Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Мицкоски бара лидерска средба со Ковачевски за предвремени парламентарни избори

0
By НОВА ТВ Balaban on April 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 28, 2022 15:13

Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, нагласи денеска Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски на јавна средба на која ќе разговараат за датум за одржување на предвремени парламентарни избори. На тој состанок тој има  намера да предложи 4 тима, составени од ВМРО-ДПМНЕ, „од луѓе со искуство во  областите во кои се детектирани клучните проблеми во нашата земја“.

Тој му да даде рок на Ковачевски до 10 мај да се изјасни дали ќе одговори на повикот, а доколку ја одбие понудата, Мицкоски се закани со, како што рече, „сериозни и досега непреземени чекори“.

– Не барам од Ковачевски да брза. Нека размисли, знам дека ќе го советуваат да одбие. Но, нека размисли, нека преспие, нека се советува со повеќе луѓе. Очекувам одговор во следните десетина дена. Нека биде краен рок 10 мај – вторник. Доколку ја одбие и оваа понуда за средба за излез од националната катастрофа што ја живее Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ќе заседава, а потоа следат сериозни и досега непрактикувани чекори, нагласи Мицкоски на денешната прес-конференција.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, има многумина што прашуваат „Што прави опозицијата“?

– ВМРО-ДПМНЕ овие 5 години е на самиот браник на државата, со сите бури, ветришта и удари со кои се соочивме. Не е нормално премиерот да нема комуникација со лидерот на најголемата политичка партија. Затоа, денес, јавно и отворено предлагам до Ковачевски заедничка и јавна средба, на која ќе разговараме и ќе договориме датум за одржување предвремени парламентарни избори како природно решение за состојбите во Македонија. На тој состанок имам намера да предложам 4 тима, составени од ВМРО-ДПМНЕ, кои ќе бидат составени од луѓе со искуство и луѓе што се покажале и докажале во минатото во 4 акутни области, во кои се детектирани клучните проблеми во нашата земја. Четири тима што ќе работат заедно со тимови од власта во меѓупериодот од сега до денот на одржување на предвремените парламентарни избори. Про боно, без никакви права и привилегии. Тука сме да ѝ помогнеме кога на Македонија ѝ е најтешко, потенцира Мицкоски.

 

бара лидерска средба Мицкоски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.