Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Остин: САД се многу загрижени поради насилството на еврејските доселеници на Западниот Брег

0
By Jane Gjorgioski on March 9, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: hurriyetdailynews.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 9, 2023 18:22

САД се „особено загрижени“ поради неодамнешното насилство од страна на еврејските доселеници на Западниот Брег, изјави денеска американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на прес-конференција со израелскиот колега Јоав Галант во близина на Тел Авив.

„Посебно сме загрижени поради насилството на доселениците врз Палестинците“ и „во иднина ќе се спротивставиме на дејствијата кои можат да го доведат во прашање решението (на израелско-палестинскиот конфликт во форма на) две држави“, израелска и идна палестинска, кои ќе живеат во мир, рамо до рамо, рече Остин.

Израелско-палестинскиот конфликт се засили откако на крајот на декември на власт во Израел дојде десничарската влада предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Во судирите од почетокот на годината загинаа 75 Палестинци и 13 Израелци.

По нападот на 26 февруари во кој загинаа две млади Израелки кои живееја во еврејска населба на северот од окупираниот Западен Брег, десетици еврејски доселеници го нападнаа палестинскиот град Хувара, палејќи згради и автомобили.

– Тука сум како пријател кој длабоко се грижи за безбедноста на државата Израел, но САД остануваат цврсто против секој чекор што може да предизвика дополнителна несигурност, вклучително и охрабрување на колонизацијата и запаливи изјави, додаде Остин.

-И како што секогаш правевме, го повикуваме палестинското раководство да го сузбие тероризмот (…) и да го осуди поттикнувањето насилство, рече Остин, истакнувајќи дека е „многу јасен во однос на правото на Израел да се брани од тероризмот“.

Западен брег Израел насилсто Палестина САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.