Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
При извршената контрола се пронајдени уште 1007 растенија канабис и расад со растенијата канабис кои се засадени во надворешна парцела, за која правното лице има добиено само дозвола за проширување, но не и за засадување на растенија од канабис. На 15.07.2022 од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во координација со Комисијата за исполнување на условите за производство на канабис за медицински цели и за одобренија за одгледување на канабис за медицински цели при Министерството за здравство и во заедничка акција со полициски службеници од СВР Охрид-ОВР…
Конечно, македонскиот јазик ќе ечи секаде низ Европа. Вака се сака државата, со мудри и државнички одлуки!, стои во објавата на Фејсбук профилот на премиерот Ковачевски. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски изрази огромна благодарност и честитки до пратениците кои денеска во Собранието ги изгласаа заклучоците за европскиот предлог. ,,Честитки и огромна благодарност до пратениците кои денеска покажаа демократски капацитет, ги поддржаа заклучоците за европскиот предлог и гласаа за европска иднина на државата. Нема поголем патриотизам од поддршката за просперитет на земјата и од одлуки кои се од највисок интерес за државата и граѓаните. Конечно, македонскиот јазик…
Ако беше толку добра работата за Македонија, немаше да ги чува полиција како во Бејрут. Тие мислат дека го завршија предавството, но треба да знаат дека заедно со народот ќе победиме во оваа борба. Ова им е само алиби, а ние ќе го врвиме најдолгиот пат. Но верувајте дека ќе победиме, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес-конференција по звршување на собраниската седница на која беа усвоени предлог-заклучоците за францускиот предлиог, а којашто пред гласањето ја напуштија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на Левица. Ја пренесуваме интегрално прес-конференцијата на Мицкоски: Почитувани претставници на медиумите, Почитувана македонска јавност, Информацијата која што…
Во текот на преговорите за пристапување, се до нивното завршување со склучување на Договор за пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија и по приемот на Република Северна Македонија во полноправно членство во Европската Унија, Владата нема да прифати да разговара за поинакво решение за македонскиот јазик од тоа наведено во Преговарачката рамка. Собранието на Република Северна Македонија, поаѓајќи од стратешките и националните интереси за членство на Република Северна Македонија во Европската Унија, ја задолжува Владата на Република Северна Македонија, да ги продолжи разговорите со Европската Унија со цел да се деблокираат евроинтеграциските процеси и да се усвои Преговарачката…
Потоа да има една меѓувладина конференција за почнување на преговорите со ЕУ , а вградувањето на Бугарите во Уставот да биде на реципрочна основа, односно Бугарија да ги признае правата на Македонците кои живеат во Бугарија, порача Трајанов. На денешната седница на македонскиот Парламент, на која се расправаше за францускиот предлот (Преговарачка рамка), Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз и пратеник, не гласаше за заклучоците предложени од СДСМ и ДУИ. Од говорницата порача да се гласа за заклучоците што тој ги предложи, со кои се задолжува Владата да се заложи во Преговарачката рамка да се вгради став за македонскиот јазик,…
Истовремено се пуштени корегирани, со многу мали измени, на крајот, кај известувањето за Собранието, изјави Митрески за НоваТВ. Во рамки на денешното продолжение на седницата за предлог-заклучоците односно за „црвените линии“ со кои Владата ќе се обврзе до каде може да оди во преговорите со ЕУ или да се повлече од нив, координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ДУИ, Јован Митрески и Арбр Адеми ги повлекле предлог заклучоците и за кусо време, корегирани, им ги вратиле на пратениците. Информацијата за НоваТВ ја потврди координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески. – Истовремено се пуштени корегирани, со многу…
Со 68 гласа „за“ Собранието денеска ги изгласа предлог заклучоците за францускиот предлог поднесени од пратениците Јован Митревски од СДСМ и Арбр Адеми од ДУИ по распаравата за Информацијата за содржината на Предлог-преговарачката рамка за пристапните преговори со Европската Унија, предложена од страна на француското Претседателство со Советот на ЕУ. Никој не гласаше против заклучоците, но пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, и на Левица, кои бараа отфрлање на предлогот, ја напуштија салата пред да почне гласањето. По усвојувањето на предлог-заклучоците, се слушна аплауз, а пратениците од владејачкото мнозинство ги развиорија знамињата на Македонија и на ЕУ . Со овие заклучоци, пред чие…
Во Здравствените домови ширум државата веќе е зголемен бројот на термини за тестирање на пациенти, а само во ЗД Скопје тестирање се врши во пет пункта. Еден ден по состанокот на Комисијата за заразни болести, на којшто не беа донесени нови препораки за заштита на населението од ширењето на ковид-19, од Министерството за здравство предмалку стаса соопштение со кое на граѓаните им се препорачува носење маски при подолг престој во затворени простории, а лицата од ризичните категории да носат маска минимум ФПП2 или Н95 или ФФП3. Во соопштението се вели: – Министерството за здравство и Комисијата за заштита на населението…
Имавме жолчна и многу емотивна дебата, но државата мора да продолжи напред. Граѓаните ни дале доверба не за да се откажеме, туку за да водиме, за да предводиме и да им обезбедиме подобра иднина. Време е да ги собереме впечатоците и да ѝ обезбедиме европска иднина на земјата, порача Османи. Изминавме интензивен период на широки консултации за предлогот на Француското претседателство, веројатно најшироките консултации за било која тема досега. Не беа лесни, ниту едноставни, создадоа и емотивни реакции и прифаќам дека на моменти создадоа нервоза и кај нас, кои сме упатени да не дозволуваме да не совладаат емоциите, објави предмалку…
Собранието денеска трет ден ќе расправа по Информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ, а со задоцнување од 40ина минути, само што почна продолжението на оваа 81 собраниска седница. За дискусија останаа уште тројца пратеници, по што Собранието ќе треба да решава по Информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ. Претходните два дена расправата се одвиваше во многу напната атмосфера, со свирежи од вувузели од страна на опозициските пратеници додека се обраќаат пратеници од СДСМ. Синоќа Костовски и Апасиев почнаа да се туркаат во салата, а за да не дојде до поголем…
Ќе ги поврземе Западот и Истокот и ќе летаме секаде и во регионот само од Белград, рече Вучиќ. Кинеската авиокомпанија Хаинан ерлајнс утрово по четири години ги обнови редовните директни летови на релацијата од Пекинг до Белград, а на слетувањето на првиот авион на аеродромот „Никола Тесла“ присуствуваше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Хаинан ерлајнс ќе лета меѓу главните градови на Кина и Србија засега само во сабота, поради ограничувањата за коронавирусот кои сè уште постојат во Кина. Вучиќ истакна дека Србија е прва во регионот која има директен лет до Кина и…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани на 15.07.2022 до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 и ст.6 од Кривичниот законик, при што запленети се 238 килограми марихуана. Имено, во текот на месец јули 2022 година преку правниот…