Author: НОВА ТВ Balaban

Претседателот на САД, Џо Бајден денеска одобри помош во оружје и други одбранбени средства во вредност од 200 милиони долари, соопшти Белата куќа. Со оваa одлука, вкупната американска безбедносна помош за Украина во текот на мината година изнесува 1,2 милијарди долари, изјави неименуван претставник на американската администрација. Средствата може да се користат за оружје и други одбранбени средства од резервите на американското Министерство за одбрана, како и за воено образование и обука за помош на Украина.

Read More

Тој додаде дека САД се обидуваат да им обезбедат на Украинците што е можно посилна преговарачка позиција, да го зголемат притисокот врз Русија со наметнување високи трошоци и да обезбедат безбедносна помош за украинската одбрана. САД се подготвени да преземат дипломатски чекори, кои би биле корисни за украинската Влада, изјави денеска портпаролот на Стејт департментот, откако украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Западот треба повеќе да се вклучи во преговорите за ставање крај на војната. – Доколку можеме да преземеме дипломатски чекори, за кои украинската Влада верува дека ќе бидат корисни, ние сме подготвени да ги преземеме, посочи портпаролот на…

Read More

Исто така се истакнува дека обвинувањата на Путин за „флагрантно кршење“ на хуманитарното право од страна на украинските сили се „лаги“. Елисејската палата, денешниот телефонски разговор на Емануел Макрон и Олаф Шолц со Владимир Путин, го квалификуваат како „многу искрен и тежок“ разговор, јави дописникот на МИА. – Францускиот претседател и германскиот канцелар, час и половина бараа „крај на опсадата на Мариупол, каде ситуацијата е човечки неодржлива, посочува француското претседателство. Во соопштението се наведува дека на крајот од разговорот „Владимир Путин не покажа волја да ја запре војната“, и оти Франција не забележала знак на смирување од страна на Путин.…

Read More

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 1.300 украински војници се убиени за 17-дневната руска инвазија врз Украина. Претходно, Високиот комесаријат на Обединети нации за човекови права (ОХЦХР) соопшти дека најмалку 579 загинале во Украина, а над 1.000 се повредени. Според податоците на ОХЦХР за време на руската инвазија врз Украина загинале 42 деца, а 54 се повредени. Додека Канцеларијата на главниот украински обвинител денеска соопшти дека од почетокот на рускиот напад врз Украина загинале најмалку 79 деца. Поголемиот број деца жртви се од регионот на Киев, Харков, Доњецк, Суми, Херсон и Житорим.

Read More

Зеленски посочи и дека идните мировни преговори со Русија може да се одржат во Ерусалим. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека преговорите помеѓу Моска и Киев за судирот во Украина, кои се водени лице в лице во Белорусија, продолжија преку видео врска. Тој наведе дека рускиот претседател Владимир Путин ги известил во денешниот телефонскиот разговор со германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон за видео преговорите во изминатите денови. Песков истакна дека ќе продолжат преговорите. Додека претседателот на Украина, Володимир Зеленски во денешното обраќање истакна дека украинските и руските преговарачки тимови почнале да разговараат за конкретни…

Read More

Потпреседателот Борел в понеделник ќе престојува во Скопје, Северна Македонија, каде ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерката за одбрана Славјанка Петровска, како и со претседателот на Собрание Талат Џафери и лидерите на опозициските партии. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и  потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел, од утре до 16 март ќе ги посети Северна Македонија, Албанија и Босна и Херцеговина . Посетата ќе ја потврди посветеноста и поддршката на ЕУ за регионот, исто така, и во поглед на руската војна против Украина и нејзиното влијание…

Read More

Во однос на пакетот политички прашања беше нагласено дека непосредната комуникација на политичко и експертско ниво е ефективен метод и како таков ќе продолжи да се користи во контекстот на продлабочување на односите и подигање на нивото на политички дијалог.  Во продолжение на учеството на Анталија Дипломатскиот Форум, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со Премиерот на Република Бугарија, Кирил Петков. На средбата стана збор за воениот конфликт во Украина и како истиот ќе се рефлектира во однос на безбедносната состојба во регионот на Западниот Балкан и Европа, при што Османи нагласи: “Ни требаат јасни и недвосмислено пораки…

Read More

Украинските власти тврдат дека руската авијација со ракети воздух-земја ги нападнала целите во западна Украина. Најмалку шест бомбардери Ту-95 истрелале ракети воздух-земја против цели во Луцк и во Ивано-Франковск. Во Луцк, како што јавија дел од украинските медиуми, била погодена фабрика за поправка на мотори на борбени авиони, а нападнат е и централниот украински град Днипро. Украинските воздухопловни сили соопштија дека извршиле околу 10 мисии со борбени авиони МиГ-29 и Су-27, вклучително и напад врз непријателски авиони. Според украинските власти при синоќешниот руски воздушен напад врз воениот аеродром во Василков, јужно од Киев, биле погодени складиште за муниција и складиште…

Read More

Можеме да кажеме дека имавме многу среќа во оваа голема и тешка несреќа, во која се оштетени околу 40 автомобили, изјави хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ кој, заедно со членови на Владата, денеска го посети местото на падот на беспилотното летало коешто прексиноќа по 23 часот се урна кај Јарун крај Загреб. Леталото очигледно е лансирано на територијата на Украина, но не знаеме чие е, а и украинската и руската страна велат дека не е нивно. Леташе над  Хрватска околу 7 минути и тука се урна, буквално кадешто има 7.500 студенти, ресторан, станбени згради, ноќен клуб,… Можеме да кажеме дека имавме…

Read More

Исто така претседателот при денешната посета на Свети Николе им го честита големиот христијански празник на светиниколчани. При денешната посета во општина Свети Николе претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање дали е доволен новиот сет мерки на Владата за да се надмине енергетската и економската кризата во која се наоѓа државата, истакна дека сетот мерки е задоцнет и нема драматично да ја подобри состојбата со кризата, туку дополнително создава фрустрации кај народот и некој не верува во капацитетите на Владата, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ. „Па не мислам дека сетот мерки се доволни, затоа што е…

Read More

Украинската армија денеска соопшти дека руските сили  ја зазеле источната периферија на опколениот град Мариупол. Мариупол е под опсада на руските сили повеќе од една недела, а во градот нема електрична енергија, гас и вода. Советникот во украинското Министерство за внатрешни работи Антон Герашченко изјави дека рускиот генерал Андреј Колесников загинал во текот на борбите за Мариупол. Според украински тврдења тоа е трет руски генерал кој загинал во борбите. Смртта на Колесников не е потврдена од страна на руската армија.

Read More

Здружението на Украинците „Лесја Украинка“ и Meѓународниот штаб за помош на Украинците преку соопштение упатуваат апел за хуманитарна помош за Украина. Пунктовите на собирање хуманитарна помош, како што посочуваат, се отворени во магацин на компанијата „Кодинг Горска” на ул.„Шарпланина“ бр. 4 во Ѓорче Петров (секој работен ден од 10 до 19 часот, в сабота од 10 до 14 часот), и во шатор на плоштадот Македонија во центарот на градот (секој ден од 8 до 20 часот).

Read More