. Поранешната потпретседателка Ева Каили и белгискиот европратеник Марк Тарабела ќе останат во затвор, додаде тој. Заедно со Панцери и уште еден европратеник, тие се осомничени дека земале мито од Катар и Мароко во замена за влијание врз европарламентот. Обвинетите се обвинети и за перење пари и членство во криминална организација. Панцери во…
Во завршна фаза сме со договор за Чебрен, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во Телма телевизија. Тој додаде дека грчката компанија побарала уште малку време за финиширање на деталите.
Шефот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, денеска призна дека неговите луѓе сè уште трпат загуби во борбите во Украина. Пригожин тоа го изјави за време на посета на едни гробишта. На видеото што го објави неговата прес-служба на Телеграм, Пригожим може да се види како стои пред неколку десетици гробови на кои се положени венци со цвеќиња. Руските власти даваат малку информации за загубите што ги претрпеа во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година. Последниот официјален извештај на Министерството за одбрана во Москва датира од септември 2022 година и во него стои дека има 5.937 загинати војници. Бројката не ги вклучува платениците на…
Германската влада сака ЕУ да ги заостри правилата за отпишување на долговите за високо задолжените земји, објави денеска „Фајненшл тајмс“. Таа повикува на воведување правила кои би поздразбирале намалување на учеството на долгот во БДП за еден процент годишно, додека помалку задолжените земји би морале да го намалат за половина процент годишно односот на долговите кон БДП, стои во документ во кој имал увид „Фајненшл тајмс“. Според сегашните правила, земјите-членки на ЕУ мора за 1/20 годишно да ги намалат долговите кои надминуваат 60 отсто од БДП. Европската комисија предложи измени на тие правила во ноември минатата година, со цел да…
Силната поддршка на Грција за Украина, украинскиот народ и неговото право да ја брани својата татковина и да го врати суверенитетот и територијалниот интегритет на земјата, изразил министер за одбрана на Грција Никос Панајотопулос на денешната средба со неговиот украински колега Олексеј Резников, јави дописничката на МИА од Атина. Панајотопулос, како што пренесе грчката новинска агенција АНА-МПА, потсетил дека Грција уште на самиот почетокот на војната „недвосмислено ја осуди руската агресија“ и ги спроведе сите санкции. Украинскиот министер за одбрана, од своја страна, ѝ се заблагодарил на Грција за поддршката на повеќе нивоа, а се осврнал и на претстојното членство на…
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески денеска оствари средба со амбасадорката на Република Грција Софија Филипиду. На работниот состанок учествуваа и извршниот директор на Комората, Антони Пешев, како и оперативната директорка Билјана Пеева Ѓуриќ. Како што соопшти Комората, во фокусот на разговорот беше економската соработка помеѓу двете земји, но и пошироко во целиот регион, со акцент на инфраструктурата која е клучна за бизнис секторот. Азески ја искористи можноста да потенцира дека за стопанството е важно да се зголеми протокот преку железницата и солунското пристаниште, да има редовни авионски линии со Република Грција, а енергетската криза покажа и дека во…
Франција денеска се соочи со нов бран протести и штрајкови во повеќе градови земјата, по неуспешниот состанок меѓу француската премиерка Елизабет Борн и синдикатите околу нацрт-законот за пензиските реформи со кои се зголемува старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години. Демонстрантите започнаа протестен марш во Париз, а полицијата употреби солзавец двапати на протестите во Лион и еднаш во Нант, јавуваат новинарите на BFMTV. Синдикатите кои повикаа на демонстрации очекуваат стотици илјадници учесници на денешните протести. Вчерашниот разговор на Борн со синдикатите траеше цел час, но не го донесе посакуваното решение. Синдикатите велат дека единствен излез од кризата е…
Во изминатата година се соочивме со најтешката зима и со предизвикот да менаџираме две кризи – кризата со електрична енергија и кризата со топлинска енергија, за жал се соочивме и со разни шпекулации, црни сценарија и лажни вести од одредени структури во општеството и пред се политички партии кои се покажаа како невистинити и неточни. Граѓаните имаа сигурно и стабилно снабдување со струја и топлина, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Не се наоѓаме за првпат во драстично спротивставени позиции на власта и опозицијата, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Алсат. Таа повика на дијалог и политичка аргументација.
Би сакал да им честитам на дел на колегите бидејќи навистина има многу одговорни, квалитетни луѓе коишто си ја сфаќаат работата многу сериозно, имаат мотивација, имаат желба, и покрај тоа што знаеме какво е нивото на платите во јавниот сектор, рече вицепремиерот Бојан Маричиќ во гостувањето во ТВ21, прашан за капацитетите на администрацијата во процесот на преговори за членство во Европската Унија.
Италијанската влада го одобри нацрт-законот со кој се забранува производство и употреба на лабораториска храна. Целта на овој нацрт закон е да се заштити земјоделско-прехранбената улога на почвата, рече италијанскиот министер за земјоделство. Ако предлогот биде усвоен од парламентот, италијанската индустрија нема да може да произведува храна или добиточна храна во лабораториски услови, се вели во нацрт-законот. „Според нас, лабораториските производи не гарантираат квалитет, благосостојба и заштита на нашата култура, нашата традиција“, рече министерот Франческо Лолобриџида. Владата на премиерката Џорџија Мелони вети дека ќе ја заштити италијанската прехранбена индустрија од технолошките иновации кои се сметаат за штетни и го преименуваше…
Премиерот Димитар Ковачевски пристигна во Белград, каде утре ќе се потпишат три меморандуми за соработка во рамки на иницијативата Отворен Балкан.