Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
ДУИ смета дека какви било промени на Законот за влада заради укинување на т.н. пржинска Влада треба да се направат во согласност со најголемите политички партии. Од партијата велат дека начелен договор постои за укинување на оваа техничка или пржинска влада, но, оти предлогот треба да биде по постигнат консензус за таквото решение. За таков консензус има време, велат од партијата, оти предвремени парламентарни избори нема да има, туку редовни во 2024 година. Предлогот, како што појасни Арбр Адеми од ДУИ, го добиле денеска на координација кај претседателот на Собранието Талат Џафери. – Тој Предлог-закон се разгледува од нас како…
Богатство од стимулативни содржини во сензорната соба на ООУ „Видое Подгорец“ во Струмица, со која од денес, секојдневно ќе се обезбедува педагошка поддршка за учениците со образовни потешкотии. Оваа активност се спроведува како дел од Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ кој е финансиран од Европската Унија, а оваа сензорна соба се реализира со поддршка на Германско друштво за меѓународна соработка (ГИЗ). Тим лидерот на Регионалниот проект за социјални права на ранливите групи (SoRi II), Мајкл Самец истакна дека поддршката на најранливите категории е еден од приоритетите во соработката на Германија со Северна Македонија која ја спроведува Германското друштво за…
Заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостување во емисијата „Студио 10“ посочи дека во овој момент не се потребни предвремени парламентарни избори, туку работа и проекти со цел да се надминат предизвиците од енергатската, економската и здравствената криза. „Сега нема потреба од предвремени избори, има потреба од работа од менаџирање на кризата, реализација на мерки и проекти од Програмата на влада. Барањето за предвремени избори во овој момент е една несериозна иницијатива од страна на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што се наоѓаме во кризен период и еден вид на непочитување на државата ако било кој политички субјект сега бара предвремени избори.“…
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2022 година, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Од полноќ малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит.
Сведок во судскиот предмет „Плацеви на Водно“ денеска беше Кирил Божиновски, поранешен генерален секретар на ВМРО ДПМНЕ и генерален секретар на владата на Груевски. „Дали некогаш сте му дале во готово пари на Груевски? “ праша одбраната, на што сведокот одговори негативно. Тој одговори дека многу ретко влегувал во кабинетот на Груевски во старата зграда на ВМРО ДПМНЕ и дека не се сеќава дали имало сеф таму. На сведокот му беа поставени и прашања за поранешниот директор на ЕЛЕМ Влатко Чинговски кој сведочеше на почетокот на минатиот месец дека добивал материјали и документи со назнака дека се за генералниот секретар…
Што се однесува до фирмите кои добиле тендери за зимско одржување, на прво место според бројот на договори е скопската фирма КИ-ЕМ која има 7 договори за продажба на индустриска сол во вкупна вредност од 388.049 евра. Но, според вредноста на тендерите, други пет компании се носители на најголемиот дел од колачот. На врвот е Димакс рудници од Демир Хисар со четири тендери во вредност од 7 милиони евра за две години или по 3,5 милиони евра на годишно ниво. Државните институции склучиле договори за јавни набавки со приватни фирми за механизација, работници, сол и ризла за одржување на улиците и…
Вчера (23 јануари) околу 16 часот и 10 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Ш.М.(21), В.У.(22). Ш.М.(21) и Ф.А.(22), сите од гостиварско Врапчиште, поради сомнение дека претходно противправно одзеле патничко моторно возило „цитроен берлинго“, со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Н.И.(43) од тетовска Голема Речица. Половина час пред тоа, возилото било пронајдено и вратено на сопственикот. Се расчистува и документира случајот.
Вчера (23 јануари) околу 18 часот и 20 минути, во Полициската станица Тетово бил извршен службен разговор со М.А.(60) и И.А.(26) од Тетово, кои претходно физички ја нападнале нивната 30-годишна ќерка и сестра, a поради прeтходни недоразбирања со нејзиниот сопруг. Двајцата се задржани за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев, при гостувањето во „Утрински брифинг “во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за укинување на техничката влада потсети дека потребата за техничка Влада произлезе во 2015 година, како резултат од прислушуваните материјали, односно од она што го слушнаа сите, како се местеле избори, како државниот апарат, полицијата се злоупотребувала за време на изборниот процес. Сега опозицијата бара да ја нема техничката Влада и мене ми е драго што тие со овој чекор, дали свесно или несвесно потврдуваат дека оваа Влада и оваа коалиција може и организира фер и демократски избори и сметаат дека со овој…
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 27 јануари 2022 година (четврток), Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница им го честита празникот Свети Сава.
Сашо Мијалков, обвинет во судскиот предмет„Плацеви на Водно“ денеска се појави на судското рочиште. Тој беше во изолација поради коронавирус, па судијата Илија Трпков на почетокот на судењето го праша дали е во добра здравствена состојба и, откако доби потврден одговор, почна главната расправа на која е присутен и бизнисменот Јордан Камчев, кој, заедно со Мијалков, се бранат од слобода откако апелациските судии ги ослободија од притвор со приложена гаранција од над 11 милиони евра. Пред да влезе во судницата Мијалков беше прашан од новинарите “кој е рецептот за милионите”, на што одговори дека нема рецепт. Груевски е првообвинет во…
Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година. Вчера, на деведесет и две годишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист. Роден е на 03.09.1931 година во Сопотница, Демир Хисар. Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“. Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии. Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен…