Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Jane Gjorgioski
Турција денеска во Брисел потври дека Шведска и Финска презеле конкретни чекори на барањата на Анкара во однос на исполнувањето на условите за пристапување во Алијансата и дека трите земји повторно ќе одржат средби, изјави главниот шведски преговарач во процесот на пристапување во НАТО, Оскар Стенстром. -Видовме дека Турција призна дека Шведска и Финска презедоа конкретни чекори во овој договор, што е добар знак, рече Стенстром на прес-конференцијата во седиштето на НАТО, пренесоа британските медиуми. Шведскиот дипломат посочи дека трите земји ќе одржат нови средби, но не прецизираше датум. Турција досега отворено се спротивставуваше на влезот на двете скандинавски земји…
САД се „особено загрижени“ поради неодамнешното насилство од страна на еврејските доселеници на Западниот Брег, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција со израелскиот колега Јоав Галант во близина на Тел Авив. „Посебно сме загрижени поради насилството на доселениците врз Палестинците“ и „во иднина ќе се спротивставиме на дејствијата кои можат да го доведат во прашање решението (на израелско-палестинскиот конфликт во форма на) две држави“, израелска и идна палестинска, кои ќе живеат во мир, рамо до рамо, рече Остин. Израелско-палестинскиот конфликт се засили откако на крајот на декември на власт во Израел дојде десничарската влада предводена од…
Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека новата еврообврзница нема да не чини поскапо од онаа што не беше издадена поради административните процедури односно поради тоа што се чекаше потпис од новиот министер за правда. Со цел да не се повтори истата ситуација, Бесими најавува законски измени.
„Зголеменото и стабилизирано мнозинство ќе може поедноставно да гласа закони за подобар живот на граѓаните. Сепак, процесот на проширување се уште не е затворен. Ја користам оваа прилика да кажам дека имаме отворена врата за Беса или пратеници од Беса и други партии кои сметаат дека треба да се приклучат на овој европски блок или алијанса за Европа“ рече потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Патот кон“ на Алсат М.
Упатувам честитки и благодарност до оние пекари кои се одважија и одговорно одлучија да застанат на страната на граѓаните. Мило ми е што ваквите примери ги има сѐ повеќе, во објава на Фејсбук истакна вицепремиерот Фатмир Битиќи.
На 75-годишна возраст во Тетово вчера почина Бранко Гечовски-Ѓеко, кој целиот живот го помина како актер во Драмското студио во Тетово. Тој половина век настапуваше пред публиката на тетовскиот аматерски театар и претставите кои со децении ги изведуваше заедно со актерите од Драмското студио.
Во јануари оваа година на подрачјето на СВР Скопје за 20 проценти се намалени сообраќајните незгоди со потешки последици, во споредба со јануари минатата година. Во првите два месеци од 2023 година, бележиме двојно намалување на сообраќајните незгоди со жртви. Сега имаме три, споредбено со минатата година за истиот период, кога сме имале шест жртви, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Статистички, како што посочи, брзото возење е најголема причина за сообраќајните незгоди со смртни последици. Спасовски, кој вечерва во Чаир ги посети полициските службеници кои работат на терен во овој дел од градот, информираше дека во текот…
Прилепското обвинителство започна да работи по пријавата за сексуално вознемирување врз 15-годишна ученичка со посебни потреби од страна на хигиеничар во училиштето кое го посетува. -Започнавме со прибирање потребни известувања, а денеска имавме и распит, меѓу кои и на ученичката, а испрашани се директорката и социјален работник во училиштето. Поднесовме наредба до полицијата да ги прибави видеозаписите од училиштето. Психолог ќе вештачи за душевната состојба на ученичката за на крајот да решиме дали ќе се отвори предмет и дали ќе има кривично гонење, изјави за МИА телефонски јавниот обвинител Маријана Илиеска. Настанот наводно се случил на осми февруари, па оттаму…
Романскиот премиер Николае Чука го претстави својот „нов почесен советник“ во својот кабинет – помошник со вештачка интелигенција.
Повеќето членки на Г-20 денеска остро ја осудија војната во Украина, а не се согласуваат само Русија и Кина, изјави ротирачкиот претседавач на форумот Индија по состанокот на министрите за надворешни работи на Групата во Њу Делхи.
Собранието во рамки на попладневниот дел од денешното продолжение ба 104-тата седница ги избра Тирон Јајага за заменик-министер за одбрана, Викторија Аврамовска Мадиќ за заменик-министер за правда, Вјолца Бериша за заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Маја Манолева за заменик-министер за здравство и Агим Нухиу за заменик-министер за образование и наука.
Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби ги повика ВМРО-ДПМНЕ на седница на Собрание со две точки на дневен ред, прва за уставни измени и втора точка распуштање на Собранието и предвремени избори.