Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Од починатите, 12 се од Скопје, на возраст 86г, 84, 80г, 75г, 75г, 73г, 67г,65г,63г, 57г, 48г и 39г, две починати лица од Куманово 71г и 42г и по едно починато лице од Богданци 70г, Велес 73г, Гевгелија 69г, Кичево 69г и Македонска Каменица 87г. Викендот, како и минатите саботи и недели, бројот на тестирани и заболени од коронавирусот значително намален под 10 проценти на позитивни од Ковид-19 од тестираните. Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина. За…
МИА дојде до делови од извештајот за Северна Македонија, кој ќе биде официјално објавен попладне во Европскиот Парламент, Европската Комисија ја критикува блокадата за старт на преговори, јавува дописничката на МИА од Брисел. Европската Комисија е задоволна што Северна Македонија продолжува да ги исполнува критериумите за зачленување во ЕУ и што властите покажуваат јасна проевропска ориентација. – Северна Македонија продолжува да ги исполнува условите за отворање на преговорите за членство и властите ја демонстрираа јавно својата цврста заложба да продолжат по ЕУ патот. Земјата задржа постојан и одлучен тек во напредувањето на ЕУ реформите и ги зголеми своите напори за…
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос. Во морскиот дел во Источниот Медитеран, југоисточно од грчките острови Крит и Карпатос, утрово беше регистриран земјотрес со јачина од 6,1 степен, јави дописничката на МИА од Атина. Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот е 127 километри југоисточно од Карпатос.
Во петокот и во саботата аплицирани се вкупно 3.250 дози вакцини, од кои 884 се аплицирани како прва доза, 2.257 се ревакцинирани, а 109 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 16 октомври вкупно се вакцинирани 799.012 граѓани, ревакцинирани се 760.317, а трета доза примиле 1.148 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информираат од Министерство за здравство. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години.…
Вчера имавме успешен демократски ден и празник на демократијата. Им честитам на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање. Сакам да се заблагодарам за поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено, изјави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, на денешната прва прес-конференција во кампањата за вториот круг од локалните избори. – Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка на политиките што Скопје за 4 години целосно го променија, нагласи градоначалникот Шилегов. -…
Ова денеска, овој резултат денеска, покажува дека време е да го средиме градот и да живееме во град со којшто ќе се гордееме. Денеска се покажа дека на скопјани им е преку глава од празни ветувања, дека на скопјани им е доста од политичари кои ветуваат, а не остваруваат. На овие избори важно беше да се обединиме и да успееме да донесеме промени за поубаво Скопје. Заедно ќе го направиме Скопје модерна метропола и здружени сите заедно со иста цел – да успееме да го направиме Скопје подобро место за живеење, изјави Данела Арсовска денеска на прес конференција, по вчерашните…
Никогаш не е лесно да слушнеш дека имаш рак. Она што не го контролираш, она што ненадејно доаѓа од никаде, тоа повеќе те плаши. И те плаши, не само за тебе, туку и за оние што ги сакаш и те сакаат. Сепак, постои борба со оваа болест и се победува. И ако едно нешто е сигурно, тоа е дека никогаш немам отстапено од ниедна битка во мојот живот, напиша Бакојани. Петстотини луѓе годишно се дијагностицираат со мултипен миелом во Грција. Една од нив веќе сум и јас, напиша поранешната грчка министерка и пратеник од Нова Демократија, Дора Бакојани, на нејзиниот…
Според резултатите објавени на веб страната на Државната изборна комисија, по преброени 100 отсто од гласовите во Куманово, каде гласале 46.249 од вкупно 93.986 гласачи, Максим Димитриевски освои 15.164 гласа или 32,79 %, Оливер Илиевски од СДСМ освои 15.142 гласа или 32,74%, додека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Михајловски освои 8.582 гласа или 18,56%. Со 22 гласа актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, води пред кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски, согласно последната промена од Државната изборна комисија (ДИК). Од ДИК најавуваат дека првата прес-конференција денеска ќе ја одржат во 19 или 20 часот. Според резултатите објавени на веб страната на Државната…
Тетовското обвинителство презема дејствија во врска со пријавен настан по кој е оформен предмет против едно лице за сторено кривично дело „Поткуп при избори и гласање“. Поткупот го вршел кандидат за градоначалник со бекатон плочки. Комисијата за следење на евентуални нерегуларности поврзани со извршување на кривични дела од Глава шеснаесет – Кривични дела против изборите и гласањето од Кривичниот законик и други кривични дела кои би биле сторени при организирањето и спроведувањето на локалните избори, формирана во Jавното обвинителство, ја известува јавноста дека во текот на организирањето и спроведувањето на локалните избори заклучно со првиот круг на гласање одржан на…
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која од вечерва на полноќ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,23 % во однос на Одлуката од 12.10.2021 година. Со оваа одлука, цените на горивата ќе се зголемат за еден денар, па така еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе чини 76.50 денари, еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе чини 78.50 денари, а еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 68.50 денари. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,249 денар/килограм и сега ќе изнесува 43,010 денари/кг, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини…
Во двете општини, во кои лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа прогласи победа во првиот круг, кандидатите на коалицијата Алијанса-Алтернатива се многу блиску до неопходното мнозинство, но остануваат под 50% плус еден глас. Во Гостивар и Дебар, сепак, ќе има и втор круг за избор на градоначалник, покажуваат првичните резултати од Државната изборна комисија (ДИК). Иако лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, синоќа прогласи победа уште во првиот круг, кандидатите на Алијанса за Албанците и Алтернатива, сепак не освоиле мнозинство од гласовите на граѓаните коишто вчера излегле на избирачките места, па извесно е дека и во Гостивар…
Мисијата на ОДИХР денеска ќе ја соопшти прелиминарната оценка од набљудувањето на локалните избори во Северна Македонија. Тана де Зулуета, шефица на Набљудувaчката мисија за изборите на ОДИХР и Штефан Краусе, заменик шеф на мисијата во 15 часот на прес-конференција ќе ги презентираат своите наоди. Во Северна Македонија вчера се одржа првиот круг од седмите локални избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. На 3 480 избирачки места, граѓаните можеа да го дадат својот глас за вкупно 10 831 кандидати од кои 299 за градоначалници, а останатите за советници, на 91 листа поднесена…