Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Ова е само почитување на законот, истакна Неделков и нагласи дека „ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен“. Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на денешната прес конференција изјави дека штрајкот е ставен во мирување. Советот на СОНК денеска заседавал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници. – Од денеска генералниот штрајк се става во мирување. Ова е само почитување на законот, истакна Неделков и нагласи дека „ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен“. Тој се надева дека платите на вработените ќе бидат зголемени, дневниците за време на штрајкот…
Прес-конференција на Јаким Неделков, претседател на Синдикатот за образование и наука за штрајкот на вработените во образованието
ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Христијан Мицкоски, освен неконструктивност, не покажува ништо друго, нивната единствена цел е политички профит по секоја цена. Опструкции, мотивирање на протести во криза и дестабилизација се единствено што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат и сакаат да понудат, изјави на денешната прес-конференција, Мартин Костовски, пратеник на СДСМ. Таквите понуди нека си ги чуваат за себе, бидејќи не се за граѓаните. Денешната прес-конференција на Мицкоски покажа дека тој не е фактор на политичката сцена туку опортунист кој работи единствено за личен интерес и интерес на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш на штета на интересите на граѓаните. Прес-конференцијата на Мицкоски требаше да се одржи за…
Трансакции во рубљи за плаќање на рускиот природен гас можат да се прават, ако е тоа потребно, потврди денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска–Бежоска. – Создадени се сите предуслови и не гледам дека треба да има некоја пречка за плаќање на начин на којшто е потребно, рече Ангеловска-Бежоска одговарајќи на прашањето на денешната прес-конференција, заедно со потпретседателката на ЕИБ Лилјана Павлова, дали домашните институции се подготвени да плаќаат природен гас во руски рубљи. Гувернерката додаде дека не постојат никакви регулаторни пречки за редовна достава и плаќање на гасот. – Се што беше до Централната банка како регулатива, веќе е…
Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, нагласи денеска Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски на јавна средба на која ќе разговараат за датум за одржување на предвремени парламентарни избори. На тој состанок тој има намера да предложи 4 тима, составени од ВМРО-ДПМНЕ, „од луѓе со искуство во областите во кои се детектирани клучните проблеми во нашата земја“. Тој му да даде рок на Ковачевски до 10 мај да се изјасни дали ќе…
Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност” по чл. 292, а во врска со чл. 288 од Кривичниот законик. На 27.04.2022, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Ј., С.Б., и С.Ј., сите од Скопје. По преземени мерки и активности е утврдено дека тие на 09.03.2022 во Скопје со запалива течност предизвикале пожар во патничко возило „ауди Q5“, од кој биле зафатени три други возила – „фолксваген пасат“, „нисан“ и „даеву матиз“. Денеска, до Основното јавно обвинителство Скопје, против нив е поднесена…
Новиот модел, кој ќе биде изработен и врз базата на искуствата од останатите земји каде се користи, ќе биде димензиониран максимално да ги заштити потрошувачите со просечна потрошувачка – за нив ќе биде обезбедена пониска цена во однос на другите тарифи. Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги одржа работен состанок со професори од Машинскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии кои со својата експертиза ќе се вклучат во изработка на новиот тарифен систем за електрична енергија со цел воведување на блок тарифи. Професорите ќе учествуваат и во анализата потребна за утврдување на опсегот на просечната потрошувачка во…
Дваесет и тригодишна жителка на тетовско село ноќеска (28 април), дваесетина минути по полноќ, во СВР Тетово пријавила дека нецел час пред тоа во семејниот дом физички била нападната од нејзините свекор и свекрва. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Роберт, Бобан, Миле и Игор, имаа визија и цел, борејќи се за посветла иднина покажаа морални вредности кои сме должни да ги чуваме, надградуваме и почитуваме, рече Зариоски. Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски положија венец со свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите припадници на баталјонот за специјални сили, кои го изгубија животот на 28 април 2001 година во Вејце. Во чест на загинатите припадници постар водник Роберт Петковски, водник Бобан Трајковски, водник Миле Јаневски и водник Игор Костески, венци со свежо цвеќе положија и…
Во однос на тоа дали ќе има повторно зголемување на цената, Ташков додава дека зависи од светските берзи, но во моментов, според него, кризата со зејтинот се смирува поради увозот од Србија и апелира граѓаните да не прават залихи. Фабриката „Брилијант“ донела одлука да ја зголеми цената на маслото за јадење за 20 денари и едно шише сега се продава по 135 денари. Директорот на фабриката, Коста Ташков, изјави дека новата цена е резултат на покачувањето на суровината. Со оваа зголемена цена, маслото за јадење од овој производител се изедначи со цената на останатите производители во земјата. Новото сурово масло…
Во континуитет обезбедуваме нова најсовремена медицинска опрема за јавните здравствени установи, со цел унапредување на условите за третман на пациентите и подигнување на квалитетот на здравствените услуги. На Институтот за радиологија, деновиве се инсталирани четири нови апарати за компјутерска томографија и за магнетна резонанца, обезбедени во соработка со Светска банка. Со оваа инвестиција овозможуваме побрз пристап на пациентите до потребните дијагностички услуги, а со тоа и побрза детекција и третман на заболувањата, особено ако станува збор за малигни заболувања каде раната детекција е клучна. Со грант од Јапонија е обезбедена современа медицинска опрема за повеќе клиники наменета за третман на пост-ковид пациенти…
На 27.04.2022 во 18.30 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода Н.Т.(35) од Охрид. При претресот во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени околу половина килограм марихуана спакувана во повеќе различни пакувања и масло од канабис. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно докумeнтирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.