Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Русија ќе распореди падобранци за заштита на Чернобил, нивото на радијација во централата е нормално
Русија ќе распореди војници од падобранска единица кои ќе помогнат во заштита на затворената нуклеарна централа Чернобил во близина на главниот град на Украина, Киев, изјави денеска портпарол на руското Министерство за одбрана. – Нивото на радијација во централата е нормално, изјави портпаролот на брифинг. Според него, руските трупи, кои вчера започнаа целосна воена операција во Украина, уништија 118 локации на украинската воена инфраструктура. МИА
Британскиот министер за одбрана, Бен Валас, тврди дека Русија има намера да ја окупира цела Украина. Валас за Скај њуз оцени дека руската армија не успеала да ја исполни целта на првиот ден од акцијата во Украина. Британскиот министер за одбрана процени дека Русија изгубила повеќе од 450 војници во Украина првиот ден.
Најголемата анонимна хакерска група „The Anonymous“ пред неколку минути на Твитер објави дека ја хакирале и ја срушиле страницата Russia Today. Колективот Анонимуси ја отстрани веб-страницата на руската пропагандна станица RT News – објавија тие на Твитер. Сите веб-страници на провладините медиумски агенции во моментов се недостапни. #Anonymous is currently involved in operations against the Russian Federation. Our operations are targeting the Russian government. There is an inevitability that the private sector will most likely be affected too. While this account cannot claim to speak for the whole (con) — Anonymous (@YourAnonNews) February 24, 2022
Руските сили утринава соборија украински борбен авион Сухој Су-27 над Киев, потврди украинскиот заменик министер за внатрешни работи, Евгениј Јенин. Украинската агенција за вонредни ситуации утринава објави фотографии коишто покажуваат пожар кој избувнал во двокатна зграда, откако врз неа паднале делови од урнатиот авион. Київ↘️ О 05:00 по вул. Садова 54 сталось пожежа двоповерхового приватного житлового будинку внаслідок падіння фрагментів літака. Площа пожежі уточнюється. Інформація щодо жертв та постраждалих уточнюється. Від ДСНС залучено 15 осіб та 2 од. техніки. pic.twitter.com/7XiyOOuXY8 — DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) February 25, 2022
Зеленски вели дека најмалку 137 украински „херои“ биле убиени по првиот ден од борбите, а 317 биле ранети, додека тој повикува регрути и резервисти низ целата земја. Тој предупредува дека руски „диверзантски групи“ влегле во Киев и дека тој ќе остане во главниот град иако тој и неговото семејство биле главна цел на Кремљ. Најнoвите случувања во конфликтот меѓу Русија и Украина: – Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба ги осуди „ужасните ракетни напади“ кои го потресоа главниот град Киев од раните утрински часови, погодувајќи цивилни области. – Руските сили притискаат длабоко во Украина, преземајќи ја нуклеарната централа во…
Врнежите ќе бидат пообилни во недела, кога ќе дува засилен североисточен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневните температури Времето ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал -6 до 1, а максималната од 11 до 18 степени. Во Скопје, претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 15 степени. Под влијание на нов влажен и студен бран од сабота попладне ќе започнат врнежи од дожд, а на планините и повисоките места од снег, каде ќе се формира…
Советот за безбедност на ОН денеска ќе гласа за нацрт-резолуција со која се осудува Русија за инвазијата врз Украина и бара таа итно и безусловно да се повлече, но тој обид може да биде неуспешен поради правото на Москва да стави вето. Резолуцијата предложена од САД се очекува да биде разгледана од 193-членото Генерално собрание на ОН за неколку дена, изјави вчера висок претставник на американската администрација, кој побарал да остане анонимен. Иако се очекува резолуцијата да биде блокирана во 15-члениот Совет за безбедност, Вашингтон и неговите сојузници сметаат дека ова гласање е шанса да се покаже дека Москва е…
Најмоќните сили во светот гледаат од далеку. Дали вчерашните санкции ја убедија Русија? Слушаме на нашето небо и слушаме во нашата земја дека тоа не е доволно, нагласи Зеленски. Украинскиот претседател Володимир Зеленски утринава изјави дека Русија продолжува со ракетните напади врз Украина, но дека нејзините војници се запрени да напредуваат во повеќето правци. Во телевизиско обраќање, Зеленски рече дека руските напади биле насочени и кон воени и кон цивилни цели. – Целта на овој напад е притисок. Притисок врз вас драги граѓани. Притисок врз целото наше општество. Нагласувам: не само врз властите, туку и врз сите Украинци, рече Зеленски.…
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко изјави дека, планот на Русија за денеска е да се пробие до Киев со тенкови од правец на Иванков и Чернигов. – Најтешкиот ден ќе биде денешниот. Планот на непријателот е да се пробие со колони тенкови од Иванков и Чернигов до Киев, напиша Герашченко на Телеграм. Тој додаде дека бранителите на Киев се подготвени. – Нападите врз Киев со крстосувачки и балистички ракети продолжија, наведе Герашченко преку СМС порака до новинарите.
Градската управа на Киев издаде предупредување за воздушен напад. На 2,8 милиони жители на Киев им е кажано да се упатат кон засолништата од воздушни напади доколку е можно, поради руската инвазија на Украина, јави ДПА. Сирените за воздушен напад претходно денеска пробно се огласија во главниот град. Воената состојба е во сила низ целата земја од 5:30 часот (0230 часот по Гринич) со указ на претседателот Володимир Зеленски, со првичен период од 30 дена. Сирените се слушаат низ цел Киев, јави Си-Ен-Ен.
Украинската полиција денеска соопшти дека Русија од почетокот на денот извршила 203 напади и дека борбите се водат на речиси цела украинска територија. Граничната полиција соопшти дека украинската војска се бори со руските сили во близина на источниот град Суми. Украинскиот министер за одбрана изјави дека некои руски војници биле заробени. Советник на украинскиот претседател претходно изјави дека се водат жестоки судири во регионите Суми, Харков, Херсон, Одеса и на воениот аеродром во близина на Киев.
Шок и разочарување на лицата на официјалните претставници при денешното давање изјави во врска со нападот на Русија врз Украина. Јенс Столтенберг Борис Џонсон Емануел Макрон Жозеп Борел