Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: НОВА ТВ Balaban
Тие сепак имаат различен пристап при помош на Украина, односно САД испраќаат оружје на Владата во Киев, додека Германија испраќа 5.000 воени шлемови на барање на Украина, задржувајќи ја позицијата да не испраќа оружје во конфликтна зона. Претседателот на САД Џо Бајден и германскиот канцелар Олаф Шолц денес имаа разговор во Белата куќа за напорите за одвраќање на можна руска инвазија на Украина, пренесе Гласот на Америка. На заедничка прес-конференција по средбата, Бајден, меѓудругото, рече и дека двајцата лидери ја потврдиле „нашата заложба да ја завршиме работата со интеграцијата на Западниот Балкан во европските институции“. На почетокот на нивниот разговор,…
„Состојбата со пандемијата во детските градинки е стабилна, за тоа потврдуваат и податоците кои ги добиваме на дневно ниво, како и пресекот на неделна основа. Во последната недела евидентирани се 75 вработени лица и 24 деца позитивни на Ковид-19, на ниво на држава,“ информираше министерката Тренчевска во интервјуто за ТВ 24. Според Тренчевска, протоколите за заштита од пандемијата во градинките се почитуваат. Раниот детски развој е во фокусот и Владата и на Министерството за труд и социјална политика. Во таа насока рече Тренчевска, Владата од 2017 година до сега, отвори 61 нова градинка. До крајот на мандатот ќе бидат…
Вчеравечер (6 февруари) во 23 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека околу 21 часот и 30 минути машко лице од спортска обложувалница на улица „Маршал Тито“ во Тетово со закана кон вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Декларацијата што ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев е политичко подметнување од страна на оваа партија со цел да се продлабочат поделбите во македонскиот народ и оди на штета токму на неговиот лик и дело, смета СДСМ. Владејачката партија бара, ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече Декларацијата и, како што велат, ако навистина сакаат да ја видат Северна Македонија во ЕУ да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес. Претходно, ВМРО-ДПМНЕ ја повика СДСМ да ја поддржи Декларацијата со која во 8 точки се афирмира заложбата за заштита на ликот…
Притоа се констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна документација. Исконтролирани се 719 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 212 локации, во рамки на оперативната акција започната изминатата недела од страна на МВР, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, особено помеѓу учениците во училиштата и во јавниот превоз, како и почитување и доследно спроведување на законите, на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи. Притоа се констатирани 44 кривични дела по член 284-а за вршење на јавен превоз без соодветна…
Системите на МОН се соодветно заштитени. Остануваме во постојана координација и продолжуваме да работиме со сите релевантни институции и органи кои работат во областа на компјутерскиот криминал и конфликти, а во насока на подигнување на безбедноста на електронските системи на уште повисоко ниво Веста која е објавена на социјалните мрежи и која брзо се прошири, не е точна. Видеоснимките од безбедносни камери кои се прикажуваат не се од простории на министерството, соопшти Министерството за образование и наука откако на социјалните мрежи се појавија информации дека грчка хакерска група го пробила компјутерскиот систем на МОН и ја презело контролата врз надгледните…
Официјално, се уште не се знае дали дрогата ја консумирале додека биле на служба или надвор од касарната, како ја набавувале и во колкави количини. Кај осум хрватски војници е откриено присуство на метаболити на лекови, јавуваат медиумите во оваа земја. Од Министерството за одбрана велат дека против седуммина е поднесена дисциплинска постапка, додека еден припадник на армијата со медицинска документација потврдил присуство на метаболити на лекови во организмот и против него не е поведена постапка. Најголем дел од припадниците се од хрватската армија. Официјално, се уште не се знае дали дрогата ја консумирале додека биле на служба или надвор…
Тој го искористил невниманието на оштетената и моментот во движење кога ги ставала своите купени производи во кеса, се движел до неа и се доближил, па со протнување на раката во левиот џеб на јакната, го зел паричникот. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 53-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил две кривични дела – Тешка Кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик. Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што очигледно укажуваат на опасност…
Се срамам. Минатата недела бев испрашуван за извештаите во врска со моето однесување. За жал, не сфатив дека ја поминав границата, но последниве денови разбрав сé, Овермарс Марк Овермарс се повлече од функцијата спортски директор на Ајакс. Причина за раскинувањето на договорот со 48-годишниот менаџер е низата непримерни пораки кои тој, на подолг временски период, им ги испраќал на неколку колешки. – Се срамам. Минатата недела бев испрашуван за извештаите во врска со моето однесување. За жал, не сфатив дека ја поминав границата, но последниве денови разбрав сé. Одеднаш почувствував огромен притисок. Жал ми е. Секако, за човек на моја…
Во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на туристичка агенција, кој сообраќал на релација Скопје-Копер, Р.Словенија, осомничениот во горниот багажен дел од автобусот, во најлонска кеса, пренесувал вкупно 1.091 грама хероин. Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен жител на скопското село Никиштане, осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 2 февруари, на излез од државата на граничниот премин Табановце, тој неовластено заради продажба држел и пренесувал наркотична дрога – хероин. Во автобус со скопски регистарски…
Со прекинато водоснабдување вечерва од 21:00 часот ќе бидат корисниците на дел од населба Ченто, информираа од ЈП Водовод и канализација-Скопје. Прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект ф250мм на ул.Сава Михајлов крак 10 бр.2а и ќе трае до санирање на дефектот.
Покрај тензичната ситуација во Европа, НАТО сега се соочува со задача да најде и наследник на генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој треба да ја напушти функцијата и да застане на чело на Норвешката централна банка, соопшти денеска норвешкото Министерство за финансии, пренесе ДПА. Столтенберг е генерален секретар на НАТО од 2014 година, а неговиот сегашен мандат истекува во септември. Тој претходно беше норвешки премиер од 2005 до 2013 година. Кандидатурата на Столтенберг за функцијата гувернер на Централната банка ја следеа контроверзи во Норвешка, делумно поради неговото блиско пријателство со актуелниот норвешки премиер Јонас Гар Стохре, колега социјалдемократ, додава ДПА. Ида…